1

1. Вовед во духовно подобар начин на капење

Кога се бањаме, нашиот примарен фокус е генерално да се очистиме физички. Ретко помислуваме на тоа дали сме се исчистиле на духовно ниво и која техника на капење ќе бида најдобра да се оствари ова. Додека капењето во када или туширањето се најчестите форми на капење во многу земји, преку духовното истражување, SSRF откри дека практика на капење која најчесто се применува во Индија е најдобриот духовно корисен начин на капење.

Преку духовно истражување спроведено од страна на SSRF, беше откриено дека и туширањето и капењето во када, додека се ефективни методи за физичко чистење, се всушност неповолни на духовно ниво. Во овој напис ќе ги споделиме со вас нашите духовно истражувачки наоди за капењето во седечка положба со прекрстени нозе.

Со цел подобро да се разбере овој напис, ви препорачуваме да се запознаете со следниве написи:

2. Капење во седечка положба со прекрстени нозе

2.1 Препорачан метод на капење во позиција со прекрстени нозе

Да би се од капењето во позиција со прекрстени нозе добила максимална придобивка, ги препорачуваме следниве чекори за време на капењето.

Црна енергија: Основното оружје што го користат негативните енергии е црната енергија која всушност е духовна енергија способна да манипилира со било кој процес во регионот на Земјата. Размерите од манипулацијата зависат од моќта на негативните енергии.

Молитви: Пред да почнеме да се капеме треба да се помолиме и да изразиме благодарност на Апослутниот Принцип Вода (Апататва). Можете да се помолите да Раѓа-Тамата биде очистена од вашето тело. Исто така, можеме да се помолиме покрај физичкото чистење на телото биде прочистен и потсвесниот ум.

Додавање духовно чисти состојки: Сатвик духовно исцелувачки продукти како што се Светиот пепел (Вибути), Индиска кравја урина (гомутра) или морска сол може да се додаде во кофата со вода. Тие помогаат да се отстрани црната енергија од телото до побрз степен.

Седечка позиција: Во овој метод на капење лицето седи со прекрстени нозе на дрвен стол. Седење на подот не се препорачува, бидејќи лицето може да биде под влијание на негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн.) Седење на земјата или подот од кадата или туш-кабината може да биде духовно штетно поради вознемирувачките вибрации од пониските региони на Пеколот (Патал) кои го покриваат тлото. Нашите долни чакри (центри на духовна енергија) и долните абдоминални (вклучувајќи ги и репродуктивните) органи се посебно подложни на суптилни напади на овој начин. Затоа е важно да се седи на ниско столче за време на капењето. Дрво е пожелен материја за седење поради позитивните вибрации кои се емитуваа и апсорбираат од него.

Материјали за капење: Се капеме така што поливаме вода по себе од кофата. Нозете можат да се исправат со цел да можат да се очистат сите делови на телото. За време на капењето најдобро е да се користат сатвик шампон и сапун. Скап сапун не значи дека е духовно најдобар.

Пеење на Божјото Име: Додека се капете продолжете да го пеете Божјото Име. Ова помага да се активира Божествената свесност (Чаитанија) во водата.

Молитва: Откако ќе завршите со капењето преку молитва изразете благодарност што сте исчистени.

2.2 Суптилна анализа на капењето со прекрстени нозе во седечка положба

3

Г-ѓа Пријанка Лотоликар, трагач од SSRF со високо развиено шесто сетило на визија, го студираше суптилниот ефект од капењето во седечка положба со прекрстени нозе. Таа нацрта цртеж заснован на суптилното знаење на разните духовни енергии кои ги видела од овој метод на капење.

Цретежот заснован на суптилното знаење го потврди за точност Неговата Светост Др. Атавле. 

Преку ваквите цртежи засновани на суптилното знаење, добиваме увид во тоа како една акција како капењето во седечка положба е духовно корисна за нас.

4

Духовна емоција (Бав): Кога едно лице е во состојба на духовна емоција, неговиот под-свесен ум се спојува со Бога за тоа време. Умот и интелектот се повлекуваат во позадина и лицето е во можност да искуси поврзаност со Бога. Оттука, во оваа состојба лицето нема никакви мисли или сомнежи за духовноста или Бог.
  • Во цртежот заснован на суптилното знаење гледаме дека најпрво се создава духовна емоција (бав). Ова е затоа што во оваа положба (за разлика од стоењето) е поверојатно дека едно лице ќе доживее духовна емоција и да постане интровертно и фокусирано на Бога. Молитвата пред капењето помага да се создаде духовна емоција. Многу е поверојатно да се развие духовна емоција ако се врши (практикува) редовна духовна пракса.
  • Духовната емоција создадена во лицето кое се капе ја активира Божествената свесност во водата. Ова создава заштитен прстен од Боженственост околу лицето. Кога седиме во позиција со прекрстени нозе, формата на телото станува триаголна и околу него полесно се создава заштитна обвивка за време на капењто.
  • Поради зголемената духовна позитивност, Божествена енергија (Шакти) е привлечена од атмосферата. Таа тече низ водата и бидејќи нозете се прекрстени, продолжува да циркулира и останува активна во телото. Ова е спротивно од она што се случува кога се капеме во стоечка положба, каде енергијата истекува од нозете, и губиме поголем дел од придобивката на Божествената Свесност во водата.
  • Кога седиме во позиција со прекрстени нозе, Централниот канал (Сушумнанади) од системот на проток на духовна енергија се активира до одреден степен и ни помага подобро да ја апсорбираме Божествената Свесност од водата.
  • За некои луѓе, седењето на дрвено столче не е опција (не е можно) поради возраста, повреда и/или простор или физички услови. Што треба да направиме во таква ситуација? Една многу едноставна алатка која ја имаме на константно располагање е молитвата. Ако искрено ја кажеме следнава молитва, можеме да ги добиеме придобивките од капењето со прекрстени нозе, дури и ако не можеме физички да се капеме во таа положба.
“О Боже, Јас не сум во можност да се капам во седечка положба со прекрстени нозе. Те молам дозволими да ја добијам истата духовна придобивка додека се капам.”
  • Суптлината црна енергија која може да го покрие телото во текот на наште секојдневни интеракции и активности, исто така е отстранета. Од друга страна, туширањето и капењето во када може да додаде на црната обвивка.

3. Заклучок

Помеѓу многуте опции кои ни се на располагање за нашата лична хигиена, постои широк спектар на духовни придобивки или лоши ефекти на секоја. Без оглед на тоа што можеме да примениме, најголемата придобивка од било кој животен стил, може да се добие, само ако е сатвик, и здружен со духовна пракса. Како што вели поговорката, “ Духовноста е наука за искуство”. Молитва изговорена со духовна емоција е моќна алатка која ни помага да добиеме позитивност од водата и околината и заедно со тоа не штити од негативни енергии.

Еден мудар човек еднаш рече, чистење нечистотија од телото и од под-свесниот ум е вистинско капење. Ова е точно зошто континуираната духовна пракса е вистинското прочистувачко капење.

“Вистинско чистење е духовно чистење; ако умот не е чист, зошто ни треба сапун.?” – Неговата Светост Тукарам