1. Вовед во месечарењето
Месечарењето (уште се нарекува сомнамбулизам) е парасомниа или нарушен сон, кај кого оној што пати од тоа нарушување врши некои активности кои потсетуваат на работи во будна состојба, иако лицето е во сон или состојба слична на сонот. (Ref: Wikipedia.org).
Месечарите покажуваат различни форми на однесување почнувајќи од чистењето по дома, палење и гаснење на сијалици, шетање по дома или улица, посетување на одредени места, зборување како да се во некој ’разговор’, викање, фрлање на предмети, гаѓање по партнерот или партнерката итн. – до екстремни случаи во кои некои влегле во сексуален однос со непознати или извршиле убиство додека биле во состојба на месечарење. (Ref: newscientist.com).
Месечарите талкаат наоколу со застаклен поглед, а постои мит дека не треба да се буди лицето додека месечари. Подоцна во овој напис ќе објасниме дека треба.
Истражувањата за месечарењето покажуваат дека повеќе од 18% од популацијата страда од месечарење. (Ref: BBC.co.uk).
2. Причини за месечарењето
Не постои единствено мислење за причините за месечарењето. Тензија, умор, стрес, страв, губиток на сонот, некои се од причините кои ги наведуваат современите научници. Не е познат лек за месечарењето меѓутоа, можно е да се лекува со психијатриски лекови, а клиничката хипно-терапија исто така се покажа како успешна на краток рок. (Ref: BBC.co.uk).
Следуваат наодите од духовното истражување за причините за месечарењето што ги спроведе Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF).
- Како што можете да видите на графиконот, духовните фактори се главни причини за месечарењето. Тоа е една од причините поради кои современата наука до сега не беше во можност да пронајде лек за месечарењето.
- Духовните фактори примарно се однесуваат на проблемите што ги прават суптилните тела на преминатите предци и обичните духови (бат), доведувајќи го лицето во ситуација да прави мали пакости. Тоа е образложено во написот – Зошто моите преминати сакани и други предци сакаат да ме повредат?
- Посложените дела сторени во состојба на месечарење, како што се интеракции со непознати, страшни злочини, итн. ги организираат Мантриците (моќни негативни енергии). Според духовната наука, дури и ако лицето направило некое дело во потполност под влијание на духовите, тоа мора да се соочи со судбинската или духовната казна за тоа. Оваа духовна казна е грев кој е создаден и за кој се сносат последици во овој или во следниот живот. Меѓутоа, споменатиот грев што лицето го навлекол на себе е помал отколку во случај кога лицето направило убиство во будна и свесна состојба, според својата желба. Ако случајот за месечарење е од духовна природа, во споредба со оној од психолошка природа, заслужениот грев е сепак помал. Следниот дијаграм ова го покажува по прецизно.
Зошто мораме да платиме за злочинот или некое лошо дело кое духот го направил користејќи не нас? Причината за тоа што духот влегува во нашата свест и не обзема е поради нашите слабости. Тие слабости ги вклучуваат и мнозинството гревови стекнати во претходните животи, неисправните дела и личните недостатоци (маани), како што се стравот и лутењето кои доведуваат до напнатост и стрес, недостаток на духовна пракса итн.
3. Лекување на месечарењето
Како што причината пред се е од духовна природа, само духовни лекови или духовна пракса ќе помогнат во неговото отстранување.
- Исправна и постојана духовна пракса, која се препорачува во написот ’Започнете го своето духовно патување’, ќе осигури ублажување на оваа појава. Ако лицето го пее Божјото Име, ќе биде потребно 5 часа пеење на ден за да се отстрани тој проблем. Се препорачува на лицето кое страда од месечарење да пее ’Шри Гурудев Дата’ за ублажување на проблемите што ги предизвикуваат суптилните тела на преминатите предци.
- Духовна пракса треба да вршиме секојдневно за време на целиот живот за да се заштитиме од страна на духовната димензија и го олесниме духовниот напредок.
- Се препорачува партнерите и останатите членови на семејството исто така да вршат духовна пракса за да се заштитат од опасностите или ризикот од месечарите опседнати од суптилните тела на преминатите предци и духовите.
- Популарен обичај е дека не треба да ги будиме месечарите – било причината да е од психолошка или од духовна природа, задолжително треба да ги пробудиме. Кога клучната причина за месечарење е опседнатост од духовите, будењето на лицето помага да се прекине манифестирањето на духовите. Дури и кога клучната причина е од психолошка природа, најдобро е месечарите да ги пробудиме за да се спречи можната штета што можат да ја направат себеси или на другите.
- Останати духовни лекови како што е третманот со солена вода исто така се препорачува. Палење на SSRF мирисливи стапчиња покрај креветот пред заминување на спиење ги одвраќа духовите од опседнување на луѓето и помага кај месечарењето.