Дефениција: ‘Методот за отстранување на уроци’ е процес во кој одредена супстанца ги впива негативните вибрации или црна енергија кој е присутна во обвивката од виталната енергија (прана-деха) и менталната обвивка (мано-деха – погледнете ја сликата подолу), на лицето кое е погодено од урок или е под влијание. По завршувањето на методот, супстанците кои што беа користени се горат, и на тој начин влијанието на црната енергија и негативните вибрации се намалуват.

1-MKD_we-are-comprised-of

  • Лицата кои се погодени од уроци, црна магија или се измачувани од духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) имаат придобивки од методот за отстранување на уроците.
  • До колкав степен ќе се намали нарушувањето зависи од присутното нарушување. Генерално духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) на духовно ниво од 40-45% и пониско, се највеќе погодени од методот за отстранување на уроци. Духовите вршат духовна пракса и можат да постигнат повисоко негативно духовно ниво, но тие ја користат духовната енергија да предизвикаат нарушувања кај другите.

Молитвата е важен дел од овој метод. Пред да почнете со спроведување на овој метод за отстранување на уроци, треба да се помолиме на Божеството Хануман (Марути), (еден од аспектите на Бога). Ова Божество дава сила и го штити лицето кое го спроведува методот и нарушувањата кои ги има лицето кое е под влијание, веднаш се намалуваат.