Главен истражувач: Др. Нандини Самант, МББС, ДПМ
Содржина
1. Вовед
Во текот на нашето духовно истражување користејќи современа опрема, откривме дека улогата на опремата сама по себе како средство за истражување беше ограничена. На пример, во експериментот да го тестираме ефектот од невегетаријанска и вегетеријанска храна на Кундалини чакрите (духовно енергетските центри) на трагачите со и без попречувања од негативните енергии, откривме дека 80% од испитаниците без попречувања од негативните енергии и 100% од испитаниците со попречувања, покажаа подобрување во активноста на нивните чакри, по конзумирањето невегетаријанска храна.
Интересно е тоа што отчитувањата добиени од одделението за знаења добиени од суптилната димензија со посредство на развиено шесто сетило, покажуваат дека причините за подобрувањата кај овие две категории се потполно различни.
Во случајот на трагачите кои немаат попречувања од негативни енергии, причината за зголемената активност на чакрите е тоа што тие веќе беа активно подготвени да се борат против негативните вибрации кои се емитуваат од невегетаријанската храна.
Спротивно на тоа, во случајот на трагачите кои имаат попречувања од негативни енергии, негативните енергетски центри создадени од суптилните Мантрици (силни негативни енергии) во горните чакри се активираа подоготвено за да ја впијат основната суптилна Тама компонента од невегетаријанската храна.
2. Коментар на одделението за знаења добиени од суптилната димензија
Нашето одделение за знаења добиени од суптилната димензија направи суптилна анализа на отчитувањата од сите експерименти. Нивната суптилна анализа покажа дека повремено, како во примерот опишан погоре, основните причини за двете слични отчитувања добиени со современа опрема се дијаметрално спротивни. Сепак, модерниот научен свет ги толкува ваквите слични отчитувања како слични настани. Од оваа перспектива, одделението за знаења добиени од суптилната димензија ја објасни ограниченоста на научната опрема во истражувањата и нивната улога во секојдневниот живот како дијагностички алатки.
2.1 Само духовно возвишено лице може да ја разбере причината која стои зад одредено отчитување
Опремата може да ни даде информации со 30% точност и ни помога да донесеме заклучоци на грубо ниво, на пример, дека чакрите се неактивни. Меѓутоа, причината за неактивноста на чакрите може да ја знае само духовно возвишено лице.
Донесувањето одлуки врз основа на резултатите кои ни ги овозможува опремата е слично како лекување на нечија болест врз основа на симптомите, не земјаќи ја во предвид вистинската причина за болеста која е од пресудно значење. Ако сме во состојба да ја одредиме вистинската причина на било кој даден проблем, тогаш можеме да ги примениме соодветните средства и да го отстраниме проблемот во целост. Ако ја пронајдеме вистинската причина користејќи ги информациите добиени со помош на опремата и суптилните анализи, можеме да примениме складни мерки на соодветни нивоа за да може вистинската духовна причина во целост да се отстрани. Духовната наука препорачува мерки за кои имаат капацитет да привлечат Божествена свесност (Чаитанија) кон пациентот. Оваа Божествена свесност ефикасно работи и ја отстранува духовната причина на проблемот. Затоа, единствено и само духовната наука може да даде мерки за духовно исцелување кои се 100% ефикасни, за сите проблеми. Во спротивно, ако одлуките се донесуваат само на физичко ниво, потпирајќи се само на модерната наука, ќе бидат погрешни и во голема мера безвредни.
2.2 Неможноста на опремата да снима отчитувања од момент во момент
Бидејќи севкупниот сатвик во општеството се зголемува како резултат на напорите кои ги вложуваат трагачите кои акитвно обавуваат духовна пракса за ширење на Духовноста (самашти садна,), негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн) во животната средина се погодени и тоа на нив неповолно влијае. За да се заштитат, негативните енергии (духови, демони, ѓаволи, итн) му се спротивставуваат на трагачот попречувајќи го постојано со Раѓа-Тама. Како резултат на тоа, неговото тело станува како бојно поле. Постојат бројни начини на кои неговото физичко тело, ум и интелект можат да бидат погодени во било кој момент. Како би му помогнале, идеално би било да ја забележиме природата на попречувањето (нападот) и резултатот од попречувањето врз него, токму во моментот кога попречувањето се јавува. Затоа е важно да се земаат отчитувања континуирано. Решенија треба да се даваат согласно проблемот во тој момент. Ова практично е невозможно да се направи со користење на модерно научна опрема, бидејќи е тешко да се земат отчитувања со било која опрема, во однос на значајните флуктуации кои се одививаат секоја втора секунда. Како резултат на тоа, можноста да се утврди специфичниот проблем во тој одреден момент е сериозно намалена, правејќи ја веројатноста за пронаоѓање решение и соодветни мерки многу ниска. Ова е ограниченоста на модерната наука.
Спротивно на тоа, духовната наука сама по себе е комплетна. Ако некое лице обавува духовна пракса на редовна основа, духовната енергија која се добива од таквото обавување делува како постојана духовно исцелувачка мерка. Тоа му помага на лицето да ги надмине проблемите со кои се соочува во секој момент. Затоа, не постои друга алтернатива од обавувањето духовна пракса според шесте основни принципи на духовна пракса, бидејќи Божествената свесност добиена од духовната пракса, постојано го штити лицето од Раѓа-Тама влијанието.
3. Коментар на Неговата Светост Др. Атавле
Постојат многу видови на опрема која денес ни е достапна и која може да ги открие причините зад физичките и менталните болести. На пример, абдоменален ултразвук може да открие дека причината за јаките болки во стомакот кај пациентот е камен во бубрегот и на тој начин да придонесе кон донесувањето на одлуката за лечењето. Сепак, тие можат да дадат информации само за болеста на физичко ниво. Суптилната причина зад секоја болест, на пример, попречување предизвикано од силни негативни енергии, судбина, итн, неможе да биде откриена од ниеден модерен уред или опрема. Само откако ќе се обавува духовна пракса и ќе се добие знаење за регионите на Универзумот, се до седмиот регион на Пеколот (Патал), можеме да ги дознаеме сите причини. Затоа, обавувањето духовна пракса е најдобриот лек за било која болест.
Наместо привремено да се обавува духовна пракса чисто како духовно исцелувачка мерка со единствена намера да се отстрани духовната причина на проблемот, многу е покорисно да се инвестира во постојана духовна пракса. Ако тоа го правиме, можноста да се појави проблем може да биде заобиколена или неговиот интензитет може да биде значајно намален или ублажен.