Ова е запис од интервјуто со г-ѓа Ручи, која што во минатите четири години имаше попречувања во вид на парализа за време на спиењето. За да дознаете повеќе детали зошто оваа појава се случува, ве молиме да го прочитате написот – Парализа за време на спиењето (во сонот)
Ручи, 25, е микробиолог од Мелбурн, Австралија. Имаше парализи во сонот во текот на претходните четири години. Во продолжение следува записот од интервјуто кое што го направивме со неа.
Прашање: Ручи, кажете ни, кога започнаа попречувањата во вид на парализа во сонот?
Ручи: Не се сеќавам на точниот датум, мислам дека тоа беше во март 2002. година. Добро се сеќавам кога тоа ми се случи прв пат. Само што завршив со готвењето, прилегнав на каучот во дневната соба, малку да дремнам. Во тоа време живев со родителите во Велика Британија. Тоа беше грозоморно искуство, затоа што бев целосно свесна, но не можев да се помрднам, колку и да се трудев. Иако татко ми беше покрај мене и гледаше телевизија, не можев да го повикам да ми помогне. Подоцна разбрав дека тој мислел дека спијам, затоа што очите ми беа затворени. Почувствував како крвта брзо ми циркулира и слушав некој звук на зуење . Мислев дека имам срцев удар.
Прашање: Колку време траеше ова?
Ручи: Околу еден час.
Прашање: Ручи, дали за ова што ти се случи, имаше некакво прифатливо објаснување, за тоа што ја предизвика оваа состојба. Дали користеше некои лекови, дали беше во депресија или под стрес и дали порано си имала можност да слушнеш слични звуци?
Ручи: Не. Јас сум лице кое што работи се по правила. Не можам да најдам ниту една причина поради која би имала такво искуство.
Прашање: Дали таквата состојба се повтори?
Ручи: Да, околу шест до седум пати, во период од две години, се додека не стапив во брак 2004. година.
Прашање: Дали некому му кажавте за ова?
Ручи: Не, мислев дека луѓето ќе помислат дека сум луда.
Прашање: Дали после стапувањето во брак се намалија нарушувањата?
Ручи: Не, туку се случи спротивното, интензитетот на оваа појава се зголеми, откако стапив во брак и се вдомив во Бризбејн, Австралија. Всушност, едно попладне сопругот нешто работеше со својот пријател во другата соба, додека јас се одмарав во спалната соба. Пак се случи и траеше три часа. Не можев да викам за помош, иако бев во соседната соба.
Во текот на минатата година се зголемија и интензитетот и зачестеноста. Почна да ми се случува секој втор ден. За време на секој напад на парализа, чувствував притисок на телото. Воглавном притисокот беше ограничен на пределот на градите и грлото. Понекогаш притисокот на градите ескалираше и доаѓаше до гушење. За време на попречувањата чувствував тешкотии во дишењето и чувствував дека се гушам. Попречувањата траеа од неколку минути до 3-4 часа во некои случаи. Многу често беа проследени со непријатен мирис.
Друга карактеристика беше што, нападите вообичаено се јавуваа за време на полна и млада Месечина.
Прашање: Причината за зачестените напади за време на полната Месечина е во тоа што тогаш духовите се најактивни.
Ручи: Сфаќам. Моите ноќни соништа беа испрекинати и одев на работа уморна. Постојано ми се спиеше, а сепак се плашев да спијам. Во последно време можам да го почувствувам присуството на некој, пред да се случи нападот.
Прашање: Како излегувате од таа состојба?.
Ручи: Не можам да направам нешто посебно додека сум во парализа. Се обидувам да го повикам сопругот во помош. Понекогаш промрломам по нешто за да обратам внимение за мојата состојба. Тогаш сопругот ме протресува и во тој момент се ослободувам од парализата. Во други ситуации едноставно чекам додека не бидам ослободена од таа состојба.
Мојот сопруг е трагач по Вистината кој што практикува Духовност под водство на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Тој ме советуваше да применам духовни мерки за да се спротивставам на парализата и рече дека секоја ситуација е последица на напад од дух. Во почетокот не верував во тоа и само привремено ги применував духовните мерки. Подоцна, како што нападите се намалија, почнав сериозно да применувам духовно превентивни мерки.
Прашање: Кои превентивни духовни мерки ги користевте и дали ви помогнаа?
Ручи: Применував цел сет на превентивни духовни мерки.
- Третман со солена вода два пати дневно: Ова го вклучува ставање на стапалата во солена вода обогатена со еден прстофат Свет пепел (Вибути), заедно со пеење на Божјто Име и со молитва Светата вода ја извлече црната енергија која што ме обвиваше.
- Прскање Света вода (Тирта) околу креветот со молитва околу мене да се создаде заштитна обвивка пред спиењето.
- Палење миризливи стапчиња со мирис на сандаловина.
- Молитва за заштита во текот на цел ден.
-
Božanstvo Ganeš ... energije = Божеството Ганеш е Божји аспект. Една од Неговите функции е да ги отстранува духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)
Одење (кружење) околу склуптурата на Божеството Ганеш најмалку 21 пат.
- Пеење на Името на моето семејно Божество
- Пеење на Името на Божеството Дата за заштита од проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци.
Бидејќи порано не ги користев овој вид на мерки, во почетокот бев помалку скептична. Меѓутоа нападите беа толку силни, што бев спремна да направам се само да се ослободам од нив. Кога почнав да ги применувам овие мерки, нападите почнаа да се намалуваат, мојата вера се зголеми и почнав да ги применувам по сериозно.
Ми се чини дека со примената на овие превентивни мерки, околу себе ја зајакнувам заштитната обвивка. Кога не ги користам овие мерки, веројатноста да ми се повтори парализата во сонот е поголема.
Прашање: Слушнав дека Неговата Светост Др. Атавле неодамна ви даде еден совет.
Ручи: Да, ми рече да правам ’нијас’. Треба да ги скупчам прстите на градите и да го пеам Божјото Име ’Шри Гурудев Дата’ што можам повеќе. Ова требаше да го правам заедно со другите превентивни мерки кои што ги спомнав претходно. (’Шри Гурудев Дата’ е пеаница за заштита од проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци).
Веднаш го применив овој совет што имаше непосреден ефект. Веќе три недели како немав парализа во сонот. Еднаш или двапати во текот на тие три недили се појави краткотрајно на неколку минути. После долго време можам добро да се наспијам.
Прашање: Дали сакате да додадете уште нешто?
Ручи: Чувствувам дека оваа искуство ми донесе нешто позитивно. Ментално сум многу посилна, затоа што знам дека ми е даден начин да се борам со проблемите. Го сватиф и значењето на редовната духовна пракса и потребата духовно да се заштитам.
Ве молиме кликнете на следниов документ, да го чуете сведоштвото на Ручи.