Мантра претставува сет на букви која помага во стекнување на Божјата милост и надминување на пречките. ’Ман’ се однесува на умот и размислувањето (контемплација). ’Тра’ се однесува на виталната енергија и заштитата.
Во подоцнежна фаза, означува контемплација по пат на која човекот добива знаење за единството на целиот Универзум. На ова ниво, контемплацијата престанува, доаѓа до разградување на умот и престанок на мантрата. Лицето на оваа ниво достигнува ослободување од циклусот на раѓање и умирање.
Придобивките од повторувањето на мантрата се духовен напредок, отстранување на непријателите, стекнување на натприродни моќи, поништување на гревовите и прочистување на говорот.
Повторување на мантра не е исто што и повторување на Божјото Име. Постојат многубројни правила и прописи во врска со пеењето на мантра што не е случај кога се работи за пеењето на Божјото Име. На пример, пеење на мантра треба да се врши на сатвик (сатва–чистота) место, додека пеењето на Божјото Име може да се врши било каде и било кога.
Духовната енергија креирана по пат на мантра може да биде користена и во добри и во лоши цели. Исто како во случајот на стекнување на пари, начинот на кој парите ќе бидат употребени зависи од лицето кое ги стекнало.