Компаративно истражување на ефектот од запалена свеќа и запалена ги-ламба со помош на електросоматографска техника на скенирање

За подобро разбирање на овој напис, ве молиме прочитајте го нашиот напис – Духовно истражување со помош на електро соматографска техника на скенирање.

Содржина

1. Вовед

Свеќите се користат веќе илјадници години. Во текот  на 18-от век, свеќите се правеа воглавном од лој и нашироко се користеа да им помогнат на патниците при патувањето во текот на ноќта, за осветлување на домовите и светите места во текот на ноќта (пример за Богослужење во текот на ноќта). Во денешно време, свеќите воглавном се прават од парафин и ги има во различни форми, големина и мирис. Иако, свеќите веќе не се главен извор на светлина, тие се уште нашироко се употребуваат кога ќе дојде до прекин на електричната енергија во текот на ноќта, во отсуство на изменувачи (инвертери) и други алтернативи. Бдение со запалени свеќи е распространето ширум светот како знак на протест. Во многу земји во светот, свеќите симболизираат прослава, романтичен настан, одржување церемонија, или се истакнат украс. Покрај ова, свеќите често се користат на погребите, за време на комеморацијата во чест на сеќавање на луѓето кои починале. Уште еден популарен начин на употреба на свеќите, е нивно палење на олтарот. Во некои делови од светот наместо свеќи се користат ги-ламби (ламби наполнети со прочистен путер), иако нивната употреба е значително намалена.

Иако свеќите се користат во многу цели, дали сме свесни што се случува на духовно ниво кога тие ќе се запалат? За да го утврдиме ефектот на запалена свеќа и запалена ги-ламба на духовно ниво, со помош на модерна опрема направивме компаративно истражување користејќи електро-соматографска техника на десет трагачи од различни земји во светот – пет трагачи кои немаат попречувања од негативни енергии и пет трагачи кои имаат попречувања од негативни енергии.За испитувањето користевме  DDFAO опрема.

2. Некои детали на експериментот

2.1 Времетраење на експериментот

од 31-ви декември 2008-ма година до 27-ми јануари 2009-та година.

2.2 Старосна група на учесниците

од 21 до 56 години.

2.3 Методологија

За повеќе детали во врска со методологијата, ве молиме прочитајте го нашиот напис – Духовно истражување со помош на електро соматографска техника на скенирање.

По запишувањето на основните отчитувања за сите вклучени трагачи, замоливме секој од трагачите да држи запалена свеќа десет минути. Првото испитување е извршено десет минути после изложувањето на ефектите од свеќата, и резултатите беа А1. Потоа, отчитувања беа земени во временски интервали од 1-4 часа, се додека отчитувањата не се израмнија со вредностите од почетното отчитување, а потоа тој дел од експериментот беше завршен.

Откако е извршено ново основно отчитување, ги замоливме трагачите секој поединично да држи запалена ги-ламба, и горенаведениот процес беше повторен се додека учесниците не се вратија на основните вредности.

3. Опсервации

Ефект од држење запалена свеќа и запалена ги ламба за десет минути

Име на трагачот

На активноста на горните четири чакри (чакри)

На активноста на долните  три чакри (чакри)

По држењето запалена свеќа

По држењето запалена ги-ламба

По држењето запалена свеќа

По држењето запалена ги-ламба

Трагачи без попречувања од негативни енергии

Г-дин ПХ

Зголемена

Намалена

Намалена

Зголемена

Г-дин РС

Зголемена

Зголемена

Намалена

Намалена

Г-дин ВД

Зголемена

Зголемена

Намалена

Намалена

Г-ѓа ЛВ

Зголемена

Намалена

Намалена

Намалена

Г-дин АД

Намалена

Намалена

Зголемена

Намалена

Вкупно

Зголемена

4

2

1

1

Намалена

1

3

4

4

Трагачи кои имаат попречувања од негативни енергии

Г-ѓа БС

Намалена

Зголемена

Намалена

Намалена

Г-ѓа ВМ

Намалена

Зголемена

Зголемена

Зголемена

Г-ѓа СЈ

Зголемена

Зголемена

Зголемена

Намалена

Г-ѓа АП

Зголемена

Зголемена

Зголемена

Намалена

Г-ѓа ЈВ

Зголемена

Намалена

Зголемена

Зголемена

Вкупно

Зголемена

3

4

4

2

Намалена

2

1

1

3

Времетраење на ефектот од држење запалена свеќа и запалена ги-ламба за десет минути

Имиња на трагачите

По држењето запалена свеќа

По држењето запалена ги-ламба

Seekers without negative energy distress

Г-дин ПХ

3 часа и 16 минути

77 часа и 56 минути

Г-дин РС

4 часа и 30 минути

31 час и 56 минути

Г-дин ВД

78 часа и 34 минути

44 часа и 16 минути

Г-ѓа ЛВ

3 часа и 55 минути

16 часа и 45 минути

Г-дин АД

11 часа и 31 минута

3 часа и 9 минути

Seekers with negative energy distress

Г-ѓа БС

22 часа и 21 минута

3 часа и 45 минути

Г-ѓа ВМ

3 часа и 36 минути

130 часа и 25 минути

Г-ѓа СЈ

31 час и 15 минути

22 часа и 34 минути

Г-ѓа АП

24 часа и 15 минути

23 часа и 4 минути

Г-ѓа ЈВ

156 часа и 45 минути

95 часа и 15 минути

Минимално и максимално времетраење на ефектот од држење запалена свеќа и запалена ги ламба за десет минути
Тип на трагач Време Запалена свеќа Запалена ги-ламба
Трагачи без попречувања од негативни енергии Минимално времетраење 3 часа и 16 минути 3 часа и 9 минути
Максимално времетраење 78 часа и 34 минути 77 часа и 56 минути
Трагачи кои имаат попречувања од негативни енергии Минимално времетраење 3 часа и 36 минути 3 часа и 45 минути
Максимално времетраење 156 часа и 45 минути 130 часа и 25 минути

Во продолжение следи резиме на нашите опсервации.

3.1 Ефектот од држење запалена свеќа за десет минути врз активноста на Кундалини чакрите

3.1.1 Ефект врз активноста на горните четири чакри

  • 80% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување во активноста
  • 60% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување во активноста

3.1.2 Ефект врз активноста на долните три чакри

  • 20% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување во активноста
  • 80% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување во активноста

3.2 Ефект од држење запалена ги-ламба за десет минути врз активноста на Кундалини чакрите

3.2.1 Ефект врз активноста на горните четири чакри

  • 40% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување во активноста
  • 80% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување во активноста

3.2.2 Ефект врз активноста на долните три чакри

  • 20% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување во активноста
  • 40% од трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии покажаа подобрување во активноста

3.3 Времетраење на ефектот од држење запалена свеќа за десет минути врз активноста на Кундалини чакрите

3.3.1 Минимално времетраење

  • 3 часа и 16 минути во случај на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии
  • 3 часа и 36 минути во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии

3.3.2 Максимално времетраење

  • 78 часа и 34 минути во случај на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии
  • 156 часа и 45 минути во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии

3.4 Времетраење на ефектот од држење запалена ги ламба за десет минути врз активноста на Кундалини чакрите

3.4.1 Минимално времетраење

  • 3 часа и 9 минути во случај на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии
  • 3 часа и 45 минути во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии

3.4.2 Максимално времетраење

  • 77 часа и 56 минути во случај на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии
  • 130 часа и 25 минути во случај на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии

4. Податоци од SSRF-одделението за знаења за суптилната димензија

Ги покажавме табелите и горенаведените податоци на трагачите од SSRF-одделението со развиено шесто сетило и способност на суптилна анализа. Им поставивме прашања за поединечни опсервации и ја побаравме нивната помош како би можеле да разбереме што се случува на суптилно ниво. Добиените информации ни пружија увид во причините за овие опсервации, и разбирање на различните вредности кои го одредија крајниот резултат. Во продолжение следуваат нашите прашања и нивните одговори.

4.1 Духовната наука зад зголемената активност на горните четири чакри кај трагачите, по држењето запалена свеќа

Прашање: Зошто при држењето запалена свеќа за десет минути, DDFAO отчитувањата на вредностите на горните четири Кундалини чакри, укажуваа на зголемена активност кај 80% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, а 60% кај трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии.

Одделение за знаења за суптилната димензија: Запалената свеќа емитува Тама преовладувачки, односно тамасик вибрации.

Цртежот заснован на знаењето за сутпилната димензија добиен од Н.С. Јоја Вале, во продолжениe под текстот, прикажува што се случува во суптилната димензија кога гори свеќа.

Компаративно истражување на ефектот од запалена свеќа и запалена ги-ламба со помош на електросоматографска техника на скенирање

Претходно наведениот цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија покажува дека запалената свеќа е Тамасик.

  • Ефектот од држење запалена свеќа врз горните четири чакри на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии: После десет минутно држење свеќа, горните чакри на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии беа активирани за да се борат со негативни (вознемирувачки) вибрации емитувани од свеќата. Бидејќи овие чакри се активираа за да пружат отпор на негативните вибрации, DDFAO-опремата отчита зголемена активност на горните четири Кундалини чакри.
  • Ефектот од држење запалена свеќа врз горните четири чакри на трагачите кои имаат попречувања од негативните енергии: После десет минутно држење на запалена свеќа во раката, DDFAO отчитувањата коишто одговараат на горните четири Кундалини чакри кај трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии, ист така, укажуваа на зголемена активност. Меѓутоа, причината беше сосема различна. Кај овие трагачи, активноста на горните чакри се зголеми, бидејќи центрите од црна енергија создадени во горните чакри од моќните негативни енергии (мантрици) од Пеколот, се активираат за да ја впијат Тама компонентата од запалената свеќа.

4.2 Концентрација на Тама компонентата во телото на трагачите од запалената свеќа резултира во намалена активност на чакрите

Прашање: Кај тројца трагачи од вкупно десет коишто учествуваа во експериментот, DDFAO отчитувањата покажаа намелена активност во горните четири Кундалини чакри.

Кај 80% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, DDFAO отчитувања на долните три Кундалини чакри, покажаа намалена активност. Која е духовната наука зад овие резултати.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија: Тама компонентата емитувана од запалена свеќа го прави телото неактивно од перспектива на впивање Божествена свесност (Чаитанија) т.е. не го поттикнува телото да впива Божествена свест (Чаитанија).

Телата на тие трагачи ја упиа Тама компонентата емитувана од запалената свеќа, и како резултат на тоа, таа се насобра во нивните тела. Тоа е причината зошто чакрите кај овие трагачи станаа неактивни.

4.3 Впивањето на сатва компонентата од запалена ги-ламба резултира во зголемување на активноста во горните четири чакри кај трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии.

Прашање: Зошто после десет минутно држење на запалена ги-ламба, DDFAO отчитувањата  на горните четири Кундалини чакри покажаа зголемена активност кај 80% од трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија: Во продолжение е прикажан цртеж заснован на знаењето за суптилната димензија кое го прими Н.С. Јоја Вале, покажува што се случува во духовната димензија кога е запалена ги-ламба.

Компаративно истражување на ефектот од запалена свеќа и запалена ги-ламба со помош на електросоматографска техника на скенирање

Горните четири чакри се почувствителни на сатва компонентата од долните три чакри. Затоа, тие брзо ја впиа сатва компонентата и ја складираа во телото. Бидејќи овие трагачи немаат никакви попречувања од негативни енергии, не постоеше никаков отпор при самиот процес на впивање. Како резулатат на тоа, забрзаната концентрација на сатва компонентата ги активираше чакрите.

4.4 Горните четири чакри на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии и имаат духовно ниво од 60% во голема мера ја впиваат сатва компонентата од запалената ги-ламба, што води во нивно преминување во нематеријализирана (ниргун) состојба.

Прашање: Зошто DDFAO отчитувањата кои одговараат на горните четири Кундалини чакри на г-дин ПХ и г-дин АД, трагачите кои немаат попречувања од негативните енергии и со духовно ниво  од над 60%, покажаа намалена активност во четири горни чакри, после десет минутно држење на запалена ги-ламба.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија: Бидејќи г-дин ПХ и г-дин АД немаат попречувања од негативните енергии, при процесот на впивање на сатва компонентата од запалената ги-ламба, не постоеше никаков отпор. Оттука, тие брзо ја впиа сатва компонентата и ја складираа во нивните тела. Како резултат на ова, брзата концентрација на сатва компонентата во голема мера ги активираше нивните чакри. Ако процентот на сатва компонента во било која компонента драматично се зголеми, таа преминува над компонентите. Ова значи дека преминува од материјализирана (сагун) во нематеријализирана состојба. Тоа е она што се случи кај овие трагачи и затоа DDFAO опремата отчита нематеријализирана (ниргун) состојба како неактивност во чакрите.

4.5 Обвивка од црна енергија околу горните четири чакри на трагачите со попречувања од негативни енергии, се намалува поради контактот со сатва компонентата емитувана од запалената ги-ламба, поради што се зголемува активноста на овие чакри.

Прашање: Зошто DDFAO отчитувањата кои одговараат на  горните четири Кундалини чакри на трагачите со попречувања од негативни енергии, покажаа зголемена активност во горните четири чакри, после десет минутно држење на запалена ги-ламба.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија: Кај трагачите со попречувања од негативните енергии, поради постојаните напади од негативни енергии и поради центрите од црна енергија создадени од негативните енергии, црната енергија се насобрала во горните четири чакри. Ова ги направи неактивни или со други зборови ја намали нивната способност да функционираат. Поради контактот со Сатва компонентата добиен од запалената ги-ламба, обвивката која е раѓа-тама доминантна беше уништена. Како резултат на тоа, горните четири чакри почнааа да функционираат, односно се активираа.

4.6 Духовната наука зад зголемената активност на долните три чакри при запалена ги-ламба кај трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии и го следат Патот на Акција

Прашање: Зошто DDFAO отчитувањето спроведено на пет трагачи без попречувања од негативните енергии кои држеа запалена ги-ламба, покажа зголемена активност на долните три Кундалини чакри само кај г-дин ПХ.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија: Секој поединец обавува духовна пракса според неговата основна конституција. Затоа, според конкретниот процес на мисијата според одредениот пат на духовна пракса, активноста во одредени чакри е погодна, со други зборови, е поволна за неговата мисија. Кога трагачите кои го следат Патот на Акција (Кармајога), доаѓаат во контакт со сатва доминанта, односно сатва компонента, нивните долни три чакри кои се однесуваат на телесните активности стануваат активни. Г-дин ПХ е трагач кој го следи Патот на Акција (Кармајога). Ова е причината зошто по држењето запалена ги-ламба, неговите долни три чакри станаа активни.

4.7 Ефект на позитивните компоненти видлив на ниво на одредени чакри во зависност од видот на негативната енергија која го има опседнато тоа лице

Прашање: Зошто DDFAO отчитувањата кои одговараат на долните три Кундалини чакри кај 40% од трагачите без попречувања од негативните енергии, покажаа зголемена активност во долните три Кундалини чакри по држењето запалена ги-ламба.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија: Ефектот на позитивните и негативните компоненти се гледа на конституцијата на поединецот на ниво на чакрите, според видот на негативната енергија која ја опседнала таа личност. Долните три чакри на г-ѓа ВМ и г-ѓа ЈВ беа под влијание на инфериорни негативни енергии мантрици во тоа време. (Моќни негативни енергии (мантрици) влијаат на горните четири чакри). Тоа е причината зошто долните три чакри одговорија на чистотата (сатвикот) од запалената ги-ламба со зголемување на нивната активност.

4.8 Духовната наука зад максималното времетраење на ефектот од држење запалена свеќа врз чакрите на трагачите со попречувања од негативните енергии и зошто траењето е подолго од максималното времетраење на ефектот од држење запалена ги-ламба

Прашање: Кај трагачите со попречувања од негативни енергии, максималното времетраење на ефектот од држење запалена свеќа беше 156 часови и 45 минути; додека оној од држење запалена ги-ламба беше 130 часа и 25 минути. Која е духовната наука зад оваа разлика?

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија:

  • Трагачите со попречувања од негативните енергии веќе имаат центри од црна енергија кои даваат максимален одговор на вознемирувачките (стресни) вибрации, па ефектот на тамасик запалената свеќа трае подолго од оној на сатвик запалената ги-ламба: Негативните енергии создаваат негативни енергетски центри во лицата на коишто влијаат. Овие центри даваат брз и максимален одговор на вознемирувачките (негативни) вибрации околу нив. Нивните тела се погодни за Раѓа-Тама доминантните компоненти во атмосферата. Затоа, ефектот на било која Раѓа-Тама преовладувачка компонента трае подолго од оној на било која сатва компонента. Тоа е причината зошто ефектот од држење запалена свеќа траеше подолго од оној на држење запалена ги-ламба.
  • Сатвик вибрации од запалената ги-ламба се искористени за уништување на вознемирувачките вибрации во телото, па така ефектот на ги-ламбата трае пократко од оној на запалена свеќа. Сатвик компонентата го има ефектот на суптилна борба во телата на лицата со попречувања од негативни енергии. Оттука, и покрај тоа што телото впива позитивни вибрации од сатвик компонентата, тие се искористени за уништување на негативните центри во телото. Тоа е причината зошто ефектот од сатвик компонентата не трае толку долго како оној од тамасик компонентата.

4.9 Времетраење на ефектот од сатвик и тамасик компонентите на трагач кој има попречувања од негативните енергии зависи од тежината на попречувањето

Прашање: Во случајот на г-ѓа ВМ, трагачка која има попречувања од негативни енергии времетраењето на ефектот од држење запалена ги-ламба беше 130 часа и 25 минути. Времетрањето на ефектот од држење запалена свеќа беше само 3 часа и 36 минути. Која е причината зад подолгото времетраење на ефектот од запалена ги-ламба, во споредба со оној на запалена свеќа?

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија:

  • Општо – запалената ги-ламба е сатвик, па така нејзиниот ефект трае подолго од оној на тамсик запалената свеќа. Односот на посилниот и подолг ефект на Сатва компонентата е поголем од оној на запалена свеќа. Ова е затоа што Тама компонентата сама по себе е склона кон разградување и има повеќе инерција во споредба со Сатва компонентата. Ова е причината зошто нејзиниот ефект трае пократко. Сатва компонентата има поголема способност да влијае на седумте Кундалини чакри  и ствара долготраен ефект, во споредба со Тама компонентата.
  • Ефектот на сатвик компонентата зависи од духовната емоција (Бав): Колку е поголема нашата духовна емоција т.е. бав (Бав) додека држиме сатвик предмет, толку е поголем процентот на концентрацијата на сатвикот во нашето тело. Ова е причината зошто духовната емоција е важна.
  • Како негативната енергија ги користи вознемирувачките вибрации кои се емитуваат од запалената свеќа да би влијаела на сите присутни во таа околина, нејзиниот ефект на трагачите е краток: При држењето запалена свеќа,  ефектот на нејзините тамасик вибрации беше поголем на најблиската околина, отколку на г-ѓа МВ. Ова е затоа што мантриците ја искористија запалената свеќа за да влијаат на присутните во таа околина. Тоа е причината зошто ефектот на трагачите беше помал.
  • Ефектот на телото е посилен, ако негативната енергија која го опседнала трагачот е моќна: Ако негативната енергија која го опседнала трагачот е моќна, тогаш таа ги впива вознемирувачките (негативни) вибрации од запалената свеќа, да би ги зајакнала своите негативни енергетски центри во телото на трагачот. Во тој случај, ефектот од запалената свеќа врз Кундалини чакрите на трагачите трае подолго.

4.10 Времетраење на ефектот од тамасик компонентите врз чакрите зависи од тежината на попречувањата од негативните енергии кај трагачите

Прашање: Која е духовната наука која стои зад оваа широка варијација во времетраењето на ефектот од држење запалена свеќа кај двајца трагачи со попречувања од негативните енергии? Ефектот траеше 3 часа и 56 минути кога г-ѓа ВМ држеше запалена свеќа, а 156 часа и 45 минути кога г-ѓа ЈВ држеше запалена свеќа.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија:

Г-ѓа ВМ има благи попречувања од негативните енергии. Тоа е причината зошто при држењето на запалената свеќа, таа впиваше само мала количина од тама компонентата емитувана од запалената свеќа. Впиената тама компонента беше брзо уништена од сатва компонентата во нејзе. Затоа, ефектот од држење запалена свеќа траеше само 3 часа и 36 минути.

Од друга страна, г-ѓа ЈВ има сериозни попречувања од негативните енергии. Таа е опседната од силна негативна енергија мантрик. Горните четири чакри на трагачите кои се опседнати од силни негативни енергии мантрици, имаат поголема способност да одговорат, односно да впијат и шират вознемирувачки вибрации во околината. Оттука, мантрикот кој ја опседнал г-ѓа ЈВ ја искористи оваа прилика да впие голема количина на тама компонентата од запалената свеќа. Затоа, ефектот траеше подолго т.е. 156 часа и 45 минути.

4.11 Времетраењето на ефектот од запалената свеќа зависи од тоа дали духовното ниво е над или под 60% кај трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии.

Прашање: Која е духовната наука која стои зад оваа разлика во времетрањето на ефектот од држење запалена свеќа кај двајца трагачи кој немаат попречувања од негативни енергии? Ефектот на г-дин ПХ траеше 3 часа и 16 минути; додека на г-дин ВД траеше 78 часа и 34 минути.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија: Духовното ниво на г-дин ПХ е над 60% и во него преовладуваат вибрации кои се поврзани со позитивна енергија. Затоа, кога тој држеше запалена свеќа тој впиваше само мал процент од тама компонентата емитувана од свеќата. Тоа е причината зошто нејзиниот ефект траеше пократко т.е. 3 часа и 16 минути.

Иако и г-дин ВД, исто така, има попречувања од негативните енергии, неговото духовно ниво е под 60%. Тоа е причината зошто неговото тело впиваше поголема количина од тама компонентата емитувана од запалената свеќа. Затоа, ефектот траеше подолго т.е. 78 часа и 34 минути.

4.12 Времетраењето на ефектот од сатвик компонентите врз чакрите зависи од тежината на попречувањата од негативните енергии кај трагачите

Прашање: Во случај на г-ѓа ВМ, трагачка со попречувања од негативни енергии, времетраењето на ефектот од држење запалена ги-ламба беше 130 часа и 25 минути. Меѓутоа, во случај на г-ѓа БС, трагачка со попречувања од негативни енергии, времетраењето на ефектот од држење запалена ги-ламба беше 3 часа и 45 минути. Која е причината која лежи зад подолгото времетраење на ефектот од запалена ги-ламба кај г-ѓа ВМ, во споредба со оној на г-ѓа БС?

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија:

Г-ѓа ВМ има благо попречување од негативните енергии. Затоа, после држењето запалена ги ламба, сатва компонентата впиена од ги-ламбата беше полека уништена. Тоа е причината зошто ефектот траеше многу подолго т.е. 130 часа и 25 минути.

Г-ѓа БС, трагачка со попречувања од негативните енергии е опседната од силна негативна енергија мантрик. Мантрикот создал негативни енергетски центри во нејзиното тело кој брзо и максимално одговараат на вознемирувачките вибрации. Нејзиното тело не е погодно за функционирање на било каква надворешна сатвик компонента. Всушност, било кој сатвик вибрации да доаѓаат од надвор се борат со нејзиното тело. Затоа, ако нејзиното тело впие сатвик вибрации, тие се искористени за уништување на негативните енергетски центри во нејзиното тело. Тоа е причината зошто ефектот траеше многу пократко.

4.13 Времетрањето на ефектот од држење запалена ги-ламба врз трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии и се на духовно ниво над 60%, зависи од нивниот пат на духовна пракса

Прашање: Во случај на г-дин АД, трагач без попречувања од негативни енергии и со духовно ниво на 60%, времетраењето на ефектот од држење запалена ги-ламба траеше 3 часа и 9 минути. Меѓутоа, во случај на г-дин ПХ, исто така, трагач без попречувања од негативни енергии и со духовно ниво над 60%, времетраењето на ефектот од држење запалена ги-ламба траеше 77 часа и 56 минути. Која е причината за подолгото времетраење на ефектот од ги ламба врз г-дин ПХ, во споредба со оној на г-дин АД?

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија:

Горните четири чакри на трагачите со духовно ниво над 60% имаат голема способност да одговорат на сатва компонентата, и да ја сочуваат. Поради тоа, кога четирите горни чакри на г-дин АД ја концентрираа сатва компонентата, ја напуштија сагун состојбата и започнаа да се движат кон ниргун состојба. Кога сатва компонентата ќе се зголеми кај трагачите поврзани со позитивна енергија, и имаат зголемена способност да одговорат на сатва квалитет, и кои се на духовно ниво над 60%, нивниот Сушунмнанади (Сушумна-нади) се активира. Активиран Сушумна-нади предизвикува сите чакри  да преминат во ниргун состојба т.е. неактивна состојба. Тоа е причината зошто ефектот од држење запалена ги-ламба врз седумте Кундалини чакри кај г-дин АД, беше само 3 часа и 9 минути.

Во своите духовни патувања, некои луѓе преминуваат од ниргун во сагун состојба, додека други од сагун во ниргун состојба. Г-дин ПХ, има духовно ниво поголемо од 60%, и голем процент на вибрации поврзани со позитивна енергија. Бидејќи тој го следи Патот на Акција, според неговата духовна конституција, неговите долни три чакри се чувствителни на сатва компонентата. Тоа е причината зошто кога тој ја држеше ги-ламбата, неговите долни три чакри прво ја впија сатва компонентата и ја концентрираа од внатре. Поради ова тие отидоа далеку над сагун состојбата и покажаа склоност кон неактивност. Потоа оваа концентрирана сатва компонента, го започна своето патување нагоре да ја активира Божествената свесност (Чаитанија) во горните четири чакри. Затоа, после некое време, горните четири чакри, исто така, ја концентрираа сатва компонентата. Како резултат на тоа, тие се откажаа од нивната сагун состојба и покажаа склоност кон неактивност, што укажува на ниргун состојба. Бидејќи овој процес траеше подолго време, кога г-дин ПХ држеше ги-ламба, ефектот траеше 77 часа и 56 минути.

4.14 Духовната наука зад подолгиот ефкет на времетраење од држење запалена ги-ламба од оној на држењето запалена свеќа кај трагачите со позитивни вибрации,  духовно ниво над 60% и без попречувања од не негативни енергии

Прашање: Во случај на г-дин ПХ, трагач со позитивни вибрации, духовно ниво над 60% и без попречувања од негативни енергии, времетраењето на ефектот од држење запалена ги-ламба траеше 130 часа и 25 минути. Времетраењето на ефектот од запалена свеќа траеше 3 часа и 36 минути. Која е причината зад подолгото времетраење на ефектот од ги-ламба, во споредба со оној на запалена свеќа.

SSRF одделение за знаења за суптилната димензија:

Бидејќи духовното ниво на г-дин ПХ е над 60% и има позитивни вибрации во телото, тој можеше да впие голем процент од сатвик вибрациите емитувани од ги-ламбата. Тоа е причината зошто ефектот од држење запалена ги-ламба траеше 77 часа и 56 минути. По држењето запалена свеќа во раката, само мал процент од тамасик вибрациите емитувани од неа беа апсорбирани. Дури и тие беа брзо уништени од сатвикот во неговото тело. Затоа, овој ефект на неговите седум чакри траеше пократко т.е. 3 часа и 16 минути.

5. Заклучоци

5.1 Штетен ефект на тама компонентата од запалена свеќа

  • Кога трагачи без духовни попречувања држат запалена свеќа, поради контактот со тамасик вибрациите од неа, тама компонента се концентрира во нивното тело. Поради ова, активноста на нивните горни и долни чакри се намалува.
  • Негативните енергетски центри во телото на лицето со попречување од негативни енергии одговараат брзо и максимално на вознемирувачките вибрации емитувани од запалената свеќа. Тоа е причината зошто времетраењето на ефектот од запалена свеќа трае подолго од оној на запалена ги-ламба. Од друга страна, сатвик вибрациите од запалена ги-ламба се користат за уништување вознемирувачките центри во телото. Затоа, ефектот од ги ламбата трае пократко.
  • Ефектот од запалена свеќа трае според сериозноста на попречувањата од негативните енергии: Времетраењето на ефектот од запалена свеќа трае пократко во лице со благо попречување од негативни енергии. Ова е затоа што, тама компонентата од запалената свеќа е впиена во помала мера. Лицата опседнати од силни негативни енергии мантрици ја впиваат тама компонентата во поголема мера. Тоа е причината зошто ефектот од запалената свеќа трае подолго време.

5.2 Придобивката на сатвикот од запалена ги-ламба

  • Кога трагачи без попречувања од негативни енергии држат запалена ги-ламба, поради контактот со сатвик вибрациите од неа, сатва компонента се концентрира во нивните тела. Поради ова, активноста на нивните горни четири чакри се намалува. Кај трагачите кои го следат Патот на Акција, дури и активноста на нивните долни три чакри се намалува.
  • Кај трагачите со духовно ниво над 60% и без попречувања од негативни енергии, поради контактот со сатвик вибрациите емитувани од запалена ги-ламба, сатва компонентата во нивните тела се зголемува. Како резултат на тоа, нивните четири горни чакри ја напуштаат својата сагун состојба и преминуваат во ниргун состојба. Тоа е причината зошто нивната активност се намалува.
  • При држењето запалена ги-ламба која емитува сатвик вибрации, обвивката од црна енергија околу горните четири чакри кај трагачите со попречувања од негативни енергии се намалува. Кога трагачи со попречувања од негативни енергии држат запалена ги ламба, поради контактот со нејзините сатвик вибрации, поради насобрана црна енергија, обвивката од црна енергија околу горните четири чакри се намалува. Истовремено, активноста на овие чакри се зголемува. Кај трагачите опседнати од инфериорни негативни енергии, активноста на долните три чакри се намалува.
  • Кога трагачи со благо попречување од негативни енергии држат запалена ги-ламба, сатва компонентата впиена од ги-ламбата, полека се намалува. Затоа, ефектот од ги-ламбата трае подолго. Кај трагачите со сериозно попречување од негативни енергии, впиената сатва компонента е искористена за уништување на вознемирувачките негативни енергетски центри во нивните тела. Како резултат на тоа, ефектот од ги-ламбата трае само одредено време.
  • По држењето запалена ги-ламба, времетраењето на нејзиниот ефект врз седумте Кундалини чакри е пократко во случај на трагачите кои се движат од ниргун кон сагун состојба. Во случај кога трагачи се движат од сагун кон ниргун состојба, ефектот трае подолго.

6. Резиме

6.1 Сведете ја на најниско ниво употребата на свеќи

Овој експеримент ни го покажа штетниот ефект да се биде во контакт со запалена свеќа. Во денешено време, употребата на свеќи е многу распространета. Откако го разбравме нејзиниот ефект, можеме да се обидеме што е можно помалку да користиме свеќи.

6.2 Чекори за да се ограничи штетниот ефект на свеќите

Кога употребата на свеќи неможе да се избегне, можеме да се обидеме што повеќе да го намалиме нивниот штетен ефект. Тоа можеме да го постигнеме со помош на заштитна рамка која ја добиваме со пишување на Божјото Име околу запалената свеќа. Исто така, можеме со духовна емоција да му се помолиме на Бога за заштита од штетниот ефект на запалена свеќа.

6.3 Кристете ги-ламба секогаш кога е можно

Овој експеримент, исто така, ни го покажа корисниот ефект од употребата на запалена ги-ламба. Кристењето запалена ги-ламба е се поретка практика. Покрај причините како што е нејзината големина во споредба со свеќата, важна причина е недостатокот на свеста за нејзините многу корисни/високи придобивки од нејзиниот ефект. Откако го разбравме нејзиното значење, можеме да се обидеме да ја користиме секогаш кога е можно.

6.4 Важноста да се пали ги-ламба пред олтарот

Главана духовна цел на палењето свеќа или ламба пред олтарот (слики или Божји симболи) е да ја впие сатвата емитувана од олтарот. Кога палиме свеќа, не само што не сме во можност да ја впиеме сатвата, туку и шириме тамасик вибрации во околината. Од друга страна, можеме најдобро да ја впиеме сатвата, кога ќе запалиме ги-ламба. Имајќи го ова во предвид, можеме да се потрудиме да палиме ги-ламба пред олтарот, секогаш кога е можно.