SSRF ги објавува овие студии од случајот, со желба на своите читатели да им понуди некои насочувања во однос на проблемите кои се појавуваат на физичко или на психолошко ниво, но ја имаат својата вистинска причина во духовната димензија. Забележавме дека кај проблемите кои имаат духовна причина, вклучувањето на духовни мерки за исцелување донесува најдобри резултати. Кај лечењето на физичките и психолошките заболувања SSRF советува продолжување со конвенционалната медицинска терапија заедно со примена на мерки за духовно исцелување. Читателите можат да применат било која од мерките за духовно исцелување според своето дискреционо право и според своја проценка.

Надминување на зависноста од пушење, пиење алкохол и марихуана со помош на духовна пракса

Резиме: Сириак Вале од Париз, беше зависник од пушење цигари, марихуана и алкохол. Тој ја надмина зависноста од марихуана со силата на својата волја. Сепак, моќта на волјата не беше доволна да престане да пуши цигари и да консумира алкохол. Оваа анализа на случајот, раскажана со негови зборови, објаснува како тој успеал да престане да пуши и пие алкохол, откако почнал да обавува духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.

Cyriaque-thumb11. Зависностите на Сириак

Бев зависник од пушење цигари, марихуана и алкохол.

 

 

1.1 Зависноста од алкохол

Првиот пијалак го испив со пријателите со кои тренирав џудо кога имав осумнаесет години. Бев срамежлив и интровертен, а консумирањето алкохол ми помагаше да се отворам и да зборувам со луѓето. Во просек, пиев по еден литар пиво или околу пет чаши виски, но само за време на викендите, кога обично и излегував. Мојата максимална доза беше околу две до три литри пиво или едно шише вино или половина шише виски. Во почетокот пиев нормално, но после некое време губев контрола, ќе се опијанев и после со денови се чувствував лошо. По природа сум воглавном пристоен и мирен, но кога ќе се напиев пријателите забележуваа промена во моето однесување. Еднаш еден пријател прокоментира “Синоќа како да беше друга личност, како да беше ѓавол”.

1.2 Зависноста од цигари

Цигари почнав да пушам со дваесет и три, дваесет и четири години, во времето кога почнав да се бавам со манекенство во 1994-та година. Пушев околу половина до цела кутија дневно. По една година или две, понекогаш кога ќе излезев, се случуваше да испушам и до две кутии цигари на ден.

Кога пушев, тоа не беше бавно и пополека. Во само четири до пет повлекувања, ќе испушев цела цигара, пушев како оџак. Имав силна желба да престанам со пушењето, бидејќи навистина не се осеќав добро. Осеќав дека пушењето го нарушува моето здравје. Згора на тоа, цигарите беа и доста скапи, но едноставно не можев да престанам.

1.3 Зависноста од марихуана

Исто така, и марихуана почнав да пушам со дваесет и четири години, воглавном со пријателите кои ме прашуваа дали сакам и јас да пробам. Во почетокот пушев по малку, еден џоинт месечно во текот на две години. Потоа со дваесет и шест години, почнав да пушам по еден џоинт секоја вечер за период од шест месеци. Потоа, следните шест месеци пушев како луд, десет џоинти од осум наутро до доцна навечер. Кога немаше да пушам, бев нервозен и тоа ме плашеше. Така, еден ден си помислив “Ова ќе ме убие, морам да престанам”, и со силата на волјата едноставно престанав. Сепак, навиката не ме напушти целосно, продолжив повремено да пушам се до 1998-ма година.

2. Надминување на зависноста од пушење и пиење по започнувањето на духовна пракса

Во февруари 1999-та година, дојдов во контакт со Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), каде што ми беше објаснет концептот за тоа како зависностите се предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Сфатив зошто силата на мојата волја не беше доволна да го победи пушењето и пиењето.

Ме советуваа да ја пеам посебната заштитна пеаница “Шри Гурудев Дата” како би се ослободил од непријатноста предизвикана од суптилните тела на преминатите предци. Со пеењето почнав истиот момент откако ми беше укажано.

По само три дена интензивно пеење, откако запалив цигара, по само еден дим не можев повеќе да пушам и ја изгасив цигарата.

Следните единаесет месеци, воопшто не пушев. Во јануари 2000-та година, повторно почнав да пушам, но само за три недели. Тогаш сфатив дека ова е сигурно поради тоа што некое суптилно тело на преминат предок ја задоволува својата желба за пушење, но овој пат ми беше лесно да престанам, бидејќи го пеев Божјото Име и бев свесен зошто почнав повторно да пушам. Следната година, пушев само две до три цигари во неколку прилики.

Од 2001-ва година, потполно престанав и до ден денес не сум допрел цигара.

Навиката да земам марихуана која се состоеше од понекој џоинт повремено, продолжи околу година дена откако започнав со духовна пракса. Потоа, исчезна сама по себе. До денес, не сум посегнал по џоинт.

Слично и моето пиење, исто така, се намали веднаш откако почнав со пеењето. Пред да започнам со духовна пракса, претходно се опијанував многу често, скоро секој викенд. Откако почнав да ја пеам заштитната пеаница “Шри Гурудев Дата” пиев по малку и тоа само во неколку наврати. Од 2003-та година, потполно престанав да пијам. Со оглед на тоа дека сум Французин, а пиењето вино е национален обичај, денес само во многу ретки прилики пијам половина чаша вино.

Гледам толку многу луѓе кои се обидуваат т.е. се мачат да престанат да пушат, и покрај цврстите намери, ставањето никотински лепенки и земањето таблети, не се во можност да го надминат т.е. не им успева.

Со примена на духовни мерки за исцелување, бев многу брзо излечен и тоа без да потрошам пари на било какви лекови и различни терапии.