Заштитната пеаница Шри Гурудев Дата го претставува Името на Божествето Дата, еден од принципите на Бога. Една од неговите функции во Универзумот е да ги олесни непријатностите што ги предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци. Бог ја спроведува својата мисија во Универзумот преку три основни принципи на создавање, одржување и уништување. Моќта на Богот Дата е добиена со комбинација од трите основни Божествени Принципи те. создавање 10%, одржување 80% и уништување 10%. Неговата манифестирана Божествена енергија е 10%, додека 90% од Неговата Божествена енергија е не-манифестирана.
Сфаќањето дека преминатите предци можат да ни создаваат проблеми во животот многу ни е чудно. Меѓутоа, луѓето од разни култури и религии имаат почувствувано огромно подобрување во своите животи повторувајќи го светото Име на Богот Дата, ’Шри Гурудев Дата’.