Содржина
- 1. Вовед
- 2. Различни видови на огребатини и посекотини
- 3. Клучни карактеристики на огребатините и посекотините направени од негативните енергии
- 4. Пример на предмет искинат од негативните енергии преку суптилни средства
- 5. Огребатини направени од негативните енергии кои се манифестираат во лице, во споредба со огребатини направени преку суптилни средства
- 6. Како да се заштитиме од негативните ефекти на овие напади
- 7. Дознајте повеќе од нашите анализирани студии на случаи
1. Вовед
Во текот на своите истражувања за духовната димензија, особено во текот на последната деценија, SSRF снимаше и документираше многу случаи на необични феномени, а еден од нив се однесува на посекотини и огребатини кои спонтано се појавуваат. Тие се појавиле на различни предмети кои се поврзани со ширењето на духовноста, или на оние предмети кои им припаѓаат на трагачи поврзани со SSRF.
Промените се појавиле на различни предмети, од облека и весници до слики и фотографии. Во многу од овие случаи, погодените предмети се речиси нови или малку користени, па така беше изненадувачки да се види појавата на огребатини и посекотини на нив, бидејќи не постоеше никаква рационална причина за таквата појава.
По проучувањето на бројни вакви случаеви од различни потекла, по пат на истражување засновано на духовната наука, беше откриено дека овие посекотини и огребатини ги предизвикале негативните енергии од повисоките нивоа, да би ја ширеле својата црна енергија. Црната енергија е духовна енергија која е главно оружје на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)
2. Различни видови на огребатини и посекотини
Во следната презентација од слики, претставуваме неколку примери на различни видови на посекотини и огребатини кои ги направиле негативните енергии од повисоките нивоа.
3. Клучни карактеристики на огребатините и посекотините направени од негативните енергии
3.1 Зошто негативните енергии прават огребатини и посекотини?
Причините зошто негативните енергии од повисоките нивоа предизвикуваат различни изобличувања како дупки, посекотини, огребатини и гребаници, се објаснети во написот Застрашувачки натприродни појави – Вовед
Било каков напад од страна на негативните енергии е воглавном изведен да би се ширела црна енергија, и на тој начин на духовно ниво да се зголеми Тама компонентата во лицето, објектот или атмосферата.
Било кој предмет кој е цел (без посекотини, огребатини и дупки) е способен да функционира на оптимално ниво. Со напаѓање на некој објект, негативните енергии се обидуваат да генерираат вознемирувачки вибрации. Тие се во состојба тоа да го направат многу полесно ако го нарушат интегритетот или целовитоста на предметот. Преку ова, не само што е намалена способноста на предметот да функционира или да ја обавува својата намена, но и лицето кое го користи предметот е изложено на влијание од црната енергија која се емитува од деформитетот.
Преку ваквите напади, негативните енергии се обидуваат да постигнат било што или се од следново:
- Да ги уплашат трагачите и со тоа да ја опструираат нивната духовна пракса, како и да ги запрат во ширењето на духовноста.
- Да создадат црн омотач околу умот и интелектот на трагачите, и со тоа да го намалат нивниот капацитет и/или да ги оддалечат од сатвик активности.
- Да ги попречат позитивните сатвик вибрации и да емитуваат вознемирувачки вибрации.
Интензитетот на нападите се пропорционални со духовната емоција (Бав) на трагачот. Ако духовната емоција на трагачот е висока, тогаш силините негативни енергии – мантрици, напаѓаат по пат на медитација како медиум или по пат на натприродни моќи (сидис), преку неманифестирана енергија.
3.2 Механизмот на нападот
Со цел да создадат огребатини и посекотини само со помош на суптилни средства, негативните енергии од повисоките нивоа го користат Апсолутниот космички елемент – Воздух (Вајутатва), преку своите натприродни моќи.
3.3 Потребна духовна сила
Нападите на обичните предмети воглавном се извршувани од страна на мантриците кој се на пониско духовно ниво, додека предметите кои емитуваат сатвик вибрации (на пример, марамче користено од Светец), ги напаѓаат посупериорните мантрици. Ова е така затоа што за борба со Божествената свесност во сатвик предмет е потребна повеќе црна енергија.
- Минималната духовна сила на негативната енергија која е способна да направи спонтани огребатини и посекотини каде што целта на нападот е предмет на просечно лице, е силата која ја има негативна енергија од 3-от регион на Пеколот (Патал).
- Минималната духовна сила на негативната енергија која е способна да направи спонтани огребатини и посекотини каде што целта на нападот е Светец или Неговите предмети, е силата која ја има негативна енергија од 4-от регион на Пеколот.
Забелешка: Постојат седум региони на Пеколот, колку е повисок регионот на Пеколот, толку е помоќна е негативната енергија. На пример, негативна енергија од 5-от регион на Пеколот, би била многу помоќна од негативна енергија од 3-от регион на Пеколот. Колку повеќе еден предмет е духовно чист, толку повеќе е потребна енергија за да може да се нападне предметот преку суптилни средства.
3.4 Важноста на положбата или големината на посекотината или огребатината
Целта или намерата на нападот од страна на негативните енергии (наведено во подточка 3.1) има 70% важност во споредба со положбата или големината на посекотината или огребатината во предметот кој е погоден, што има само 30% важност.
3.5 Ефектот на огребатини и посекотини направени од негативните енергии
Кога некој бива нападнат преку огребатини и посекотини, едно лице може да осети попречувања на различни нивоа:
- На физичко ниво: намалени нивоа на енергија, болки во телото, апатија, проблеми при спиењето, вкочанетост, настинки и треска, болка во сетилните органи, прекумерно потење, итн.
- На ментално ниво: конфузија, сомнежи, неможност за јасно размислување, депресија, немир, раздразливост, итн.
- На духовно ниво: Неодстаток на ентузијазам за духовна пракса, чувство/желба да се одложи обавувањето духовна пракса, сомнежи за духовната пракса и покрај многуте позитивни искуство во минатото, итн.
4. Пример на предмет искинат од негативните енергии преку суптилни средства
Во продолжение е даден пример на предмет искинат од негативните енергии преку суптилни средства.
На цртежот заснован на знаењето за духовната димензија е претставен ентитетот (демонот) кој го извршил нападот. Цртежот го нацрта г-ѓа Јоја Вале, трагателка со високо развиено шесто сетило, која има способност да ја согледа/перципира духовна димензија и да ја нацрта.
На фотографијата е прикажано паречето облека кое беше нападнато – со две долги паралелни огребатини направени од страна на ентитетот/демонот кој го извршил нападот и го искинал паречот облека преку суптилни средства. Демонот постапувал по наредбите на помоќна негативна енергија од 4-от регион на Пеколот.
Посебна карактеристика на ова искинато парче облека е тоа што и внатрешната постава е исто така искината. Покрај ова, на десната страна околу јаката се појавила и жолта дамка.
Забелешка: Околу сликата е направена посебна заштитна рамка со цел да се заштити гледачот од негативноста која се емитува од прикажаната негативна енергија.
Кога демонот го изврши нападот на 16-ти Јули 2004-та година, неговото енергетско ниво беше 25%. Во Јануари 2010-та година, неговото енергетско ниво се спуштило на 15%.
Кликнете овде за целосно да го прочитате суптилното отчитување поврзано со нападот на Н.С. Јоја Вале.
5. Огребатини направени од негативните енергии кои се манифестираат во лице, во споредба со огребатини направени преку суптилни средства
Повремено, негативната енергија која опседнала едно лице, ќе се манифестира преку тоа лице. Ова често се случува за време на духовно исцелувачките сесии поради присуството на сатвик стимули. Имало случаи каде таквите негативни ентитети кој се манифестирале, намерно испокинале некој предмет како што е парче од облеката. Енергијата која и е потребна на негативната енергија да влијае на одреден предмет кога се манифестира преку лице е многу помала од онаа енергија која е потребна да се направат огребатини преку суптилни средства.
Во огребатините направени од страна на моќните негативни енергии (мантрици) кога се манифестираат преку трагач, присутни се физички вибрации на лицето кое се манифестирало, како и суптилни вибрации на негативната енергија. Кога негативните енергии ќе направат огребатини преку суптилни средства, во нив се присутни само суптилни вибрации на негативната енергија.
6. Како да се заштитиме од негативните ефекти на овие напади
Најдобриот начин да се заштитиме од напади на негативните енергии е да ја зголемиме духовната пракса во согласност со шесте основни принципи на Духовноста.
Покрај горенаведеното, можеме редовно да применуваме мерки за духовно исцелување како што се палење на миризливи стапчиња, ставање Свет пепел, пиење Света вода, применување на третманот со солена вода, итн. Меѓутоа, придобивките кои ги добиваме од овие мерки ќе зависат исто така и од различни фактори како духовната емоција, духовното ниво на лицето, силата на нападот и други аспекти.