За подобро разбирање на овој напис, препорачуваме да ги прочитате следниве написи:
1. Вовед
Чувството на жалење поради направените грешки и вложување на труд да се покаеме, е природно тежнеење на луѓето. Дури и мало дете сфаќа кога погреши и учи да се извини.
Лицето кое што прави грешки или лоши дела прави и гревови. Сите ние секојдневно правиме грешки свесно или несвесно. Во овој напис ќе објасниме што можеме да направиме за да ги отстраниме или намалиме последиците од гревовите.
2. Како да го надминеме гревот?
Ако строго се придржуваме кон Праведноста, со вера и одлучност можно е во целост да го отстраниме дури и најголемиот грев.
Во зависност од нашиот основен темперамент, животната фаза и другите фактори, придржувањето до Праведноста може да вклучи:
- Покајание (на пример за оние кои што го следат Патот на Хатајога, тоа може да биде изложување на телото на некоја непријатност на некое подолго време)
- Контрола на умот, сетилните органи и моторните органи (на пример да зборуваме само онолку колку е потребно, контрола на сексуалните желби, итн.)
- Контрола на телото (на пример брзината на дишење, итн.)
- Жртвување
- Чистота во однесувањето
Ако нашиот труд е насочен кон заштита на Праведноста исто така може да не ослободи од сите гревови.
Меѓутоа, во сегашната ера Калијуга преовладува раѓа-тама животниот стил. Повеќето луѓе не живеат праведен начин на живот.
Вторит начин за поништување на последиците од гревовите е покајанието.
3. Што е покајание?
Покајанието е чувство на каење поради направената грешка или дело и примена на соодветна казна која што сами ќе ја одбереме, за да се очистиме од сторениот грев. Покајанието вклучува каење и одлучност.
Некои придобивки од примената на покајанието:
- Ослободува од чувството на вина која што ја имаме, кога направиме некоја грешка.
- Ослободува од последиците на гревот, така да гревот не се пренесува во наредниот живот. На тој начин ги отстрануваме пречките во световниот живот и духовниот напредок.
- Помага да се развие чувство на задоволство во лицето, како и во оние околу него.
- Кога видиме дека лицето кое што ја направило грешката, поради покајанието за неа, лутината во умот кон оној што е направена грешката се намалува или исчезнува.
4. Видови на покајание
Во зависност од тежината на грешката (гревот), покајаниата можат да бидат различни по тежина.
Од гревовите кои што сме ги направиле несвесно, можеме да се ослободиме со покајние или јавно признавање на гревовите. Од друга страна, посеризни покајаниа се препорачуваат за гревовите кои што сме ги направиле свесно.
Некои примери за покајаниа се:
- Одење на аџилак
- Донација
- Пост
Повеќе детали за поединечни покајаниа за одредени видови на гревови, се достапни во разни Свети текстови.
5. Разлика помеѓу казната и покајанието – важност на покајанието
Разликата помеѓу казната и покајанието е во каењето на лицето кое врши покајание поради направената грешка. Лицето дава ветување дека ќе направи покајние, строго се придржува до ветеното и после тоа станува доблесно.
Од друга страна, признавањето на злосторството или соочувањето со казната, не го спречува лицето да ги повторува истите грешки. Криминалците кои што издржуваат многу казни, најчесто не стануваат ниту најмалку подобри, затоа што не чувствуваат каење, ниту се свесни за страшните последици од своите дела.
Важно е да се напомене дека чувството на каење и јавното признавање на грешките, исто така има ограничувања. Лицето се навикне да греши и да ги раскажува грешките секојдневно.
6. Важност на пеењето и предавањето
Во нашите написи за пеењето, објаснивме како пеењето создава центар на Богољубие во нашиот потсвесен ум и ги пренасочува мислите настанати во него.
Нашата акумулација од заслуги и гревови од минатите животи, исто така се наоѓа во потсвесниот ум. Ито како што сонцето ја уништува маглата и го топи снегот, освен што ги отстранува непотребните мисли од умот, пеењето ги уништува и нашите гревови.
Всушност, кога се пее со посветеност, и самите желби кои што не водат до гревовите на крајот исчезнуваат.
7. Покајнието како дел од процесот на отстранување на недостатоците на личноста
Процесот на отстранување на недостатоците на личноста е составен дел на духовната пракса на Патот на Милоста на Гуруто. Покајанието е една од алатките во тој процес, кој што му помага на трагачот да го намали негативното влијание на личните и колективните грешки.
8. Заклучок – покајанието за надминување на гревовите и духовната пракса
Желбите, омразата, приврзаноста, очекувањата, лутењето, алчноста, егото, љубомората, себичноста, итн. се главните причини кои што водат до гревовите. Воздржување на лицето од правењето гревови, може да биде од корист, само ако се разбираат правилата кои што се однесуваат на правењето на гревовите и нивните последици.
Важно е да се разбере дека казната и покајанието не го отстрануваат коренот на нашите желби за гревовите. Меѓутоа, отстранувањето на недостатоците на личноста и желбите кои што водат до гревовите е можно само со редовно вршење на духовна пракса.