Кругови во полињата објаснети преку духовно истражување

1. Феноменот кругови во полињата – Вовед

Круговите во полињата се однесуваат на големи цртежи, кои што се појавуваат во полињата. Овие цртежи се направени на посевите, кои што мистериозно се полегнати. Луѓето се будат наутро и гледаат јасно обележани комплексни форми, направени на нивните полиња за време на ноќта, без траги, кој би можел да го направи тоа. Мислењата за причината за овој феномен се различни и вклучуваат теории како што се:

  1. Некои многу талентирани луѓе, одат наоколу и се забавуваат со правење на овие непријатни бељи.
  2. НЛО (неидентификувани летачки објекти) или вонземјани тоа го пртават, за да го покажат нивното присуство.
  3. Тоа е природен феномен.

Научниците и истражувачите, сепак, признаваат дека не можат да докажат, да така сложени дизајни со толкава прецизност е можно да се направат преку ноќ.

2. Круговите во полињата објаснети преку духовно истражување

Со духовно истражување откривме дека, круговите во полињата (кои што не ги направиле луѓето) ги направиле суптилни ентитети од духовната димензија. Круговите се направени со одредена форма позната како Јантра, со цел на пренесување на позитивна или негативна енергија.

  • Круговите кои што емитуваат негативни вибрации, генерално се направени од негативни ентитети на ниско ниво од вториот регион на Пеколот.
  • Круговите кои што емитуваат позитивни вибрации, се направени од духовно позитивни суптилни ентитети, на ниско ниво од Долниот суптилен регион на Рајот. Суптилните ентитети на високо духовно ниво од повисоките суптилни региони, како што е Махалока, не се впуштаат во такви активности. Тоа е затоа што тие се во состојба, само со своите мисли да овозможат позитивно делување на Земјата.
  • Круговите не се направени од НЛО, вонземјани или некои природни феномени.

Сликата подолу е пример на круг со позитивни вибрации.

Positive-crop-circle-1

Следниве слики се примери за кругови со негативни вибрации.

Negative-crop-circle-1

Negative-crop-circle-2

После 1990. година, ширум светот е забележано значително зголемување на феноменот ’кругови во полињата’. Една од основните причини за тоа е времето во кое што живееме. Како што светот се приближува на врвот на Третата Светска Војна и Армагедон, негативните енергии од духовната димензија, ги зголемуваат своите активности во вид на пренесување на негативни вибрации на Земјата. Од друга страна, позитивните енергии исто така прават кругови во полињата за да го поништат негативниот ефект. Пред едно десетина години, речиси сите кругови во пoлињата беа негативни. Во 2014. година, 60% од сите кругови, кои што се направени од суптилните ентитети се негативни по природа, а 40% емитуваат позитивни вибрации.”Сезоната“ на круговите обично трае од април до септември, и се поклопува со созревање на житата. Причината за тоа е што негативната и позитивната енергија во зрната на полегнатите посеви, од кои се направени круговите во полињата, се шири во човештвото кога тие жита подоцна се јадат.

Ефектот од круговите може да се прошири во радиус од 2 до 10 километри. Ширењето на ефектот зависи од моќта на ентитетот кој што ги направил и од формата на Јантрата. Круговите кои што имаат позитивни вибрации, ќе имаат позитивни ефекти врз луѓето и ќе им донесат чувство на мир и благосостојба на жителите во околината. Од друга страна, круговите со негативни вибрации можат да предизвикаат разни ефекти врз луѓето, како што е чувство на вртоглавица, дезориентираност, зголемено ниво на емоционалност и депресија.

3. Кругови на морското дно во Јадранско море во Хрватска – околу островите Корнати, Дуги Оток, Премуда и Молата

Во мај 2014. година, забележана е чудна појава на симетрични кругови на морското дно во Јадранско море, во близина на островот Корнати. Круговите се со пречник од 50 метри. Се потставени така да се наоѓаат на подеднакво растојание едни од други и исто така и од брегот. Понекогаш околу островите можат да се видат дури 25 од овие кругови.

Духовното истражување на овој феномен откри дека, круговите се појавиле како резултат на интервенција на негативните енергии. Поточно суптилните мантриците од вториот регион на Пеколот, ги прават овие кругови со цел да шират црна енергија во животната средина. Кога кругот е завршен, тој зрачи негативна енергија 10 пати подалеку од должината на неговиот пречник, што значи дека секој круг зрачи негативна енергија 500 метри во сите насоки.

sea-circles-Croatia-300x2474. Предложени насоки на делување

За луѓето кои што ќе сретнат кругови во полињата, Фондацијата за истражување засновано на духовната наука, го советува следното:

  1. Просечниот човек можеби нема да може да почувствува дали круговите емитуваат негативни или позитивни вибрации. Ако некој почувствува било каква форма на попречување, најдобро ќе биде да преземе некоја форма на духовна пракса, за да го неутрализира ефектот.
  2. Пеење на Божјото Име е единствената духовна пракса, која што помага во заштитата на секој човек од негативните вибрации во околината.
  3. Ако планирате да ги посетите овие места од љубопитност, постојано пеење на Божјото Име ќе ви овозможи заштита на духовно ниво.
  4. Редовната духовна пракса е единствениот сигурен начин да се зголеми заштитната обвивка околу лицето, која ќе го заштити од негативните ефекти на духовната димензија.