MKD_Guruprasad

Накратко: Г-дин Гурупрасад Бапат не можеше да пронајде никакво медицинско решение за надминување на неговата состојба т.е. опсесивно-компулсивно нарушување. Откатко тој почна да го надополнува медицинското лечење со духовни решенија, тој забележал значителни подобрувања и сега е во можност да води секојдневен живот со позитивен став. Ова е неговата анализа на случајот, раскажана со негови зборови.

SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

1. Вовед

Моето име е Гурупрасад Бапат и јас сум од Белгаум, град во Карнатака, во Јужна Индија. Работев како инструктор за компјутери во НЛЛТ институтот, кој подучува компјутерски науки. Имам 31 година и обавувам духовна пракса според советите на SSRF, од 2006-та година. Во моментот обавувам духовна пракса како животно определување во SSRF истражувачкиот центар. Пред да почнам да обавувам духовна пракса, се соочив со многу проблеми кои по природа беа психолошки и физички. Подобрувањето започна дури откако започнав да обавувам духовна пракса. Еден од проблемите со кои се соочував беше опсесивно-компулсивно нарушување.

Опсесивно-компулсивно нарушување е анксиозно растројство при кое луѓето имаат несакани и мисли коишто постојано се повторуваат, чувства, идеи, сензации (опсесии) или однесувања кои ги тераат нешто да направат (пориви). [Реф: А.Д.А.М. Медицинска енциклопедија].

2. Како опсесивно-компулисвното нарушување влијаеше на мојот секојдневен живот

После било какво обавување на некоја активност, имав сомневање дали тоа што го работев го спроведов добро или не. Мојот ум не беше задоволен, па истата работа ќе ја работев повторно. На пример, повеќе пати ќе ја затварав славината како би се осигурил дека водата нема веќе да тече.

Истото се случуваше и со другите активности. На пример, кога ќе заминев од одредено место, имав сомневања дали ги зедов со мене сите свои ствари. Иако ништо не оставав зад себе, повеќе пати ќе се вратев на истото место за да проверам повторно. Или, откако ќе ги сменев чаршафот на креветот, имав чувство како да не е доволно оптегнат, па ќе тргнев пак од почеток со местам.

Како резултат на сето ова, мојата самодоверба опадна, бидејќи знаев дека другите луѓе така не се однесуваат. Медицинските третмани кои со години ги применував, не ми помогнаа и кога сето ова почна да се случува после секоја активност, мојата состојба се влоши уште повеќе.

3. Пресвртната точка кога духовните мерки стануваат решение за опсесивно-компулсивното нарушување

Во моментот кога осеќав дека веќе нема каде да се обратам, стапив во контакт со Др. Аша Такар, трагателка по вистината на SSRF, која по професија е психијатар. Таа ме советуваше да започнам духовна пракса и да ја надополнам секоја активност со напори да ја зголемам мојата духовна емоција (Бав). Се обидував да научам да при самата прилика кога се молев, го довикувам Бога за помош, и да ја одржам духовната емоција дека Самиот Бог ја обавував секоја активност преку мене. Имајќи го ова на ум, повеќе немав сомневања дали некоја активност добро ја спроведов или не, бидејќи Бог никогаш не греши. Повторното обавување на активностите, повеќе не беше потребно.

Друга придобивка која забележав е износот на заштедено време, бидејќи веќе не беше потребно да ја обавувам истата активност повторно. Она што не можев да го остварам дваесет години, успеав да го направам само за неколку дена. Од тој ден па натаму, ментално го повикувам Бога да обавува се преку мене и сум исполнет со чувство на внатрешна среќа.

Забелешка на уредникот: Во случајот на Гурупрасад т.е. опсесивно-компулсивното нарушување, главната причина беше 10% физичка, 20% психолошка и 70% духовна. Бидејќу духовната причина може успешно да биде надмината само со духовно решение, духовната пракса најбрзо даде резултати кои не можеа да бидат постигнати со конвенционалната медицина во период од 20 години.

4. Опсесивно-компулсивно нарушување – духовна перспектива

Се сеќавам дека во 2006-та година, Н.С. Др. Атавле се сретна со неколку трагачи во врска со нивната духовна пракса. Една трагателка раскажа дека поради опсесивно-компулсивно нарушување таа доживеала сериозно попречување на ментално ниво. Трагателката имала чувство дека, што другите трагачи не се соочуваат со оваа препрека, нејзиниот духовен напредок нема да се случи како нивниот. Поради ова, таа беше во состојба на депресија.

Н.С. Др. Атавле и рекол,”Можеш да го искористиш ова психолошко нарушување за да придобие твојата духовна пракса. Ако секогаш кога ќе имаш опсесивни мисли се сетиш на Бога, можеш многу да придобиеш и тоа ќе биде многу добро за твојата духовна пракса. На овој начин, ќе имаш позитивен став кон својата духовна пракса”.

Овие зборови кои тогаш Тој ги подели со неа, останаа со мене сите овие години и многу ми помогнаа. Благодарение само на започнатата духовна пракса и вложувањето труд да се зголеми мојата духовна емоција, за мене беше возможно да ја контролирам и надминам оваа неизлечлива болест за толку кратко време. Се надевам дека и други кои се во слична ситуација ќе бидат инспирирани да ја започнат својата духовна пракса и пронајдат духовни решенија за нивните проблеми. Изразувам неизмерна благодарност кон Бога и Н.С. Др. Атавле.