1. Запознавање со духовниот пат на Акција или Карма јога
Самото име Карма јога или пат на Акција асоцира на социјални работници, или работници кои се занимаваат со милосрдие или волонтери. Сепак, со оглед дека во повеќето случаи се случува со хуманитарна работа да се занимаваат луѓе од емотивни причини или поради слава и публицитет, тоа не може да се смета за пат на Акција или Карма јога во вистинска смисла на тие зборови.
Некои луѓе сметаат дека секојдневното вршење на должноста, чесно и исправно работење на својата работа само по себе претставува Карма јога или пат на Акција. Но, ова исто така не е точно, на пример работењето на овој начин не го потпомага нивниот духовен развој.
Значи, што е всушност пат на Акција или Карма јога?
2. Некои основни концепти
Пред да се позанимаваме со деталите на патот на Акција или Карма јога, треба да разбереме некои основни концепти.
2.1 Законот на Кармата
Според духовната наука, за секоја акција или дело кое го направиме ги береме плодовите. Плодот е форма на заслуга или недостаток зависно од тоа какво дело е сторено, односно од сметката на земање и давање со лицето или лицата кои се вклучени во самото дело.
- Заслугите ни донесуваат среќа, а грешките ни донесуваат несреќа и тоа пропорционално од интензитетот на добрите или лошите дела кои сме ги направиле.
- Никој не може да побегне од своите акции.
- Во случај да во плодовите на своите акции не уживаме или не пропатиме во овој живот (ова се случува во повеќето случаи) тогаш мораме да се родиме поново како би поминале преку она што сме го и заслужиле. Кога ова се случи тогаш мораме да чекаме околностите на Земјта да бидат поволни за да поминеме преку судбината. Всушност, чекаме повторно да се родат луѓето на Земјата со кои имаме сметка на земање и давање и времето на Земјата да е поволно за вид на живот преку кој мораме да поминеме. На пример ако треба да поминеме преку тежок период поради гревовите кои сме ги натрупале тогаш мораме и да чекаме на период да се родиме во време кога генерално е тешко на Земјата.
- Разбирливо е дека никој не би сакал да се подложи на последиците од лошите дела кои ги направил. Од друга страна, зошто некој не би сакал придобивки од заслугите? Една од причините зошто не би уживале во заслугите е таа дека, уживањето во плодовите од заслугите во текот на овој или во текот на наредните животи, предизвикуваме понатамошни заслуги или лоши дела.Тоа нас би не заробило во бескраен циклус на раѓање и умирање и сето тоа како последица на недовршената сметка на земање и давање со луѓето од нашето окружување. Во денешно време, кога на Земјата Дармата (Праведноста) е во забележителен пад, нивото на лошите заслуги со кои сме родени и можноста за стекнување дополнителни во овој живот, доста се високи. Оттука животот на човекот со просечно духовно ниво повеќе е исполнет со несреќа отколку среќа. Поради ова ние сме вовлечени во вителот на постојано незадоволство со релативно кратки периоди на среќа која е со мал интензитет.
2.2 Крија или Крути
Крија се оние акции кои ги правиме и кои немаат ниту добри ниту лоши заслуги. Генерално речено ова се нашите ненамерни и рамнодушни активности како што се трепкањето, кивањето, итн.
2.3 Карма
“Карма“ буквално значи акција или дело кое е направено со намера. Меѓутоа, имајте на ум дека зборот “акција“ или “дело“ не се ограничува само на физичките акции како што се одење, разговор, смеа, итн, туку ги опфаќа и сите активности на 5-те сетилни органи, 5-те моторни органи, умот и интелектот. Од духовна перспектива, кармата се однесува на оние акции кои за последица ги имаат добрите и лошите заслуги. Меѓутоа, дури и ненамерните дела, на пример ако случајно налетаме на некого на улица и ако со удар му нанесеме некоја блага штета, со тоа ќе добиеме лоша заслуга. Сепак 80% од обемот на гревовите кои сме ги заработиле зависат од намерата.
(Имајте на ум дека зборот “Карма“ која овде се користи не е синоним со кармата која ја означува судбината.)
2.4 Акарма-карма (Неакција – акција)
- Ова е врвот на духовниот раст или највисоко ниво кое е можно да го оствариме на духовниот пат на Акција или Карма јога.
- Тоа е можно само во случај на духовно возвишени луѓе кои се на духовно ниво над 80%. Меѓутоа, процесот кога акциите стануваат Акарма – карма почнува на ниво од 80% и станува апсолутен само на духовно ниво од 100%.
- Се случува дури и доброволните/намерни акции да станат крија.
- Примери на дела од типот на “акарма – карма“ се акциите на духовно возвишените луѓе, кои се во потполно заедништво со Бога. Затоа што тие се наоѓаат во состојба каде во потполност ја изгубиле свеста за телото (се однесува на тоа да се оди над свеста за сите тела те. над физичкото, менталното тело, умот и интелектот), плодовите на нивните акции не им припаѓаат на нив. Исто така, бидејќе се луѓе на високо духовно ниво споени и во постојана врска со Бога, било кои дела да се случат преку нив, всушност се случиле само според Божјата волја. Со тоа сите нивни акции се случуваат како не акции.
- Значењето на достигнувањето на ова духовно ниво е во тоа што лицето е ослободено од маѓепсаниот круг на последиците од своите акции.
- Со оглед дека луѓето на високо духовно ниво престануваат да се идентификуваат со своите 5 сетила, умот и интелектот, тие не само што не трупаат заслуги и лоши дела, туку се ослободени од целокупната судбина и санчита (севкупна сметка на земање и давање која е создадена како резултат на доброволните акции). Оттука тие се ослободени од циклусот на раѓање и умирање.
3. Дефиниција на духовниот пат на Акција или Карма јога
Тоа е пат на духовна пракса кој ни дава одговори во врска со
- Зошто правиме акции или дела?
- Зошто нашите акции не попречуваат и заробуваат?
- Како да ги правиме акциите или делата без да са заплеткаме во нивните последици?
- Кои акции или дела не ослободуваат од врзаноста за Маја, на пример циклусот на раѓање и умирање?
- Какво е значењето на константното правење на дела дури и кога сме достигнале ниво на Ослободување (Ѓиванмукта) и кога сме дарувани со Конечно ослободување (Мокша)?
4. Други дефиниции за Карма јога или духовниот пат на Акција
- Правење на акции или дела на начин кој ќе не доведе до духовен раст или ослободување од циклусот на раѓање и умирање, те. Спознание на Бога.
- Да се прави секоја акција и секое дело, дури и световни и материјални работи, на таков начин да не се создаваат нови импресии во нашиот ум, и со тоа се ослободуваме од замките на овие импресии.
- Да се прави секоја акција и секое праведно дело, без било каква врзаност и очекување да добиеме пофалби и заслуги за овие дела.
- Да се прави секоја акција и секое дело со став дека тоа не го правиме ние, туку дека тоа го прави Бог или силата која го задвижува Универзумот, на пример да се прават акции без чувство дека тоа јас го работам. Едноставно чувството дека јас работам значи да се има свест дека делата ги правиме ние, а не Бог преку нас.
(На овој начин, некој може да помисли дека, ако се одречеме од чувството дека јас работам, тоа може да значи неодговорно однесување или намалување на трудот. Сепак, треба да разбереме дека патот на Акција или Карма јога не учи да се трудиме како да се е во наши раце, но да имаме на ум дека тоа што ќе се случи не е воопшто во наши раце.)
5. Придобивки кои ги имаат трагачите од другите патишта на духовната пракса
Дури и трагачите кои ги следат другите патишта, како на пример пат на Медитација или Посветеност, имаат корист ако ја надополнуваат редовно својата духовна пракса со Карма јога.