Содржина
- 1. Воведна презентација
- 2. Следење на Светците низ вековите
- 3. Различни атрибути за Светост
- 4. Заедничка основа за Светост
- 5. Процесот на прогласување Светец
- 6. Дефиниција за Светец според духовната наука
- 7. Од што се состоиме?
- 8. Што ја одредува духовната зрелост, духовната напреднатост или духовното ниво?
- 9. Повеќе информации за Светец
- 10. Како едно лице може да достигне Светост
1. Воведна презентација
Во оваа презентација го објаснуваме духовниот концепт за тоа кој може да се смета за Светец според духовната наука.
2. Следење на Светците низ вековите
Со векови светот почитуваше различни духовни учители и ги сметаше за Светци.
3. Различни атрибути за Светост
Различни религии и култури пропишуваат различни атрибути или критериуми за да биде некој прогласен за Светец
4. Заедничка основа за Светост
Откако спроведовме кратко истражување во врска со ова, откривме дека постојат некои општи критериуми поттикнати од луѓе од различни религии, за да се смета лице како Светец.
- Првиот е дека личноста мора да биде праведна и морална
- Лицето треба да биде од таа одредена религија. Со други зборови, луѓе од една религија генерално нема да прифатат Светец од друга религија, и ова се базира чисто на фактот дека тој е од друга вера.
- Некои религии бараат лицето да биде преминато и оствари место во рајот, пред да биде прогласено Светец. Меѓутоа, други признаваат Светост како состојба која може да се достигне додека лицето е сеуште живо.
- Светец, за некои, треба да има правено чуда во текот на животот, и исто така, после смртта. Чудо по смртта би можело да се вклучи, нераспаѓањето на телото на лицето. Тоа, исто така, може да значи дека се случиле исцеленија, после изговарањето на молтива кон некој Светец, и каде се верува дека Светецот комуницира со Бога. Во некои случаи, лице е чудесно исцелено откако ќе дојде во контак со остаток (реликвија,мошти) од Светецот. Затоа е важно дека Светецот треба да има моќ да комуницира со Бога во име на поклникот.
5. Процесот на прогласување Светец
Сега ќе се допреме до некои популарни начини за тоа како се прогласува Светец.
- Формален / неформален процес: Ако некое лице ги исполнува критерумите на религијата, тие генереално поминуваат преку формална, или неформална процедура на прогласување Светец. Овој формален процес во Римокатоличката црква е познат како канонизација. Во некои случаи овој формален процес може да трае многу години.
- Луѓето кои ја спроведуваат оваа процедура и самите не се Светци: Во повеќето случаи, луѓето кои го спроведуваат овој формален или неформален процес на прогласување Светец и самите не се Светци, но само религиозни луѓе или луѓе на институционално високи позиции во некоја религија.
- Гласот на народот: Во некои случаи е пресуден само гласот на народот.
- Во фокусот на религијата: Без оглед за која религија станува збор, луѓето генерално ја доделуваат титулата Светец само на лице од таа религија. Тие обично не ја разгледуваат можноста дека би можело да има (постои) Светец од друга религија или култура.
- Покажување натприродни моќи: Во некои случаи луѓето стануваат само-прогласени Светци, и многу луѓе можеби ќе ги следат ако се во можност да прикажат некои натприродни моќи добиени преку некоја специфична духовна пракса.
6. Дефиниција за Светец според духовната наука
Ако сакаме да ја видиме духовна зрелост или духовното ниво на една личност на скала од 1 до 100%, каде што Бог е 100%, тогаш преку духовно истражување со користење на високо развиено шесто сетило, откривме дека духовното ниво на просечниот човек во светот денес е околу 20%.
Преку духовно истражување, исто така, откривме дека повеќе од 80% од светската популација е под 35% духовно ниво.
Според духовната наука, едно лице станува достојно за духовната состојба или може да се прогласи за Светец, кога ќе постигне духовно ниво од најмалку 70%, без разлика од која религија е или патот на духовна праска. Сега мора да се прашувате што е духовно ниво.
7. Од што се состоиме?
Како човечки суштества ние сме составени од следниве аспекти, тие се:
- Физичко тело (Штула-деха): Ова го вклучува нашето физичко тело и петте сетила за допир, вкус, слух, мирис и вид.
- Умот или ментално тело (Мано-деха): Кој се состои од свесниот и подсвесниот ум. Умот е извор на сите наши чувства и емоции
- Интелект или каузално тело (Каран-деха): Кој ни ја дава способноста за обработка на информации.
- Суптилно его или надкаузално тело (Махакаран-деха): Кое ни дава чувството дека сме одвоени од Бога.
- И на крај Душата или Бог во секој од нас (Атма): Божјиот принцип во секој од нас.
Што е его? Сега, првите четири го сочинуваа нашето его или чувството дека сме одвоени од Бога. Душата е Божествениот или Божјиот принцип во секој од нас. Според духовната наука, Душата е нашата вистинска состојба на Свеста.
8. Што ја одредува духовната зрелост, духовната напреднатост или духовното ниво?
Напреднатоста или духовната зрелост или духовното ниво на едно лице, зависи од тоа колку тоа се идентификува со Душата, или има искуство на Душата во себе, и обратно колку тоа се оддвојува од Бога, така што се идентификува со своите пет сетила, умот и интелектот со кои тоа е родено, или со неговото его.
9. Повеќе информации за Светец
Светец е личност која има многу мало его бидејќи го доживува Бога во себе и ги гледа другите како Божјиот принцип во нив.
10. Како едно лице може да достигне Светост
Единствениот начин да се подигне духовното ниво е да се врши прогресивно повисоко ниво на духовна пракса која е во согласност со 6-те основни принципи на духовноста. Овие принципи се детално објаснети во други SSRF презентации.
Ви благорадиме што ни се придруживте и ние со нетрпение очекуваме да ве сретнеме во нашето следно онлајн (интернет) предавање.