Духовна пракса според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF) обавувам од 1998-ма година. Во 2001-ва година, зачестено почнаа да ми се појавуваат чирови во устата. Се појавуваа отприлика на секои две недели на различни места во мојата усна празнина. Се консултирав со разни лекари. Третманите кои ги добивав воглавном вклучуваа додавање на Б-комплекс и Дологел (локална анестезија која се применува за чирови). Исто така, се консултирав и со хомеопат, но ниту тоа не беше од корист. Проблемите со чировите продолжија наредните пет години.
Еден ден, својот проблем го спомнав на една трагателка од одделението во SSRF за восприемање на духовната димензија. Таа ми рече дека тој проблем го имам поради влијание од суптилните тела на преминатите предци. Во тоа време, пеев само по три бројаници (т.е. 3 x 108 пати) Името на Божеството Дата. Таа ми предложи да зголемам на девет бројаници дневно. Речиси веднаш можев да осетам придобивка од зголеменото пеење. Интензитетот на чировите и зачестеноста со која тие се појавуваа, исто така, се намалија. После скоро два месеци, тие повеќе не се појавуваа.
Сега, кога ќе погледнам назад, една работа која требаше да ми биде знак дека проблемот е од духовна природа, беше фактот дека воглавном чировите се појавуваа во денови на полна и млада месечина.
Коментар на уредникот:
Иако г-дин Марате пеел три бројаници името на Божеството Дата дневно, откако тој започнал духовна пракса со SSRF, тоа не било доволно за решавање на проблемот со чировите. Дури откако почнал доволно да пее, адекватно спрема неговиот случај, чировите потполно исчезнале.