За просечниот човек е невозможно, односно не е во состојба да препoзнае Светец, бидејќи тоа е личност која се наоѓа на врвот на духовното развивање. За да го разбереме ова подобро, ќе се послужиме неколку аналогии.
Исто така, ако некој сака да ја измери духовната зрелост или ниво на Светец, кој е на врвот на развивањето во полето на духовноста, тогаш и тој самиот треба да биде Светец на тоа исто духовно ниво.
Просечен човек, па дури и религиозна личност или духовен трагач, не е подготвен да направи проценка за тоа дали одредена личност е Светец. Дури и трагач може само да ги осети фреквенциите на духовно возвиешно лице, само ако разликата во нивното духовно ниво не е повеќе од 20%. Ова е затоа што разликата во фреквенциите стануваат далеку посуптилни за разбирање кога е разликата во духовно ниво поголема од 20%.
Проценка на разликите помеѓу двајца Светци
Со истата логика, невозможно е за еден просечен трагач кој врши редовна духовна пракса, а камо ли човек кој не врши духовна пракса, да ја процени разликата во духовната зрелост помеѓу двајца Светци.
Кој Светец треба да следиме?
Разбирањето на Универзумот на еден просечен човек се движи во обемот на неговите пет сетила, умот и интелектот.
Доста често среќаваме луѓе кои имаат утврдени идеи за тоа како еден Светец би требало да биде и како Тој треба да постапува. Таквиот став е заснован на многу ограничено духовно разбирање. Ова понатаму води до големи погрешни проценки на луѓето, поврзани со тоа кој треба да сметаме за Светец, и кој треба да го следиме.
Како резултат на тоа последиците се:
- Да таквите луѓе не се во состојба да ги почувствуваат суптилните позитивни вибрации кои се емитуваат од духовно возившените лица.
- Не разбираат дека духовно возвишените лица, се всушност, духовно возвишени освен ако тоа не им е потврдено (кажано) од страна на некој авторитет во духовноста, дека тоа одредено лице е духовно возвишено.
Ова го остава просечниот трагач со сомнеж “Од една страна знаеме дека Свтеците се светилници на духовното знаење, но неможеме да препознаеме Светец, тогаш како да му поверуваме, дека е Светец.
Одговорот на ова прашање е дека треба да се фокусираме на личната духовна пракса која се заснова на шесте основни принципи на духовна пракса. Кога трагач во Духовноста ќе направи еден чекор кон спознавање на Бога, тогаш Бог прави десет чекори да му помогне на трагачот, и му овозможува на трагачот да се сретне со правиот духовен водач кој одговара на неговиот духовен копнеж и капацитет.