1. Вовед во манифестирана демонска опседнатост
Едно лице може целосно да биде опседнато од дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) што ниту лицето ниту луѓето околу него, би можеле да бидат несвесни за таквата состојба. Ова е поради фактот дека духот кој го опседнал тоа лице не го открива неговото присуство, бидејќи неговата цел е да не се открие дека лицето е опседнато. Еднаш откако опседнатоста ќе се открие, постои можност да лицето кое е опседнато прави активни напори да се ослободи од духот кој што го опседнал.
1.1 Дефиниција на неманифестирана демонска опседнатост
Кога велиме дека опседнатоста од дух е неманифестирана, мислиме на тоа дека духот не го открива своето присуство. Овде свеста на лицето е во преден план, но може да биде манипулирана и контролирана од духот секогаш кога тој ќе посака.
1.2 Дефиниција на манифестирана демонска опседнатост
Кога велиме дека опседнатоста од дух е манифестирана, мислиме на тоа дека духот се покажал и дека неговата свест доминира во однос на опседнатото лице. Во овој случај, однесувањето на лицето може или немора да биде променето, но затоа пак свеста на лицето е во позадина, а свеста на духот манифестирана. Лицето е или свесно или не е свесно за она што се случува, но нема контрола над своите моторни органи. Во случаеви каде опседнатоста од духот е уште од самиот почеток од животот на лицето, личноста на духот е толку соединета со личноста на опседнатото лице што дури и ако духот потполно се манифестира ќе изгледа дека и тогаш доминира свеста на лицето, а не на духот. Тоа всушност е само илузија, т.е. она што може набљудувачот да си помисли е дека тоа е тоа лице (иако тоа е всушност личноста на духот, а не на тоа лице), бидејќи нема никакви видливи промени во оденсувањето на опседнатото лице.
Забелешка: Овде ги употребивме термините манифестиран и неманифестиран во врска со духовите кои опседнале лице. Меѓутоа зборовите манифестиран и неманифестиран исто така, може да се користат и во врска со позитивните енергии.
2. Причини за манифастирање на демонска опседнатост
2.1 Кога духовите сами од себе се манифестираат
Како општо правило, еден дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) никогаш не сака да се манифестира, освен ако тоа не го направи сам од себе. Духовите се манифестираат сами од себе кога:
- Се наоѓаат во удобна околина која е збогатена со Раѓа-Тама. Раѓа-Тама ситуации вклучуваат места каде луѓето се впуштаат во заговор против општеството во било која форма, алкохол, дрога, пушење цигари, промискуитетно сексуално однесување, слабо осветлени места, Раѓа-Тама музика (техно, рок, хеви метал), итн. Во таквите места гледаме дека луѓето се однесуваат доста различно од нивното нормално однесување. Доста често она што гледаме кога луѓето ќе се опуштат на таквите места, е всушност свеста на духот кој се манифестира, делумно или во целост. Во повеќето случаи опседнатото лице нема поим дека духот се манифестира во него, бидејќи свеста на лицето е споена со свеста на духот. Понекогаш кога еден дух се манифестира во овие видови на места, опседнатото лице губи осет за времето т.е. не е свесно за текот на времето, што значи ја губи свеста т.е. не е свесно за текот на настаните. Таквите ситуации ги искористува духот и донесува одлуки во име на опседнатото лице, додека опседнатото лице губи време во такви активности. Во такви случаи, лицето во кое духот е манифестиран може да заврши во неповолни ситуации и да нема поим како се нашло или завршило таму.
- Еден дух повеќе пати се манифестира за да го исплаши или наруши животот на лицето, предизвикувајќи кавги во домот, итн. Духовите од повисоките нивоа исто така, се манифестирааат кога сакаат да создадат уништувања од поширок обем преку лицето кое ти го запоседнале.
- Понекогаш тие намерно се манифестираат, бидејќи бараат внимание, за да заплашат некого или да ја попречат духовната пракса на опседнатото лице или трагачите по Бога кои се во близина – било да ги вознемируваат или заплашуваат со манифестирање, на пример за време на сатсанг.
Кога тие се манифестираат сами од себе, манифестирањето нема да се забележи, освен ако духот сака да биде забележан.
2.2 Манифестирање на духовите поради тоа што се принудени на тоа
Понекогаш духовите кои опседнале едно лице се принудени на тоа да се манифестираат и да се покажат. Причинте за таквите видови на манифестации се следниве:
- Духот е совладан од сатвик влијание за време на духовно исцелување.
- Духовната сила на духот е исцрпена.
- Дојде времето кога духот треба да го напушти лицето поради завршување на сметката на земање и давање помеѓу опседнатото лице и духот.
- Дојдено е времето духот да биде уништен
2.2.1 Зошто духот во опседнатото лице се манифестира кога ќе дојде во контакт со лица или предмети кои имаат високо ниво на сатва компонента
Кога духот кој го опседнал лицето ќе дојде во контакт со некој или нешто што е сатвик како што е духовно возвишено лице, храм или Света вода, се чувстува непријатно и вознемирено. Ова е затоа што сатвик влијанието е спротивно од неговата Раѓа-Тама природа, и ја исцрпува неговата енергија. Ова можеме да го споредиме со ефектот мраз на оган. Ако духовната сила на сатвик влијанието е поголема од наа на духот, духот ќе биде приморан да се покаже (манифестира), а ако не е, духот ќе може да го издржи сатвик влијанието или околината без да се манифестира.
Ве молиме прочитајте го написот за основните суптилни компоненти Сатва Раѓа и Тама.
Затоа духот (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) ги избегнува сатвик луѓето и местата со тоа што:
- Му става мисли во умот на лицето кое го опседнал, да се држи настрана од се што е сатвик, како на пример сатсанг.
- Излегува од телото на лицето додека лицето се наоѓа во сатвик околина, и бега од таквата околина.
- Се крие во физичкото, менталното или интелектуално тело на опседнатото лице, со тоа што се опкружува со дебел слој од црна енергија како би се заштитил од сатвата. Тогаш преоѓа во медитативна форма за да добие дополнителна духовна енергија.
Дух кој има многу, односно е полн со духовна сила, многу ретко се манифестира, освен ако служи за неговата цел или е потребно да ја постигне неговата цел. Таквите духови можат да ги поднесат сатвик стимулансите или издржат околините во кои преовладува сатва компонентата.
2.3 Кога духот ќе се манифестира на алармантен начин
Покажувањето или појавувањето на еден дух е познато како целосна манифестација. За еден случаен сведок таквата манифестација може да изгледа прилично страшна, бидејќи однесувањето на опседнатото лице радикално се менува (види на сликата подолу). Од време навреме лицето покажува натчовечка сила. Забележано е дека некогаш е потребно и до шест лица за да совладаат кревко женско лице кое е опседнато, кога духот во него е целосно манифестиран. Меѓутоа, оваа целосна манифестација е привремена.
Целосната манифестација не е показател за нивото на опседнатоста; тоа едноставно значи дека духот или ентитетот се манифестира поради некоја од различните причини споменати погоре. Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн) во речиси сите случаи не сакаат да се манифестираат. Причината за ова е што за време на манифестирањето треба да потршат многу од нивната духовна енергија, а покрај тоа и други луѓе може да станат свесни дека тие го опседнале тоа лице. На лицето кое е под влијание може да му се пружи помош во смисла на духовно исцелување или егзорцизам. Па од оваа гледна точка, всушност за нас е корисно кога духот се манифестира.
Забелешка: Ве молиме, прочитајте зошто постои заштитна рамка околу горе наведениот цртеж заснован на суптилното знаење на дух?
2.4 Најопасниот аспект на демонска опседнатост
Може да изгледа дека најстрашниот дел е да се гледа како духот во некое опседнато лице целосно се манифестира, како што е прикажано на сликата погоре, или седиме на работ од столот кога гледаме некој филм како ‘Егзорцизмот на Емили Роуз’. Меѓутоа, кога духот целосно се манифестира за време на духовно исцелувачка сесија, тогаш е и најслаб.
Вистинската опасност е кога духот контролира некое лице тајно, а лицето е потполно несвесно за опседнатоста, и тогаш духот го тера лицето кое го опседнал да дејствува по негова волја. Во такви случаи, дури и кога лицето е опседнато, не се гледа ништо драматично или девијантно во однесувањето на тоа лице.
Зависностите се само еден пример на тајна опседнатост. Луѓето во општеството мислат дека зависноста од цигарите или алкохолот е психолошки проблем, а всушност се работи за опседнатост. Од време на време, може да почне да прикажува сериозни отстапувања во однесувањето, поради духот кој го контролира. Духовите можат да натераат едно лице да прави нешто кои се целосно спротивни на неговиот карактер, на пример, жена која е конзервативна по природа може да почне да се однесува промискуитентно.
3. Видови на манифестации
Манифестациите може да се случат во различни форми, на пример:
- Насилни манифестации: Кај таквите манифестации преовладува свеста на духот, и тој делува на насилен начин, независно од карактерот на лицето или ситуацијата. Понекогаш лицето може да покаже натчовечка сила. Видовме ситуации каде беа потребни повеќе луѓе за да совладаат физички кревки лица кои што беа опседнати, кога духот во нив потполно се манифестирал.
Ве молиме погледнете го видеото – насилна манифестација предизвикана поради демонска опседнатост
- Некарактеристични однесувања: Понекогаш однесувањето на едно лице кое е опседнато може да изгледа нормално кога духот во лицето ќе се манифестира, но е некарактеристично за тоа лице или таа ситуација. Пример за таквиот вид на манифестација е кога некои трагачи кои биле опседнати и кои се манифестирале откако врз нив било применето духовно исцелување во самиот центарот за истражување на SSRF (ашрам), почнале да играат како да се во дискотека кога слушнале некои популарни музички песни. Во овој случај, играњето на таквиот начин во ашрамот пред многуте напредни трагачи кои ги набљудувале, не било карактеристично за нивното вообичаено однесување (кога духовите не се манифестирале во нив).
- Зборување на некој чуден јазик или глупости: Кога духот се манифестира кај некое опседнато лице, тоа лице почнува често да зборува на одреден јазик, кој инаку му е непознат или зборуваат глупости, но на специфичен начин на кој само тој зборува, и тоа секој пат на ист начин кога духот ќе се манифестира во него.
Ве молиме погледнете го видеото – Зборување на чуден јазик поради демонска опседнатост
- Тивко манфестирање: Во повеќето случаи на опседнатост, неможе да се сфати дали духот се манифестирал. Тивкото манифестирање е прилично подмолно, бидејќи во лицето кое седи веднаш до нас духот може да е целосно манифестиран, а за тоа да не бидеме воопшто свесни, освен ако имаме развиено шесто сетило и знаење дека такво нешто постои.
Ве молиме погледнете го видеото – Тивка манифестација предизвикана поради демонска опседнатост
- Необичен приказ на талент: Еден дух може да се манифестира, и притоа да покаже разни видови на таленти во музика, играње, да зборува на некој непознат јазик, итн. за кои опседнатото лице во својата права личност не е способно, односно ги нема ваквите таленти. Всушност некој од славните артисти се примери за таквата опседнатост од духовите кои сакаат да ги исполнат своите желби за слава, итн. преку овие артисти. Тие тоа го прават со тоа што до одредена мера го подобруваат (надополнуваат) основниот талент кој веќе артистот го има. На тој начин духот кој толку е споен со свеста на артистот, ја исполнува својата желба за слава, итн.
- Натприродни сили: Духовите можат да се манифестраат преку луѓе кои се медиуми за повикување на духови, и тоа без знаење на тој медиум и на тој начин на луѓето им даваат информации за иднината. Тогаш се чини дека видовитоста на медиумите е значително поголема што всушност и е, а всушност се работи за дух од повисоките редови. Лицето кое бара совет од медиумот всушност не знае дека разговара со духот. Советите добиени од ваквиот дух кој работи преку медиумите често се точни. Духот тоа го прави за во почетокот ги намами луѓето кои воопшто не се сомневаат дека им се обраќа дух, но подоцна го користи истиот тој медиум како би ги завел луѓето.
- Разно: Некои запоседнати лица кога се манифестираа прикажуваат изобличени движења, како да доживуваат екстремна болка или агонија, додека пак други прикажуваат движења како на змија.
Ве молиме погледнете го видеото – изобличени движења предизвикани поради демонска запоседнатост
4. Забелешка за медицинските стручњаци од областа на менталното здравје
Поради незнаењето за вистинските духовни прични на овие манифестации, неопходно е да се применат мерки за духовно исцелување за нивно исцелување. Поради недостаток на научно тестиран, развиен и воспоставен систем на духовна дијагноза и третман, повеќето случаи на ваква манифестација им се обраќаат за помош на медицинските стручњаци од областа на менталното здравје. Медицинските стручњаци од областа на менталното здравје имаат тенденција да гледаат на ваквите манифестации на демонска опседнатост како на чист психолошки феномен. Тие тое го означуваат (етикетираат) како Хистерија и други асоцијални состојби, психоза, итн. Тоа воглавном е така, затоа што тие не ја земаат во обзир духовната димензија кога ја бараат вистинската причина за состојбата, нити во процесот на бавење со овие феномени. Тимот психијатри од нашата панела на доктори во последните 7 години, истражи илјадници вакви манифестаци на духови. Тие велат дека не се работи за психолошки феномен бидејќи:
- Не постои специфичен психолошки ‘прекидач’ кој ги предизвикува (поттикнува) овие манифестации
- Манифестациите се излечени со духовни мерки
Меѓутоа, кога се користа духовни мерки за исцелување, може да помине извесно време додека не се воочат резулататите, бидејќи тоа зависи од релативната духовна сила на духот кој го опседнал тоа лице, како и силата на мерките кои се применуваат во духовно исцелување. Овде духовно исцелувачките мерки вклучуваат и обавување духовна пракса од лицето во кое духот се манифестира. Во такви случаи на лицето кај кое духот кое се манифеситра може ќе му треба итна медицинска помош во вид на некои лекови, како би се барем стопирала физичката манифестација, особено ако се агресивни или штетни за себе или другите. Исто така, можеби врз овие лица ќе треба да се применат и физички огранучавања за да не се повредат самите себе или луѓето во нивната околина.
Сега, некој може да помисли, како тоа да ‘манифестации на духови’ се лечат со лекови?
Со оглед на тоа дека овој духовен проблем се манифестирал во лицето и на физичко и на психолошко ниво, како што е видливо од манифестирање на духот, лечењето треба да биде насочено кон тоа ниво. Но доколку лечењето се ограничи само на физичко и психолошко ниво а не се ‘лечи’ вистинскиот проблемот кој е во духовната димензија, тогаш само се поттиснуваат симптомите за некое време. Ова јасно се види ако ги погледнеме ниските стапки на излекување на психијатриска болести.
За т.н. ‘психолошки’ нарушувања уште доста ќе се зборува, бидејќи психолошките науки сеуште се во нивната еволутивна фаза, па затоа е најдобро на оваа тема да се задржи отворен ум.