Одвикнување од алкохолот со духовни мерки

SSRF ги објавува овие написи со намера да им помогне на љубопитните читатели во решавањето на проблемите кои се манифестираат на физичко и психолошко ниво, а причините можат да бидат духовни. Кога причината за проблемот е од духовна природа, забележавме дека со духовно исцелување се постигнуваат најдобри резултати. SSRF советува во лекувањето на физичките и психичките болести, со духовното исцелување да се продолжи и со конвенционалното лекување. На читателите им се советува да започнат со било која форма на духовно исцелување според сопствената дискреција и на своја одговорност.

Накратко:

Господинот Никама 15 години бил зависник од алкохол. Освен влијанието на сите подрачја во неговиот приватен живот, во конзервативното општество во кое што живеал бил и друштвено жигосан. Пробал да се одвикнува повеќе пати, но без успех. Ви го претставуваме оваа искуство со кое г. Никама се одвикнал од алкохолот, и кој со свои зборови опишал како успеал да го надмине овој проблем со помош на духовната пракса.

1. Средба со духовната пракса

Во март 1999. година двајца трагачи од Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) пристигнаа во нашето место за да одржат предавање за духовната наука. Присуствував на тоа предавање. Ја објасниа науката за Духовноста во кратки црти. Исто така ни го објасниа влијанието на Духовноста во разните аспекти од нашиот секојдневен живот, како да се започне со духовна пракса, па научно објасниа како специфичните духовни лекови можат да помогнат во надминувањето на разните несовладливи проблеми во животот.

На пример, ја наведоа зависноста која е предизвикана од духовни причини, како што е опседнатоста од духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.) како и механизмот на делување на одредени духовни мерки. Не повикаа да присуствуваме на јавното предавање кое ќе го одржи Неговата Светост Др. Атавле, на 4. април 1999. година.

На пример, ја наведоа зависноста која е предизвикана од духовни причини, како што е опседнатоста од духовите – негативните енергии како и механизмот на делување на одредени духовни мерки. Не повикаа да присуствуваме на јавното предавање кое ќе го одржи Неговата Светост Др. Атавле, на 4. април 1999. година.

За време на предавањето, доживеав посебно суптилно искуство кое до тогаш ниту приближно не сум го доживеал на некое предавање. Чувствував дека можам да го надминам својот проблем со пиењето со помош на оваа ново знаење и применувајќи ја науката за Духовноста за која беше зборувано. Чувствував потреба лично да ги запознам, затоа на крајот им пријдов и се претставив. Нивниот став полн со љубов и начинот на кој разговараа ме доведе до солзи, па чувствував како да ги познавам веќе подолго време. Им го открив својот проблем и начините на кои пробав да го решам.

Ми советуваа:

2. Вложен труд на г. Никама и настанатите промени

Веднаш почнав со пеење на Името на семејното Божество и учествував во подготовките за јавното предавање на Неговата Светост Др. Атавле. После неколку дена, полека почнав да чувствувам промени. Немирот и тешкотиите се намалиа, почнав подобро да ги извршувам своите задачи на работата и да уживам во нив. Пред тоа се чувствував многу стресно кога ги вршев сите должности на работата, а сега успевав да ги исполнам сите рокови и уште ми остануваше време, енергија и ентузијазам за подготовките за јавното предавање. Со нетрпение ја очекував вечерта кога до доцна во ноќта со останатите трагачи од SSRF ја вршевме подготовката за предавањето. Потребата за алкохол за да го издржам денот се намали. Во месец и половина, односно пред предавањето на 4. април, мојата 15-годишна навика за пиење алкохол исчезна. Од тогаш, последните шест години сум постојано трезен.

3. Духовна перспектива за настанатите промени кај г. Никама

3.1 Духовни причини за проблемите

Според духовната наука, духовната причина за секоја тешкотија или болест е двојна:

  1. Воопшто земено, причината е зголемената Тама компонента со напоредно намалување на Сатва компонентата. (Ве молиме прочитајте повеќе за трите основни суптилни компоненти).
  2. Ако погледнеме поконкретно, причината може да биде од влијание на некоја негативна енергија.

Секој обид да се победи зависноста, дали таа е настаната од опседнување на суптилните тела на предците или опседнување од духови – негативни енергии, не може да обезбеди потполн и траен успех без вклучување на некој одреден духовен труд. Тоа објаснува зошто сите поранешни обиди на г. Никама во одвикнувањето од пиењето доживеале неуспех.

3.2 Како духовните мерки помогнале во случајот на г. Никама?

3.2А Пеење на Божјото Име

  • На психолошко ниво: Со повторување на Божјото Име, се создава „Центар на Богољубие“ во потсвесниот ум. Потоа овој центар се бори со мислите кои ја исполнуваат зависноста познато како „Метода на свртување“.

Прочитајте го написот: Како се одвива пеењето на Божјото Име – метода на свртување.

  • На духовно ниво: Според духовните принципи, Божјото Име, допирот, формата, вкусот, мирисот, како и придружната Божествена енергија делуваат заедно. Затоа, додека го пееме Божјото Име ние добиваме божествена енергија, со зголемена Сатва (чистота и знаење) компонента во нас, што исто така ни дава духовна сила за борбата против зависностите. Божествената енергија делува како посебен лек и се бори со негативните енергии, со што ја уништува и намалува Тама компонентата.

Прочитајте го написот: Механизмот на пеењето како духовна мерка.

3.2Б Молитва

Со пеењето добиваме Божествена енергија од Бога. Со молитвата ја одредуваме насоката на протокот на таа енергија. Молитвата исто така ни помага во борбата со негативните енергии.

Прочитајте го написот: Механизмот на молитвата како духовна мерка.

3.2Ц Друштво на Вистината (Сатсанг)

Престојот во друштвото на трагачи по Вистината донесува зголемување на Сатва компонентата во околината и поради тоа имаме придобивки. Тоа е затоа што самите трагачи, нивната комуникација и активностите кои ги вршат се повеќе Сатвик од лицата кои не се трагачи.

Прочитајте го написот: Друштво на Вистината (Сатсанг).

3.2Д Служење на Апсолутната Вистина (Сатсева)

Од служењето на Вистината имаме највеќе придобивки, затоа што по пат на служењето Сатва компонентата највеќе се зголемува.

Прочитајте го написот: Служење на Вистината (Сатсева).

3.3 Што уште може да се стори за одвикнување од алкохолот?

  • Отстранување на недостатоците на личноста: Нашите лични недостатоци (маани), како што се бесот, алчноста итн. се како отворени рани во нашиот ум. Тоа се слабости кои што духовите ги користат како влезни точки преку кои лесно не опседнуваат.

Прочитајте го написот: Отстранување на недостатоците на карактерот.

  • Отстранување на егото – делува слично како личните недостатоци.

Прочитајте го написот за: Егото.