Механизмот на делување на одлуките ќе го илустрираме со следниот пример:
Да претпоставиме дека енергијата на умот има 100 единици. Нашиот ум е преплавен со мисли во текот на целиот ден. Мислите се простираат на многу сфери од нашиот живот. На пример, можеме да имаме мисли за одреден настан во канцеларијата или семејството, или за тоа што планираме да правиме за викендот т.е. мислите како што се: морам да одам до канцеларијата, морам да ја завршам таа и таа работа, или морам да се најдам со тоа и тоа лице. За секоја мисла и нејзиното исполнување, се потроши одредена количина на енергија од оние 100 единици. Со оглед дека во текот на денот имаме многу мисли, така да, потрошиме голема количина на енергија.
Кога лицето започне духовна пракса, импресија за неа се формира во потсвесниот ум. Ве молиме да ги прочитате следниве написи, за да поблиску се запознаете со тоа:
Со зголемување на духовната пракса, оваа импресија се зајакнува и со помош на методата на пренасочување, непотребните и непожелните мисли автоматски се намалуваат. Тоа понатаму ја зајакнува духовната пракса, и тогаш лицето почнува да доживува духовни искуства дека Бог се грижи за неговиот живот. Така и анксиозноста и чувството дека ’јас работам’ врзано за случувањата во нашиот живот, почнуваат пропорционално да се намалуваат. Намалувањето на чувството дека во животот се ’јас работам’ е поврзано со спознанието дека Бог е тој кој прави се да случи, или се грижи за се во нашите животи како што ние го интензивираме нашето служење и жртвување Нему.
На повисоко духовно ниво т.е. преку 70%, лицето оди кон состојба без мисли. Во состојбата без мисли, ако лицето добие една мисла како што е ’нека се овој настан случи’, сите 100 единици на енергија се насочуваат кон таа мисла и одлука, и таа така се реализира. Ако таа мисла е за Апсолутната Вистина (Сат), тогаш не доаѓа до потрошување на духовната енергија стекната со духовна пракса. Самиот Бог ја исполнува таа мисија, затоа што тоа е Неговата мисија т.е. ширење на Апсолутната вистина.