Надминување на депресијата и подобрување на менталното здравје со методите за духовно исцелување и духовна пракса

SSRF ги објавува овие анализи на случаите, со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа, забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување, кај лекувањето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.

1. Опис на случајот

Елизабета е млада жена на 27 години, со успешна кариера во подрачјето за истражување и развој. Целиот живот имала периоди од блага до средно силна депресија и тоа приближно 6 пати во годината. Не знаела да објасни зошто депресиите се јавувале. Во продолжение следува нејзината приказна за депресиите што ги доживувала.

Потекнувам од угледно семејство. Родителите од малечка ме учеа да бидам независна и да не зависам од нив. Секогаш кога учев, ми повторуваа што и да работам, да работам само за себе. Тоа ме научи да бидам одговорна. Резултатот од тоа беа оценките што ги добивав во училиштето, кои секогаш беа натпросечни.“

Почнав да работам уште за време на факултетот и со леснотија успевав да се носам со тие две обврски. Влегов во светот на бизнисот и набргу ми беше понудена постојана работа. Бидејќи финансиски станав независна, бев во можност да се занимавам со она што ме интересираше, како на пример: усовршување на јазикот, необични спортови и патувања. Меѓутоа, иако однадвор давав слика на успешна личност, одвнатре доживував напади на депресија кои што ме погодуваа најмалку 6 пати во годината и секој пат траеа околу 6 недели. Кога со интроспекција пробав да видам зошто ми се случува депресијата, само во некои случаи успевав да ја откријам причината.

Понекогаш случувањата во мојот живот имаа големо влијание врз мене. На пример, за време на школските денови без видлива причина, моите пријатели не зборуваа со мене. Другиот случај беше кога ме остави момчето, што предизвика депресија која траеше повеќе од осум месеци. Еден од нападите на депресија беше последица од моите очекувања, каков требаше да биде мојот шеф на работата. Иако имав се во животот, чувствував дека мојот живот не е целосен, затоа што постојано запаѓав во депресија.“

Тогаш една моја пријателка ме запозна со SSRF (Фондацијата за истражување засновано на духовната наука), под чие водство и самата практикуваше Духовност. Концептите за Духовноста со кои не учеа беа сеопфатни и ме заинтересираа. Така и јас почнав да практикувам духовна пракса, и набрзо во мај 2002. година, со пријателите отпатував во ашрамот на SSRF во Гоа, Индија, за да научам повеќе за Духовноста, без да размислувам дали таму ќе го најдам одговорот за мојата депресија.

2. Духовна дијагноза

Кога Елизабета пристигна во ашрамот, доби можност од Неговата Светост Др. Атавле да ја постави нејзината духовна дијагноза и спроведе третман со духовно исцелување. Подоцна таа го раскажа следното: „За време на поставувањето на дијагнозата и третманот за исцелување во Гоа, дознав дека сум била опседната со дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.), кој почна видливо да се манифестира за време на третманот. Прв пат станав свесна дека негативната енергија, која ме беше опседнала беше причината за моите напади од депресија.“

Ова е фотографијата на Елизабета за време на дијагностиката и третманот. Воочете ја необичната поза во која се ’кренати јагодичките и устата отворена’, потполно не карактеристично за Елизабета.

Дури после потставувањето на духовната дијагноза, негативната енергија во Елизабета е разоткриена и почна да се манифестира во оваа форма. До тогаш вознемиреноста која ја предизвикуваче беше во форма само на депресија.

За време на манифестирањето на духот чувствував надуеност во градите и вратот (подоцна дознав дека во тој дел на моето тело се наоѓаше суптилна змија) те. негативна енергија. Устата ширум ми се отвораше и тој ентитет постојано зборуваше преку мојата уста. Сите симптоми се намалуваа кога манифестирањето се прекинуваше.“

1-MKD_Note-subtle-departmentЗначи, што било вистинската причина за менталното пореметување на Елизабета?

Според духовната наука, вистинската духовна причина на секој проблем, или болест е двојна:

  1. На општо ниво, причината е во зголемената тама компонента (инерција и незнаење) со постојано опаѓање на сатва компонентата (чистота и знаење). (Дознајте повеќе за трите основни суптилни компоненти).

  2. На специфично ниво, причината е посебен фактор како на пример влијание на одредена негативна енергија.

Трагачот од одделението за суптилно перципирање, те. духовно восприемање во SSRF, г-ѓа Анурада Вадекар, направи суптилен преглед на Елизабета за време на потставувањето на духовната дијагноза. Ова е суптилната слика што таа ја нацрта:

2-MKD_liz-before-upay

А ова е компјутерска обработена слика која прикажува што навистина видела Анурада.

3-MKD_Liz-manifest-

Врз основа на суптилната слика и суптилниот преглед што ги направија трагачите од суптилното одделение, вистинската причина за проблемот на Елизабета беше откриен.

Суптилната змија, вид на негативна енергија, ја опседнала Елизабета. Основата ја имала во пределот на срцето Анахата чакрата и вратот Вишуда чакрата. Ја држела Елизабета во силна прегратка и ја покрила со црна енергија која што се пренесувала преку устата на змијата. Ова предизвикало разни симптоми како што се постојано отворена уста, болки во вратот, психолошка исцрпеност, итн.

3. Духовен третман и пат кон закрепнувањето

Во текот на поставувањето на дијагнозата, се применети разни духовни средства за исцелување.

„Веднаш по примената на духовните средства за исцелување, почнав да реагирам со извиткување и превртување. Подоцна разбрав дека духот (демон, ѓавол, негативна енергија, итн) во мене чувствувала непријатност поради духовните средства и затоа се извиткувала. Манифестациите се повлекоа за околу еден месец, а јас добив упатство кои мерки морам да ги применам ако манифестирањето повторно се појави.“

Проблемите на Елизабета кои што беа предизвикани од суптилната змија беа сериозни и хронични и поради тоа побаруваа примена на интензивни средства за духовно исцелување. Меѓутоа, поради недостаток на време и притисок од работата, мораше да прекине на среде третманот и да се врати на работа.

Во неколкуте наредни години те. од јуни 2002. до 2005. година, манифестациите продолжиле да се јавуваат периодично. Суптилната змија понекогаш се манифестирала по 8 часа дневно, а понекогаш и сите 24 часа на ден. Една од главните причини за зголеменото манифестирање на суптилната змија било тоа што Елизабета почнала да врши духовна пракса. Тоа предизвикало зголемување на сатва компонентата во неа, и на суптилната змија и станало непријатно и поради тоа се манифестирала.

Во јуни 2002. година, суптилната змија почна да ме мачи со зачестени манифестации. Со оглед дека секојдневно одев на работа, манифестациите за време на работното време, од 9 наутро до 5 попладне за мене беа мошне непријатни и чудни. Навечер бев во духовно релативно чисто опкружување, на пример во друштво на други трагачи и поради тоа манифестирањето беше уште почесто. Така да речиси целиот мој ден беше залудно потрошен со манифестирањето на змијата. За малку да го изгубам својот идентитет, затоа што се однесував сосема поинаку во однос на мојата вистинска природа.“

Многу брзо неочекувано морав да заминам во друга земја на службен пат. Во тоа време змијата ми правеше проблеми така што влијаеше на мојот приватен живот на разни начини, на пример ако сакав да прошетам за време на паузата, не можев да одлучам каде да одам, змијата би одлучила наместо мене. За време на траењето на конференцијата бев под влијание на нејзиното манифестирање и седев со зафрлена глава и подигнати образи (како што е прикажано на фотографијата погоре). Под влијание на негативната енергија, чаршафот од креветот го свиткував на специјален, перфектен начин, тоалет вршев на одреден, перфектен начин, иако немаше никој друг во собата да ме набљудува што правам. Немав никаква контрола над мојот живот.“

Во август 2002. година манифестациите беа многу негативни, така што ја црпеа енергијата и времето од моите пријатели и колеги. Понекогаш за време на манифестирањето бев агресивна, многу барав и бев многу лута. Неколку пати змијата преку мене физички го нападна мојот пријател. Не бев заинтересирана и не можев да задржам ниту еден смислен однос со другите. Бев потполно отуѓена од надворешниот свет. Таквата состојба траеше околу шест месеци. Кога манифестациите беа во присуство на семејството, или луѓето од друштвото, манифестациите беа поблаги. Воглавно тие беа во форма на говор (кој многу не се разликуваше од мојот начин на говор) или змијата се преправаше дека ги благословува луѓето во мојата околина.“

Тогаш во мај 2005. година имав среќа да можам да земам одмор и да присуствувам на уште еден третман за духовно исцелување во Индија. Овој пат после примената на духовните средства за исцелување мојата состојба почна видно да се подобрува. Чувствував дека во мене се пробуди став на победник. Иако психолошката вознемиреност и понатаму беше присутна до одредена мерка, чувствував дека учам како да ја надминам. Се јавиа подолги периоди во кои немав вознемиреност ниту депресија.“

Што навистина се случило за време на духовното исцелување што доведе до наведените промени кај Елизабета?

Да се вратиме на суптилната слика на Елизабета додека била изложена на духовниот третман со користење на Свето стапче, а која што ја нацрта г-ѓа Анурада Вадекар од SSRF, за да разбереме што навистина се случуваше за време на процесот на духовното исцелување.

Кликнете овде за да го видите цртежот заснован на духовното знаење.

Оваа слика претставува компјутерски приказ за она што навистина е видено со суптилниот вид:

5-MKD_Liz-distress-remedy

Детали поврзани со духовниот третман:

  • Една од алатките која е користена во процесот на духовно исцелување е миризливо стапче (направено од јасмин, познат и како ќемали).

  • Миризливото стапче во себе содржи 5% сатва компонента и поради тоа може да привлече 20% Божествена Свесност од Божествениот извор.

  • Како што гледаме на претходната суптилна слика, а која е резултат од примената на суптилните средства за исцелување, и присуството на Неговата Светост Др. Атавле, протокот на Божествената Свесност во Елизабета е инициран со помош на духовната метода за исцелување – допирање на миризливо стапче (стапче од јасмин).

  • Суптилната змија околу Елизабета направила црна обвивка за да се заштити од ефектите на Божествената Свесност која што зрачи од миризливото стапче. На сликата се види како змијата се обидува да се бори против Божествената Свесност. Со оглед дека змијата чувствува непријатност поради Божествената Свесност од миризливото стапче, излегува од телото на Елизабета и почнува да се бори со сатвикот на Светото стапче.

  • Покрај духовното средство миризливо стапче, како што е покажано на суптилната слика, Елизабета имаше придобивки и од други духовни средства како што се:

    • молитва,

    • примена на Свет пепел (Вибути),

    • прскање на Света вода (Тирта),

    • престој во присуство на (духовно возвишените) Неговата Светост Др. Атавле.

Духовните средства се бореа против змијата и ја победиа. Покрај тоа, тие придонесоа за зголемување на сатва компонентата во Елизабета. Таа и самата ја зголеми сатва компонентата во себе со тоа што активно и редовно вршеше духовна пракса од 2002 година. На тој начин Елизабета беше ослободена од проблемите предизвикани од суптилната змија.

Следната табела го покажува патот кон закрепнувањето, кој започна со првиот третман на духовно исцелување во 2002. година. Во почетокот симптомите на депресија се зголемија примарно поради духот (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) создавајќи проблеми, да ја одврати Елизабета од вршењето на духовна пракса. Нејзината зголемена духовна енергија која што ја доби преку духовната пракса и помогна да го зајакне позитивното влијание од духовниот третман во мај 2005. година.

Напади на депресија

пред мај

2002

јуни 2002 –

јули 2003

јули 2003 –

мај 2005

мај 2005 –

декември 2005

Напади во текот на годината

6

Непрекинато

3-4

1-2

Траење на секој напад

3 недели

12 месеци

4 недели

2 недели

Сила на нападот

Блага до

средна

Клиничка депресија

Средна до силна

Средна до блага

Сегашна состојба на Елизабета:

„Конечно моето семејство почна да забележува позитивни промени кај мене, но бидејќи не веруваат во суптилната димензија, промените не ги препишуваат на духовната пракса.“

Сфатив дека без духовна пракса ќе продолжев да живеам двоен живот со многу успешно образование и кариера, но сопнувајќи се во мракот кога се во прашање меѓучовечките односи и депресијата. За среќа, најдов решение кое во исто време ми ја подобри личноста и ме заштити од негативните енергии во суптилната димензија.“

4. Заклучок

Анализата на овој случај укажува на тоа колку случаи на привидни ментални заболувања, се заправо манифестација на проблемите чија што причина се наоѓа во духовната димензија.

  • Во повеќето случаи, како што видовме кај Елизабета, или никој не го забележува манифестирањето на духот, или тоа ќе биде дефинирано како психолошки проблем.

  • Има многу луѓе во светот кои страдаат од проблеми предизвикани од негативните енергии и има голема потреба од знаењето за дијагностицирање и лечење на духовните причини.

  • Манифестациите на ентитетите можат да бидат на пример:

    • Премногу прецизно сложување на чаршафите на креветот, до совршенство.

    • Вршење на тоалет според одреден, воспоставен редослед за време на службениот пат на Елизабета, што секој психијатар тоа би го дијагностицирал како опсесивно компулзивно пореметување. Соодветно на тоа и лекувањето би било препишано во согласност со лекувањето на менталните тегоби. Но очигледно е дека лекувањето во согласност со менталните пореметувања не би можело да доведе до потполно излекување.
  • Кога општеството би било свесно за постоењето на овие причини, таканаречени ментални здравствени пореметувања, адекватните навремени чекори ќе можат така опседнатото лице трајно да го ослободат од проблемите.

Разгледајте го написот: Вистински причини за проблемите во животот