Надминување на разни животи проблеми, вклучувајќи ја и депресијата, со помош на пеењето

SSRF ги објавува овие анализи на случаите со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.

Преглед:

Јан (сега има 31 година) уште од детството имал многу необјасниви проблеми во животот. Така продолжило се додека не го сретнал трагачот во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), кој му објаснил дека таквите проблеми можат да се надминат со духовна пракса. Во продолжение следува краток опис на траумите преку кои минувал, и како духовната пракса му помага успешно да ги надмине. Јан не е неговото вистинско име и го користиме за да ја заштитиме неговата приватност.

1. Разни проблеми во детството

Уште од раното детство (од четвртата година од животот), доживував многу психички проблеми во разни форми. Видов работи кои другите не можеа да ги видат. Една вечер видов двајца мажи како влегуваат во една соба во нашиот стан. Им реков на родителите, но бидејќи тие не можеле да ги видат, тоа го препишаа на мојата фантазија. Поради таквите случувања многу лошо се чувствував.

Имав проблеми и со спиењето и често имав чувство дека некој стои над мене. Кога ќе се свртев да видам кој е тоа, немаше никој. Знаев дека таму има некој затоа што слушнав звук, како брзо движење на воздухот. Наутро се будев со болки во зглобовите и мускулите, мразејќи го животот и се околу себе. Имав проблеми наутро при станувањето, постојано појадував со наочари за сонце, затоа што не можев да ја поднесам светлината.

Кога тргнав на училиште многу ми беше тешко да се концентрирам на часот. Додека течеше наставата, изведував чудни движења со нозете под масата, како да играм. Наскоро тоа ми стана навика. Подоцна сфатив дека тоа личи на манифестирање од опседнатост.

Ве молиме видете го написот: Дефиниција на SSRF (Фондација за истражување засновано на духовната наука) за опседнатост од ентитет или дух.

Тинејџерска депресија:

Се сеќавам дека прв пат почувствував среќа кога имав дванаесет или тринаесет години. Во текот на тинејџерските години имав напади од депресија. Не можев да разберам што навистина се случува со мене. Се обидував да ги најдам причините за својата несреќа, но не можев да најдам ниту една очигледна причина.

2. Депресија и други проблеми во зрелоста

После матурирањето, не можев да најдам работа. Секој пат кога ќе се вработев, не можев да ја задржам работата. Станав зависник од цигари, марихуана и консумирање алкохол.

Шетајќи по улицата или за време на возењето со градскиот превоз, постојано ми се јавуваа некои деструктивни мисли, на пример, да удрам некој непознат, или со нешто да го погодам. Мразев се околу себе. Тогаш сфатив дека немам никаква контрола над својот живот, но не знаев што да направам за да се ослободам од тоа.

За време на сите тие години знаев дека никому не му е позната мојата друга страна. Не можев да објаснам што се случува во мене, ниту на родителите, ниту на пријателите. Секој пат кога се обидував да ги спомнам своите проблеми – завршував со силна депресија и чувство на несреќа. Се обидував да се скријам и мојот живот да заврши. Многу пати размислував за самоубиство, но некаде длабоко во срцето знаев дека Бог ми го подарил животот и дека немам право да го одземам.

3. Вовед во духовната пракса пеење

Во текот на 1999. година, кога имав 24 години, преку еден свој пријател се сретнав со Ана, членка на SSRF. Ана беше првото лице кое што не го осудуваше моето однесување. Та наместо осудување ми понуди помош во барање решение. Ми кажа за Неговата Светост Др. Атавле, основачот на SSRF, и како Тој му помага на човештвото со објавување на многу информации за тоа како духовната димензија влијае врз нашите животи. Таа ми кажа и за духовната пракса пеење на Божјото ИмеЈасно се сеќавам на денот кога ми зборуваше за духовната пракса Тогаш врнеше дожд, а кога попладне се најдовме, дождот престана и на небото се појави прекрасно виножито. Чувствував како Бог да ми зборува: „На твоите страдања им дојде крајот.“

4. Почеток на пеењето на Божјото Име

Ана ми рече да го пеам Името на Бога според религијата во која сум роден. Покрај тоа ми беше советувано да пеам и две посебни пеаници како духовно средство за исцелување:

На почетокот навистина ми беше тешко да пеам. Постојано се проѕевав, ми се спиеше, имав чувство дека некој оди по моето тело, итн. Понекогаш не можев да ги помрднам рацете, или нозете. Чувствував многу лутина во мене која ме спречуваше да пеам. Ана ми објасни дека непријатноста што ја чувствувам после пеењето всушност е непријатност на суптилните тела на преминатите предци кои што ми создаваа проблеми. Меѓутоа, бев одлучен да продолжам со пеењето, затоа што не сакав пак да го преживувам својот некогашен живот. Затоа внимателно пеев 9 мали (9 кругови на бројаница што е еднакво на 972 пати) ’Шри Ганешаја Намаха’ и ’Шри Гурудев Дата’ секој ден.

Бидејќи започнав со пеење, веќе за неколку дена се чувствував подобро. Имав повеќе енергија, утринските болки исчезнаа, и по прв пат почнав вистински да се радувам на животот. Навистина се чувствував подобро. После еден месец, или два пеење престанав да пушам марихуана и да консумирам алкохол. Пред тоа пиев еднаш до двапати неделно и често пушев марихуана.

5. Спречување на попречувањата од суптилните тела на предците во соновите по пат на пеење

Продолжив со сите горе наведени пеења околу една година. Во почетокот на 2002. година, една ноќ сонував како разговарам со 5 до 10 лица во некој скијачки центар. Многу необично, иако не ги познавав во животот сите ми се чинеа познати. Одеднаш сите скокнаа врз мене. Се борев, обидувајќи се да се ослободам од нивниот притисок. Сватив дека сакаат да ме убијат и да ме однесат со нив. Не можев да дишам. Во тој момент се разбудив борејќи се за здив. Токму кога почнав да дишам, црн облак ме погоди во лицето и ме фрли повторно во кревет. Во тој момент сфатив дека тоа вистински се случува и дека не е производ на мојата фантазија. Веднаш автоматски почнав да ја пеам пеаницата ’Шри Гурудев Дата. После неколку секунди притисокот во градите се намали и можев нормално да дишам. Почнав да се молам за помош, да бидам во состојба да продолжам со пеењето, за да се заштитам од попречувањата. После околу една минута ја повратив контролата во потполност врз своето тело.

Моменталната помош што ми ја даде пеењето ’Шри Гурудев Дата’ ме наведе да сфатам дека соновите се последица на присуството на суптилните тела на моите преминати предци.

Чувствував дека суптилните тела на предците што ме попречуваа, ја напуштиа собата и отидоа на терасата налутени, затоа што не можеа да влезат во мојата соба поради пеењето на Богот Дата. За време на целата оваа случка не чувствував страв и знаев дека Бог ми даде храброст да се изборам со тоа.

Предците доаѓаа во моите сништа еднаш или двапати годишно, но не можеа да ме попречуваат поради заштитната обвивка од пеаницата ’Шри Гурудев Дата’ околу мене. Само ми се закануваа. Во секој нареден сон нивниот број беше помал. Последен пат таков сон имав пред повеќе од една година, кон крајот на 2005. година.

6. Пресвртница

Во текот на 2005. година еден настан ја осветли втората духовна причина во мојата личност. Патував со автобус со пријателот трагач од SSRF, Владо, кој тогаш живееше со мене. Му зборував како се во животот е бесмислено, дека мојот живот нема смисла и како е се негативно и неподносливо. Во тој момент длабоко се идентификував со се што зборував и ништо не можев да видам позитивно. Тој внимателно слушаше се што зборувам, но тогаш ништо не рече.

Подоцна, кога стигнавме дома, ми рече многу внимателно дека се што зборував не личеше на вистинскиот мене. Ми рече дури дека и моето лице изгледаше поинаку. Тој почувствувал дека ме користи некој ентитет за да ги задоволи своите желби. За да го потврдиме ова, побаравме помош за ова случка од трагачите во SSRF, кои што имаат развиено шесто сетило. Тиа утврдиа дека се работи за опседнатост од страна на суптилен јасновидец (мантрик), те, форма на дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) кој се уште ми создава проблеми во мојот живот. Ова откритие беше пресвртница, затоа што сфатив дека некои мои однесувања се последица од Мантрикот.

Тоа разбирање на проблемот ми даде сила да се борам, да верувам дека Бог ќе ми го покаже патот кој ќе ме изведе од темнината.

7. Почеток на новиот живот

Духовна пракса  вршам последните пет години. Повремено се уште запаѓам во благи депресии. Во тие моменти ми се чини дека нема излез од тагата. Сега разликата е во тоа што овие периоди не траат подолго од неколку дена. Мојот живот целосно се промени како почнав да вршам духовна пракса според препораките на SSRF. Се оженив и сум среќен татко на петмесечниот син.

Тоа е навистина неверојатно, затоа што мојот живот доби квалитет, за кој мислев дека е резервиран само за другите. Сега сум способен да се носам со она што животот го става пред мене.