1. Вовед
Оваа анализа на случајот ја опишува појавата на чудни гребнатини на компјутерскиот глушец користен од страна на г-ѓа Анѓели Гадгил. Г-ѓа Ангели Гадгил е трагателка која добива Божествено знаење.
2. Процесот и значењето на добивањето Божествено знаење
Духовно истражување по дефиниција значи стекнување на знаење од Бога. Одреден број на трагачи од SSRF имаат способност да примаат знаење од Бога, и тоа ги доведува во состојба да спроведуваат духовни истражувања. Сите овие трагачи обавуваат духовна пракса според советите на Н.С. Др. Ѓајант Атавле.
Од 2003-та година, се испечатени десетици илјади страници во А4 формат со Божествено знаење на разни теми кои ги добиле овие трагачи. Покрај тоа, нивната сатсева на примање Божествено знаење помогна да се истражат и објават бројни теми на SSRF-интернет страната.
Г-ѓа Анѓели Гадгил е една од трагачите кој добиваат Божествено знаење. Овој процес се одвива на следниот начин: Таа најпрво седнува на компјутерот, ќе се помоли и потоа започнува протокот на Божествено знаење и таа ги внесува информациите во компјутерот. Земајќи го во предвид целокупниот овој процес, нејзиниот лап-топ и компјутерски глушец стануваат важни алатки за служење на Бога.
3. Искуство
Едно попладне во 2006-та година, додека примаше Божествено знаење, ненадејно г-ѓа Анѓели Гадгил забележа гребнатини на својот компјутерски глушец. За ова не постоеше никаква очигледна причина. Таа беше сигурна дека нејзиниот компјутерски глушец е оставен на сигурно и водеше грижа за него. Покрај компјутерскиот глушец немаше никакви предмети со кои глушецот би можел да дојде во контакт и кои би можеле да предизвикаат гребнатини, ниту пак некој друг го користел, но сепак беше изгребан од сите страни.
Г-ѓа Гадгил во тој момент ништо не осеќаше, но таа подоцна се сети дека претходните денови била толку фокусирана на својата сатсева, што не ни обратила внимание на тежината и вкочанетоста која ја осеќала на физичко ниво. Исто така, ја болеле и очите и осеќала притисок во главата, но продолжила да го пишува Божественото знаење кое тие денови го примала.
4. Суптилна анализа
Бидејќи има развиено шесто сетило, г-ѓа Анѓели Гадгил сфати дека негативна енергија е онаа која ги направила гребнатините на нејзиниот компјутерски глушец. Намерата била да се попречи процесот на примање Божествено знаење и да се предизвика вознемиреност кај г-ѓа Анѓели Гадгил.