Како да се направи Света вода со енергизирање

1. Вовед за тоа како можеме да направиме Света вода

Постојат повеќе начини на кои може да се направи Света вода (Тирта). И тоа:

  • Света вода добиена со додавање на Свет пепел (вибути) во вода
  • Света вода добиена со енергизирање преку пеење на Божјото Име
  • Света вода добиена со додавање на Света земја (овде Света земја се однесува на онаа земја на која живееле Светци.)
  • Осветување вода (ова може да се направи од страна на лице кое е на духовно ниво од над 50%. Под ова духовно ниво едно лице има малку или воопшто нема способност да ја зголеми Божествената свесност (Чаитанија) во водата.)
  • Света вода добиена со допир (т.е. вода допрена од страна на Светец)

Во овој напис ќе ви објасниме како да направите Света вода со енергизирање преку пеење не Божјото Име. Водата, исто така, може да се енергизира и со духовната моќ на рецитирање мантри, но сепак ова е надвор од опсегот на овој напис. Употребата на Света вода добиена од нејзино енергизирање со позитивна енергија преку пеење на Божјото Име е корисна и ефективна мерка на духовно исцелување.

2. Како да направите Света вода со енергизирање

За ова ќе ви биде потребно една чаша вода. Започнете со молитва да вашето пеење на Божјото Име се одвива со максимална можна концентрација и посветеност, и да позитивната енергија од пеењето ја обогати водата со Божествена свесност. Потоа, ставете ја вашата десна дланка преку отворот на чашата. Сега затворете ги очите и започнете да го пеете Божјото Име со максимална можна концентрација и посветеност за време од три до шест минути. После ова, водата е подготвена да се користи како Света вода.

Цртежот заснован на суптилното знаење кој следи, покажува што се случува кога едно лице со духовно ниво од минимум 50%, духовно ја енергизира водата кога го пее Божјото Име.

MKD-How-to-charge-water-with-Chanting

Божествената свесност створена од пеењето на Божјото Име, влегува во водата во чашата преку раката која е поставена преку отворот на чашата. Божествената свесност влегува во вид на бранови и спирала која се ствара на дното од чашата со вода. Таа бива опкружена со духовна енергија (Шакти), на тој начин водата во чашата е збогатена од духовната енергија. Оваа Божествена свесност потоа од чашата се емитува во сите правци.

Придобивката од вака добиената Света вода, зависи од тоа колкава количина Божествена свесност е створена. Затоа, потенцијалот т.е. духовната моќ во Светата вода (направена со наведениот начин), воглавном зависи од духовното ниво на лицето кое ја енергизира. Колку е повисоко духовно ниво на лицето кое ја енергизира, толку е повисока духовната моќ на енергизираната вода.

Ако лицето кое ја енергизира водата е на духовно ниво под 50%, тогаш Светата вода добиена со енергизирање преку пеење на Божјото Име, нема доволно духовна моќ. Во такви случаеви, подобро е да се направи Света вода со додавање на Свет пепел добиен од SSRF миризливи стапчиња. Со оглед на тоа дека повеќе од 80% од населението во светот е на духовно ниво под 50%, Светата вода направена од Свет пепел е најпрепорачлив начин да се направи Света вода.

Влијанието на духовната моќ на Светата вода добиена преку методот на енергизирање

Духовно ниво во проценти Божествена свесност (Чаитанија) створена во водата, во проценти
20% 0.5%
30% 1.0%
40%    2.0%**
50% 2.5%
60% 3.0%
70% 3.5%
80% 4.0%
90% 4.5%
100% 5.0%

* Максималниот процент на Божествена свесност (Чаитанија) кој е можен во еден нежив објект е 6.0% и тоа на конечно почивалиште (Самади) на Светец.

** 2% Божествена свесност (Чаитанија) во Света вода може да постигне и лице на духовно ниво под 40%, доколку при подготвувањето на Светата вода користи Свет пепел.

Светата вода направена со додавање на Свет пепел од SSRF миризливи стапчиња или направена со енергизирање, може да се употреби како силно средство за духовно исцелување, и тоа најчесто на три начни:

  1. Прскање по лицето и околу него, по креветот и по просторот
  2. Примена на болни делови од телото
  3. Светата вода добиена со енергизирање преку пеење на Божјото Име може да се пие како средство за духовно исцелување.

Ве молиме, прочитајте го написот “Како се користи Светата вода“.