1. Вовед во истражувањето засновано на духовната наука за клонирање на луѓето.
Клонирање на луѓето е создавање генетски идентични копии на човечкото битие, човечките клетки, или човечките ткива. Терминот е воглавно врзан за вештачкото клонирање, иако човечките клонови се во форма на идентични близнаци секојдневна појава, кои своите клонирани делови ги добиле со природно зачнување.
Расправата за разните проблеми врзани за човечкото клонирање се води со години ширум светот. Воглано е врзана за социјалните, моралните и етичките проблеми. Во овој напис клонирањето ќе го набљудуваме од духовна перспектива.
Трагачот во SSRF со развиено шесто сетило или над сетилно перципирање (ESP) направи истражување засновано на духовната наука за човечкото клонирање. Доби знаење за тоа, преку споредбено истражување помеѓу човечкиот клон добиен од една клетка и човекот кој настанал со оплодување на јајце клетки со сперма. Споредувањето се состои од неколку клучни параметри. Неговата Светост Др. Атавле ја провери точноста на знаењето.
2. Споредба на човечкиот клон и човечкото битие настанато со оплодување на јајце клетки со сперма
Следува кратко резиме на клучните фактори. Параметрите се додадени во слајдовите.
Параметри | Човечки клон добиен од една клетка (%) | Човек што настанал со оплодување на сперма и јајце клетка (%) |
---|---|---|
1. Физичка сила на поединецот да се прилагоди на околината | 30 | 50 |
2. Способност да создава | 30 | 50 |
3. Слободна волја/судбина | Слободна волја | Судбина |
4. Слободна волја/Божја волја | Слободна волја | Божја волја |
5. Квалитет на првата генерација | 30 | 70 |
6. Квалитет на клоновите после петата генерација | 0 | 70 |
7. Подмирување на сметката на земање – давање | 30 | 70 |
8. Веројатност за попречување од страна на негативните енергии | 50 | 30 |
Клучни информации:
- Во денешно време духовното ниво на просечниот човек ширум светот е 20%.
- Сите предмети за ’просечното лице’ или ’Човекот од оплодена јајце клетка’, во овој напис се врзани за духовно просечниот човек, те. човек чие духовно ниво е блиску 20%. Духовно просечен човек може да биде милионер, претседател на држава, или некое славно лице од шоу бизнисот. Цртежите на слајдовите се воглавно однесуваат на такви лица.
Да добиете пристап до слајдовите притиснете на броевите на слајдовите или на плеј копчето во долниот десен агол на слајд презентацијата.
3. Заклучок
Ако се надеваме дека од човечкото клонирање ќе имаме придобивки на физичко или ментално ниво, би било добро да се земе во предвид и духовното влијание. Доколку тоа не се стори ќе го изложиме човештвото на масовни штетни влијаниа.