1_MKD_M---hairstyles

Со цел подобро да ја разберете оваа серија написи за духовно истражување на косата, ви препорачуваме да се запознаете со следниве написи:

  1. Сатва, Раѓа, Тама – трите основни суптилни компоненти на Универзумот
  2. Водич за сатвик живеење – вовед (Духовноста во секојдневниот живот)

1. Вовед во духовно истражување за нега на косата

Фризурата доста често се смета како еден од поважните аспекти на неговиот или нејзиниот изглед. Луѓето вложуваат многу време во нега на косата и начинот на кој тие ќе ја обликуваат косата за тој ден. Во Фондацијата за истражување заснована на духовната наука, преку духовно истражување откривме дека начинот на кој ние се грижиме за нашата коса и нашиот стил на обликување, влијае врз нас  на духовно ниво. Во оваа серија написи, со вас ќе споделиме некои од позначајните наоди.

2. Истражување засновано на духовната наука за коса

Нашите наоди преку духовно истражување покажаа дека, од духовна перспектива косата е корисна за нас и со соодветна грижа и третман можеме да ги избегнеме нејзините потенцијални штетни аспекти.

2.1 Духовни придобивки од косата

Ова се случува на два начини:

1. Заштита од шуплини

Eyelashes1Во телото постојат шуплини како што се очната шуплина, устата и носниот премин. Овие шуплини воглавном се составени од Апсолутниот Космички Принцип Воздух (Вају-татва).

Бидејќите негативните енергии и духовите од духовната димензија, исто така, воглавном се составени од Апсолутниот Космички Принцип Воздух, па поради тоа им е полесно да ги напаѓаат баш овие шуплини. Косата помага во ставарање на заштитна обвика околу овие шуплини, а со тоа и обезбедува препрека за овие суптилни напади. На пример:

  • Веѓите и трепките ја штитат очната шуплина
  • Носните влакна помагаат да се заштити внатрешната носна шуплина и носната преграда.

 2. Регулирање на суптилна топлина

Hair-on-hand1Температурите во шуплните можат многу лесно да бидат под влијание на надворешната средина. Ова може да влијае на равнотежата на клетките во тие шуплини. Косата помага да се регулира температурата во шуплините на телото, кои за возврат им помагаат на органите да работат.

На суптилно ниво, исто така, вишокот на топлина создадена во телото на лицето се испушта во животната средина преку косата. Оваа вишок топлина може да настане како последица на физичко, ментално или духовно нарушување.

2.2 Зошто косата може да биде духовно неповолна за нас

haircare-negativityКосата, исто така, може да биде духовно неповолна за нас. Ова е затоа што, во косата и ноктите преовладува повеќе Раѓа-Тама компонентата, отколку во остатокот од нашето тело. Како резултат на ова, духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) во кои, исто така, преовладува Раѓа-Тама компонентата, полесно им е да влијаат врз нас преку нашата коса. Ова значи дека, начинот на кој ние постапуваме и се грижиме за нашата коса, или додава на тоа негативните енергии да влијаат врз нас или може да го минимизира ризикот да не влијаата врз нас (да не бидеме нападнати) од духовната димензија.

Бидејќи нашата коса е поврзана со нашата енергија, исто така, може да биде искористена за наша штета, во обреди на црна магија, Вуду, итн.

3. Нега на косата и фризури – практични аспекти

Во делот што следува, ќе дадеме неколку корисни совети за нега на коса, добиени од духовното истражување. За некои од овие совети по-опширно ќе говориме во други написи.

3.1 Врвовите на косата и последиците од шишањето кај жените

Hairtips1Овој дел од духовното истражување се однесува на жените. На врвот од влакното постои суптилна шулина. Кај нешишаната коса, оваа шуплина е многу мала. Но, кога ја шишаме нашата коса, оваа шуплина во поголема мера се отвара и негативните енергии ја користат оваа прилика да влезат во косата и да влијаат врз нас. Шишањето на косата ги зголемува Раѓа-Тама вибрациите во косата и во животната средина. Меѓутоа, од духовна перспектива, бидејќи жените и мажите духовно се разликуваат, за жените се препорачува да не ја шишаат косата, а за мажите се препорачува да имаат кратка коса. За подетално да го разберете ова, ве молиме прочитајте го нашиот напис – Духовен ефекет од носењето распуштена коса.

Понекогаш негативни енергии едноставно се закачуваат на косата и при тоа создаваат суптилни центри на црна енергија. Од овие центри тие влијаат на лицето.

3.2 Начин на обликување на косата

perfect-bunНа жените им се препорачува да носат уредно врзана коса во пунџа, наместо носење распуштена коса или во вид на конска опашка. Кога косата уредно е врзана во пунџа, тоа помага да врвовите на косата останат затворени и кога на тој начин е врзана косата помалку е изложена на суптилни напади. Пунџа, како онаа што е прикажана на левата страна, исто така, привлекува Божествена енергија. Ова подетално е објаснето во написот Пунџа и придобивките од таквата фризура.

Наместо носење распуштена коса, исто така, е пожелно да се носи косата во плетенка.

3.3 Нега на коса

spiritual-effect-of-shampoo

  • Користење на шампони и други производи кои се хемиски базирани, се духовно штетни за косата. Додека користењето на природни производи помага. Ве молиме погледнете го написот – Духовен ефект од комерцијалните шампони.
  • Најдобро (препорачливо) е да не се мие косата во денови на млада и полна месечина, бидејќи тогаш влијанието на Раѓа-Тама во околината е зголемено. Ова ја зголемува Раѓа-Тамата во косата и може на ментално ниво да влијае врз нас.
  • Фарбањето на косата со бои кои содржат хемикалии, за разлика од природните бои, ја зголемува духовната нечистотија во косата.
  • Трајно виткање на косата доведува до негативни вибрации.
  • Во текот на месечниот циклус кај жените, не се препорачува миење на косата. Во тој период Раѓа-Тама компонентата кај жените се зголемува и како резултат на тоа, може да се зголемат и суптилните нарушувања. Веројатноста е уште поголема, кога косата е влажна. Откако ќе помине овој период, косата може да се измие.

3.4 Промени во косата

Close Up Portrait Of Man Standing Outside In Autumn Landscape

  • Кога човек почне предвремено да старее, тоа може да биде знак или да укажува на некој духовни нарушувања
  • Ако косата нема сјај, тоа исто така, може да биде знак или да укажува на некој духовни нарушувања

 

4. Резиме – Нега на коса и фризури – Духовен ефекет

Постојат многу аспекти на нега на коса кои можат да укажуваат на тоа дека постои влијание (нарушување, попречување) од негативните енергии. Колку повеќе ги разбираме основните духовни принципи, и се грижиме за нашата коса на сатвик начин, толку помалку сме подложни на духовни влијаниа. Редовна духовна пракса, заедно со сатвик начин на живот, е најдобриот начин духовно да се расте и да се води посреќен живот.