- 2.70% од менталните проблеми потекнуваат од перидот на детството или адолесценцијата.
1. Вовед во тоа како вистинската причина за зависностите се јавува за време на бременоста
Во овој напис го објаснуваме суптилниот механизам да се биде под влијание или опседнат од страна на духовите или суптилните тела на преминатите предци, како основна причина за зависноста.
Духовното истражување покажува дека, секоја акција на духот да припреми едно лице за зависност, започнува во самата утроба. Помалку е веројатно дека духот ќе почне да припрема едно лице за зависност во периодот на адолесценцијата. Причината за ова е следнава – кога е во ембрионална форма, лицето е нај ранливо. Колку е поголем бројот на импресиите за недостатоците на карактерот коишто ги има зачнатата отелотворена душа, толку полесно ќе им биде на духовите/суптилните тела на преминатите предци да влијаат на него.
Следува детален опис на суптилниот механизам на опседнување во утробата.
2. Чекори во развојот на зависноста предизвикана од суптилните тела на преминатите предци во текот на бременоста
Чекор 1: Во повеќето случаи, суптилното тело на преминатиот предок/дух, го напаѓа лицето уште во утробата додека е во ембрионална фаза. Дури и пред зачнувањето, во моментот на самиот сексуален однос, суптилното тело на преминатиот предок влегува во телото на мајката преку нејзината вагина, и ја импрегнира целата матка со црна енергија.
Процесот, кога сперматозоидите се соединуваат со јајце клетката, исто така е прекриен со црна енергија. Ова влијание се намалува, како што се зголемува духовното ниво на родителите. Редовна духовна пракса и молитва пред, и ако е можно за време на самиот сексуален однос, исто така помага да се намали негативното влијание. Молитвата може да биде:
- О Боже, ако денешниот контакт кулминира во зачеток, те молам заштити го плодот од било каков напад на духовите. Те молам дозволи нека зачетокот биде сатвик.
Дури и ако се пропушти можноста за молитва пред и за време на зачетокот, и веќе настанала бременост, родителите се уште можат да го пеат Божјото Име и да ја изговараат следнава молитва:
- О Боже, те молам благослови го бебето со импресија за пеење на Божјото Име, додека е во самата утроба.
Мајката може да ги спои и држи своите раце во нијас позиција, кон својот папок, или да ја рашири дланката на својот папок, и да го пее Божјото Име со молитвите наведени погоре. Ова може да се продолжи на редовна основа во текот на бременоста. Мајката може да ги изговара и следниве молитви:
- О Боже, те молам благослови го бебето со заштитна обвивка од твојата Божествена енергија.
- О Боже, те молам нека бебето вдишува Божествена свесност (Чаитнаија), кога суптилно дише внатре во мене.
Чекор 2: Потоа суптилното тело на преминатиот предок/духот продолжува да шири мрежа од својата црна енергија, насекаде по целата матка. На овој начин, ембрионот е заробен, дури и пред да порасне.
Чекор 3: Во текот на развојот на ембрионот, суптилното тело на преминатиот предок/дух, влијае во текот на развојот на суптилните центри на менталната обвивка и сее семиња на интензивни мисли за зависност. Така ембрионот расте со мисли за зависности.
Ве молиме погледнете го написот – ‘Од што се состоиме?’
Чекор 4: Потоа суптилното тело на преминатиот предок/дух ги напаѓа мозочните ќелии на ембрионот, и ги прави погодни да впиваат мисли за зависност.
Чекор 5: Со понатамошен раст на ембрионот, суптилното тело на преминатиот предок/дух, се спојува со телото на ембрионот, и потполно го опседнува. Како резултат на тоа, некои деца развиваат зависности во нивните тинејџерските години.
Само затоа што еден преминат предок нападнал одреден ембрион, не значи дека тој ќе мора да чека 15-20 години лицето да порасне, за да може да ги задоволи своите желби. Во меѓувреме, тој може да опседнува некој друг од потомците, и така да ги задоволува своите желби за некоја друга материја или супстанција. Она што суптилното тело на преминатиот предок го прави со опседнување на ембрионот и создавање на центар од црна енергија за зависност, е слично на тоа како што богаташ купува станови, викендички или вили во различни градови низ целиот свет. Тој можеби со години нема да посети одреден стан. Меѓутоа, бидејќи го поседува тој стан, тоа му овозможува лесно да влезе, бидејќи станот е спремен за влез, доколку некогаш посака да го користи.
Причината зошто одредена зависност кај некои луѓе започнува порано, за разлика од другите, е затоа што духот чека погоден момент за да активно ја иницира зависноста. Ова ќе зависи од голем број на фактори, кои ја зголемуваат ранливоста на лицето. Овие фактори вклучуваат:
- Намалување на заслугите
- Лош временски период во однос на судбината
- Намалување на силата на волјата, поради психолошки проблеми како што се тешки животни ситуации, напнатост, депресија, итн.
3. Развивање на зависност во текот на бременоста или подоцна поради опседнатост од духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)
Понекогаш луѓе без силна волја стануваат мета на обичните духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) за време на нивното полнолетство. Откако ќе влезат во нивното тело, духовите ги зголемуваат желбите на лицето за одредени материи, и така ги прават зависници. Сепак поголемиот дел од зависниците (т.е. 70% од нив), се под влијание на мислите за зависности, додека се наоѓале во самата утроба на нивните мајки.
За време на нивниот живот, едно лице кое било опседнато и било зависник од некоја супстанција или материја, може да започне да ја сака таа одредена супстанција или барем да наоѓа утеха во неа. Кога тоа лице ќе умре, може да се случи да му недостасува задоволството од зависноста.
После смртта, ова лице самото станува дух и влегува во телото на следната жена од таа генерација, за да ја задоволи својата зависност. Оваа намера да наштети на друго лице, го прави тоа лице дух, и тоа останува заробено во разните циклуси на својата зависност, во текот на многуте животи на своите следни потомци. Овој циклус така се пренесува од генерација на генерација.
Ве молиме прочитајте го написот – “Што се тоа духови и како лицето станува дух?”