Хронична мигрена – духовен третман

SSRF ги објавува овие анализи на случаите, со намера да на своите читатели им овозможи насочување во врска со проблемите кои што се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои својата вистинска причина можат да ја имаат во духовната димензија. Кога коренот на проблемите е од духовна природа, забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии, заедно со мерките за духовно исцелување кај лечењето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.

Вовед

Апарна Гуде, дипломиран фармацевт од Индија беше зафатена од хронична мигрена, односно, главоболки од нејзините рани тинејџерски години. Таа ги проба сите конвенционални медицински средства за да ги отстрани овие главоболки, но безуспешно. Конечно, преку Фондацијата за истражување заснована на духовната наука SSRF, таа дозна дека основната причина за нејзината мигрена, односно главоболките, беше напад од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Тоа сознание се случи дури откако беа употребени различни средства за духовно исцелување кои придонесоа конечно да се воспостави контрола над нејзините главоболки. Оваа студија обезбедува увид во тоа како духовите создаваат суптилна инфраструктура за да предизвикаат мигрена, односно главоболки. Заедно со ова, обезбедивме и објаснување за начините како различните средства за духовно исцелување се дизајнирани и насочени. Разните средства за духовно исцелување се дизајнирани така, што ја надминуваат болеста со неутрализирање на штетните ефекти на оваа суптилна инфраструктура и конечно да ја уништи.

MKD_Aparna-Gude

1. Проблемот на Апарна на хронична мигрена – главоболки

Главоболките на Апарна почнаа кога таа беше 13 години. Мигрената, односно главоболките ќе почнеа на задниот дел од главата, на местото каде главата се спојува со рбетниот столб, а потоа се поместуваа нагоре кон левата или десната страна и ќе продолжеа со промена на страните наизменично. Тоа редовно се случуваше на секои две недели. Времетраењето на овие главоболки траеше по три денови во делот придружени со гадење и повраќање. И најмалиот звук или светлина ќе ја влошеа главоболката. Интензитетот ќе беше толку тежок што таа ќе мораше да легне и ќе беше неспособна да прави било што. За време на нејзината мигрена, односно главоболките, Апарна ќе постанеше исклучително избувлива, барајќи многу внимание и поддршка од нејзината мајка.

2. Првичниот третман на хронична мигрена – главоболки

За да се избори со овој проблем на хронична мигрена – главоболки, Апарна се консултираше со многу доктори и беше ставена на различни медицински средства како Новалгин, Мигранил, антициди, средства за смирување како Алпразолам итн. Таа, исто така беше третирана со алтернативна терапија како што е Хомеопатија но дури и ова и даде само ограничено ослободување од болката.

3. Ослободување од хроничната мигрена – главоболки

Во 1997 година, околу седум години откако хроничната мигрена започна, Апарна наиде на SSRF преку еден познаник. Таа веднаш започна духовна пракса под водство на SSRF. Таа почна да го пее Името на нејзиното семејно Божество. Заедно со ова, таа, исто така, го пееше и Името на Богот Дата за да ги надмине проблемите предизвикани поради суптилните тела на преминатите предци.

4. Зголемување на интензитетот на хроничната мигрена – главоболки

Апарна се зафати со духовната пракса. Таа активно им помагаше на другите да ја разберат Духовноста и даваше се од себе да ја шири Духовноста. Во 2004 година, како што Апарна ја интензивира нејзината духовна пракса ширење на Духовноста во општеството, таа, исто така, почна да биде напаѓана од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)

Овие напади беа насочени кон нејзино спречување од ширење на Духовноста, што придонесува за зголемување на основната суптилна компонента Сатва во општеството. Ова зголемување на основната суптилна компонента Сатва ги прави духовите не комфорни, бидејќи тие во основа се суптилна Тама преовладувачки и не можат да се одржат самите во сатвик животна средина.

Одеднаш и без некоја очигледна причина, интензитетот на нејзините главоболки се зголеми. Главоболките почнаа да траат и по 5-6 дена, а фреквенцијата на појавувањето остана константна. Еден одреден напад беше многу тежок.

Тоа беше во Април 2004 година. Јас бев во Варанси центарот на SSRF во текот на мојата турнеја низ Северна Индија со цел да ја ширам Духовноста. Додека бев таму, доживеав еден од моите најлоши напади. Нападот траеше 13 дена со ист интензитет без намалување на симптомите. Лежев во агонија и трагачите во Ашрамот мораа да се грижат за мене. На 14-от ден, ми дојде идеја за прв пат дека јас треба да зборувам со Неговата Светост Др. Атавле. Му се јавив и зборував со Него. Во првите 5 миниту од нашиот разговор, мојата главоболка исчезна целосно и јас можев да продолжам со моите вообичаени должности.

Светците имаат висока концентрација на Сатва компонентата и Божествената свесност (Чаитанија). Апарна, од друга страна, беше тешко погодена од страна на дух кој е претежно составен од Тама компонентата. Кога секое лице е во контакт со Светец, во директен контакт или преку телефон или во мислите, тие доаѓаат во допир со оваа висока Сатва компонентата, која потоа се пренесува до нив. Ова резултира со привремено зголемување на сатвикот во лицето исто така.

Ова зголемување на сатвикот во Апарна беше доволно да се надмине,

  • власта и степенот (интензитетот) на влијание кое го имаше духот над неа и
  • мачната главоболка предизвикана од тоа.

5. Духовна анализа на хроничната мигрена – главоболки

Трагачите од одделението за суптилна перцепција на SSRF, преку нивното високо развиено шесто сетило, дијагностицираа дека хроничната мигрена, беше предизвикана од страна на суптилен мантрик, односно дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.). Суптилниот мантрик создал голем број на црни енергетски центри, насекаде по целото тело на Апарна, како што е прикажано на цртежот заснован на суптилното знаење.

MKD_Circulatory-system

Овие центри помогнаа во одржувањето на протокот на црна енергија низ телото од регионот на пеколот (Патал). Суптилниот мантрик исто така имаше сместено суптилни дијаграми (јантри) на задниот дел од главата на Апарна, прстите и стапалата на двете нозе. Овие суптилни дијаграми беа конкретно дизајнирани да впиваат и пренесуваат црна енергија. Суптилните дијаграми во нозете беа во форма на суптилни демонски украси како што е прикажано на цртежот заснован на суптилното знаење подолу.

MKD_Black-ornaments

Преку суптилните дијаграми на стапалата од нозете на Апарна, суптилниот мантрик ќе ја одржуваше својата врска со ниските региони на пеколот. Тој емитуваше црна енергија во форма на трнлива грмушка преку овие дијаграми.

Суптилниот мантрик дејствуваше преку разните црни енергетски центри, создавајќи спирални калеми од црна енергија околу крвните садови, да се поттикне хронична мигрена. Во цртежот заснован на суптилното знаење подолу, е прикажано што виде еден трагач со високо развиено шесто сетило во циркулациониот систем на Апарна.

MKD_Circulatory-black

Крвните садови во мозокот беа исто така погодени како што е прикажано на цртежот заснован на суптилното знаење подолу.

MKD_Brain

Црните калеми од црна енергија беа силни, еластични и црни по боја. Овие калеми наизменично ги стискаа и ослободуваа крвните садови и тоа доведуваше до вазоконтракција. Вазоконтракција е стеснување на крвните садови. Кога крвните садови се стегнати, протокот на крв е ограничен или забавен. Ефектот на оваа вазоконтракција беше преовладувачки во регионот на главата. Поради ова Апарна доживуваше тешка болка и можеше да осети како крвните садови пулсираат. Болката беше неподнослива и интензитетот наизменично се зголемуваше и намалуваше.

Суптилната анализа со помош на високо развиеното шесто сетило, исто така, покажа дека простагландините кои беа скриени во мозокот на Апарна се користеа како складирачки центри на црна енергија, кои што непрекинато емитуваа црна енергија. Простагландините дејствуваа како хемиски пренесувачи. Тие работат на самото ниво на клетките каде што тие се синтетизирани. Некои од нивните функции се активирањето на инфламаторен одговор и производство на болка и треска.

Следниов цртеж заснован на суптилното знаење покажува како простагландините во регионот на мозокот беа импрегнирани со црна енергија. Како резултат на тоа, тие ја зголемуваа болката на хроничната мигрена – главоболки, како што тие делуваа врз рецепторите во мозокот.

MKD_Prostaglandins

Принципот зад било кој духовен третман е да се иницира зголемување на суптилната Сатва компонента во лицето кое е погодено што резултира во истовремено намалување на суптилната Тама компонента.

Еден по долгорочен и одржлив лек за било кој тип на напад од страна на духовите доаѓа преку духовна пракса. Духовната пракса е само ефективна ако таа е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, и притоа постојано се зголемува квалитативно и квантитативно на редовна основа. Со оваа доаѓа до зголемување на духовното ниво и исто така, пораст на суптилната основна компонента Сатва  во самата личност.

Степенот (соодносот) на нашиот познат свет во споредба со суптилниот свет или суптилна димензија е еден према бесконечност.

Духовна пракса и духовни средства не се синоними. Духовната пракса му помага на човекот да расте духовно, додека духовни средства се користат да се ублажат одредени заболувања. Тие обезбедуваат краткорочно олеснување и овозможува духовната енергија произведена од нашата духовна пракса да се искористи главно за духовен раст, наместо за одбрана на самите себе против нападите од духовната или суптилна димензија

За среќа Апарна имаше силна позадина на континуирана духовна пракса. Покрај тоа, Неговата Светост Др. Атавле го водеше и надгледуваше духовниот третман на нејзиното заболување за време на една од нејзините борби со хроничната мигрена.

1. Бројаници: Тој ја замоли прво да ја повторува пеаницата со броеви, од 5 со зголемување до 10, 15, 20 итн., до 50 за 5 минути. Ова беше еден вид на духовно исцелувачка пеаница специфична за случајот на Апарна. Тоа веднаш донесе олеснување и ја стабилизира и ја ослаби болката. Графиконите подолу го покажуваат ефектот на хроничната мигрена – главоболки пред (Слика 1) и по (Слика 2) пеење (повторување) на пеаницата.
MKD_Charts-migraine
2. Мудри: Откако главоболката беше стабилизирана, Неговата Светост Др. Атавле и советуваше на Апарна да направи некои специфични положби или мудри. Ова беше направено заедно со пеење на Божјото Име. Мудрите вклучуваа и позиции како држење сите прсти стиснати заедно, насочени кон пределот меѓу веѓите итн.

“Правејќи го ова, мојата главоболка се намали уште повеќе како што специфичните пози ја намалија црната енергија во мојата глава. Главоболката се намали за околу 10% преку овие мерки.”

3. Мудри за нозете:

“Потоа Тој препорача специфични духовни мерки да ги нападне центрите на црна енергија во моите нозе. Овде, специфични положби на рацете беа користени заедно со пеење на Божјото Име да се концентрира позитивната енергија на центрите од црна енергија. Врз основа на овие мерки, суптилната трнлива грмушка беше уништена и лачењето на простагландините беше исто така спречено. Оттука, болката стивна целосно.”

Овој ефект на мудрите е опишан во графиконот подолу.
MKD_Charts-migraine2

“Сите мои досегашни лекови беа запрени и оттогаш не сум имала главоболка. Но дури и да се појави во иднина, сега сум опремена да се справам со неа како што научив како да ги употребам специфичните духовни средства за да ја излечам.”

7. Некои универзални духовни третмани за хронична мигрена

Духовниот третман опишан погоре беше специфичен за случајот на Апарна. Никој случај не е сличен и ќе биде тешко да се примени универзална мерка да одговара на сите случаи каде духовите или преминатите предци се основната причина за мигрената.

Сепак, еве неколку работи што можете да ги направите ако се најдете себеси да страдате од хронична мигрена – главоболки кои не заминуваат со употреба на конвенционални лекови.

  1. Започнете ја вашата духовна пракса. Ние предложивме духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса. Детални информации можете да најдете во нашиот напис – Започнете го своето духовно патување.
  2. Повторување на заштитната пеаница Шри Гурудев Дата за заштита од предците.
  3. Солена вода како духовен лек
  4. Пеаница за главоболки кои се предизвикани од страна на духовите

Сетоа ова би требало да се прави на дневна основа. Чекорите 3 и 4 може да се прекинат по неколку месеци откако главоболката целосно ќе се запре. Чекорите 1 и 2 сепак, најдобро е да се продолжат доживотно, бидејќи тие се единствената заштита против нашата ранливост од духовите. Во овој случај, ранливоста е евидентна од хроничната мигрена, која не беше излечена од страна на конвенционалните лекови.

Континуираната духовна пракса и пеењето на заштитната пеаница ‘Шри Гурудев Дата’ исто така, овозможува заштита против основните духовни причини кои сочинуваат и до 80% од разните проблеми во нашите животи. Преку и над ова, ние ги доживуваме придобивките од духовна пракса кои беа елаборирани во нашиот напис ‘Духовно истражување за трајна среќа’.