Анализа на случајот – траги од огребатини и дамки на фотографија од Светец

Забелешка: Со цел подобро да ја разберете позадината на оваа анализа на случајот и зошто овие феномени се случуваат особено во SSRF, ве молиме прочитајте – Вовед во застрашувачки натприродни појави.

1. Вовед

Овде претставуваме прилично спектакуларен случај на натприродни траги од огребатини кои изненадно се појавиле на фотографија од Светец, без било каква очигледна причина.

Тие се појавиле во јануари 2006-та година на фотографија од Неговата Светост Бактараѓ Махарѓ, Светец од високо ниво и Гуру (духовен учител и водач) на Неговата Светост Др. Ѓајант Атавле.

 

Како што можете да видите, фотографијата е сериозно оштетена од голем број на огребатини, точки и дамки. По пат на истражување во кое е користено шесто сетило, откривме дека причината за овие деформации е напад од страна на негативна енергија (дух, демон, ѓавол, итн.).

Забелешка на SSRF-истражувачкиот тим: Околу фотографијата на погодениот објект е поставена заштитна рамка, со цел читателите да бидат заштитени од било какви ефекти кои овие погодени објекти ги емитуваат. Црната енергија која се емитува од фотографијата бива уништена од жолтите фреквенции кои се полни со Божествена свесност (Чаитанија), а кои се емитуваат од заштитната рамка која содржи Божествен принцип.

Како резултат на намалените црни фреквенции кои се емитуваат од фотографијата, посматрачот може да се фокусира на позитивните вибрации кои се емитуваат од фотографијата. Овие позитивни вибрации помагаат да се уништи било каква црна обвивка од црна енергија околу умот и интелектот на посматрачот.

2. Суптилно отчитување по пат на развиено шесто сетило

Г-ѓа Јоја Вале е трагателка со развиено шесто сетило. Таа може да види што се случува во духовната димензија и како дел од нејзината духовна пракса, таа го црта она што го гледа, односна прави цртежи на она што го гледа. Во продолжение следи она што таа можела да го согледа по пат на шестото сетило, кога ја замоливме да ја проучи фотографијата која претходно ја прикажавме. Цртежот заснован на знаењето за духовната димензија го провери за точност Н.С. Др. Атавле.

Кликнете овде за да прочитате повеќе детали за карактеристиките на ентитетот кој ја нападнал фотографијата, онака како тоа го видела г-ѓа Јоја Вале.

Како што може да се види од цртежот заснован на знаењето за духовната димензија, фотографијата е нападната од страна на негативна енергија (дух, демон, ѓавол, итн.).

Со понатамошно истражување, откривме дека демонот кој ја нападнал фотографијата на Н.С. Бактараѓ Махараѓ, дејствувал по наредба на помоќна негативна енергија (мантрик) од 5-от регион на Пеколот.

3. Божествено знаење за нападот

Во продолжение се дадени детали за овој напад, онака како го видела друга SSRF трагателка, г-ѓа Анѓели Гадгил, која добива Божествено знаење. Таа беше во можност да види како изгледа процесот на уништување користен од страна на силната негативна енергија којашто го изведе нападот.

Црна енергија: Примарното оружје што го користат негативните енергии е црната енергија, односно духовна енергија која што има моќ да манипулира со секој процес во регионот на Земјата. Обемот на овие манипулации зависи од силата на нападите од негативните енергии (духовите, демоните, ѓаволите, итн.).
2-MKD Anjalee

Моќната негативна енергија створила обвивка од огребатини на фотографијата со концентрирање на мислите и со користење на силата на волјата. Кога процесот на размислување на негативната енергија се зголемил, негативните фреквенции се консолидирале и се манифестирале на саканата локација. Бидејќи моќната негативна енергија може многу брзо да проектира мисли, во состојба е за многу кратко време да предизвика попречувања.

Преку консолидирање на црната енергија која излегува од многуте огребатини, се створиле точки со темна боја. Покрај тоа, со користење на духовна сила, направени се и неколку воденести и проѕирни дамки кои можат да делуваат на трагачите, а тие воопшто да не знаат за тоа.

Меѓутоа, и покрај тоа што мантрикот ослободуваше негативна енергија на фотографијата, фреквенциите на Божествена свесност кои излегуваат од фотографијата се судрија со менталната обвивка на мантрикот. Ова ги уништило раѓа-тама честичките на мантрикот и ја намали брзината на црната енергија.

Кога тој ја уништил фотографијата во јануари 2006-та година, демонот имал 30% енергија. До 2010-та година, неговата енергија се намалила на 25%, кога тој се уште активно му нанесуваше штета на општеството.

4. Ефективноста на нападот

Следнава табела дава информации за ефектот на нападот од страна на негативните енергии. Вкупната ефективност на црната енергија за време на нападот била 20%.

Забелешка: Ве молиме кликнете овде за детално објаснување на вкупниот потенцијален ефект на нападите од негативните енергии.

На кого Штетен ефект во % Каков ефект
На Неговата Светост Др. Атавле 5% Кожата на дланките и стапалата на Н.С. Др. Атавле се олупила од топлината створена од вибрациите на консолидирана црна енергија
На Животната средина 15% Во атмосферата се створиле вознемирувачки витли на звук. Овој тип на суптилен звук го зголемува немирот и лицето се осеќа како да е турнато или привлечено.
На посматрачот 15% Преку способноста на моќната негативна енергија да се концентрира на мислите се ствараат вознемирувачки фреквенции. Овие фреквенции ствараат вознемирувачки воздушни бранови. Кога посматрачот ќе и се приближи на фотографијата, околу неговиот ум и интелект со ствара црна обвивка и тој не е во можност да размислува.