Глобално затоплување причини и факти – духовна перспектива

Вовед во причините и фактите за глобалното затоплување.

Во последно време светот се соочува со глобално затоплување, климатски промени и природни катастрофи од невидени размери. Според духовните истражувања, главната причина за глобално затоплување е цикличен процес кој од време на време се случува во Универзумот. Ефектите од глобалното затоплување за кои до сега бевме сведоци, се само почеток на една деструктивна фаза која ќе се зголеми во интензитет во текот на следните 5-10 години. Деструктивната фаза на циклусот може да се влоши поради лошото однесување на човештвото кон природата. Лошото однесување кое денес ние го гледаме е резултат на намалената духовна свест кај луѓето, заради тоа е намалена и нивната способност да се здобијат со заштита од влијанието на негативните енергии. Духовната пракса е единствениот начин вистински да се трансформира нашиот духовно загаден ум во еден чист.

За подобро да го разберете овој напис, ве молиме прочитајте ги следниве написи:

Содржина

1. Ефектите од глобалното затоплување: зголемување на интензитетот на природните катастрофи

Во текот на изминатата деценија видовме зголемување на интензитетот на природните катастрофи во светот. Преку медиумите и за некои од нас, преку искуство од прва рака, сведоци сме на страшната сила на природата. Во блиското минато, имавме природни катастрофи како што се цунами во Југоисточна Азија и Јапонија, земјотреси во Пакистан, Хаити и Кина, како и ураганот Катарина и другите во Северна и Централна Америка. Овие природни катастрофи предизвикаа непроценлива штета и губиток на многу животи кои се изгравираа во нашите умови поради нивната големина.

Некои факти за глобалното затоплување се достапни преку статистиката на Меѓународна стратегија за намалување ризик од катастрофи и Центарот за истражување на епидемиологија на катастрофи, подружница на Обединетите Нации. Тие покажуваат дека има растечки тренд на природните катастрофи, особено во текот на последните две децении. 2-MKD-natural-disasters-reported Најпрестижните светски научни институции исто така се сложуваат дека земјата станува се потопла. IPPC, меѓународниот панел за климатски промени на Обединетите Нации, во 2007 година изјави дека имало пораст од околу три-четвртини Целзиусови степени во температурата на земјата во текот на минатиот век, а голем дел од ефектите на глобалното затоплување се одвивале во текот на изминатите неколку децении.

Некои интернационални научни академии тврдат дека човечката активност одиграла голема улога во предизвикување на глобалното затоплување во последните децении. Модерните научници велат дека ова е затоа што секоја година, поради човечката активност доаѓа до ослободување на милијарди тони издувни гасови во атмосферата.

Но, што всушност го предизвикува глобално затоплување? Зошто интензитетот на глобалното затоплување се зголемува? На кој начин човештвото влијае на климатските промени? Дали издувните гасови се главната причина за глобалното затоплување? Спроведовме духовно истражување засновано на духовната наука за да ги откриеме вистински причини за климатските промени и растечкиот интензитет на природните катастрофи.

2. Кои се причините за глобалното затоплување? Вистинските причини за глобалното затоплување кои предизвикуваат природни катастрофи и нивниот растечки интензитет

Духовното истражување кое го спроведе SSRF (спроведено преку развиено шесто сетило), зазеде сеопфатен пристап при сите три димензии (т.е. физичка, психолошка и духовна) беа анализирани за да се разберат основните причини за климатските промени и растечкиот интензитет и зачестеноста на природните катастрофи.

3-MKD-causes-of-global-warming

[1] [2] [3] [4] [5] [6]

Во следните делови се објаснети причините за глобалното затоплување, природните катастрофи и климатските промени од оваа холистичка перспектива.

2.1 Основна причина за глобалното затоплување и природните катастрофи – циклични промени: 30%

Многу географи тврдат дека зголемениот интензитет на сите природни непогоди и температурата на Земјата се ништо друго туку дел од редовните циклуси на нашата планета. Тие велат дека слични циклични промени во минатото не однесоа до ледена доба и, исто така не извадија надвор од нив. Преку духовното истражување откривме дека цикличните промени придонесуваат само 30% од основните причини за глобалното затоплување и природните катастрофи за кои сме сведоци денес (2011) и дека тие се всушност нивната основна причина.

Духовната наука се потпира на вечните и универзални закони, за да ги објасни цикличните промени кои се причините за глобалното затоплување и климатските промени. Овде ќе ги објасниме цикличните промени кои се случуваат на земјата од гледна точка на духовната наука.

Според законот на природата, се што е создадено е одржливо, и на крајот уништено. Тоа е законот на Создавањето, Одржувањето и Уништувањето. На пример, планинските масиви Хималаите се создадени, сега се во период на одржување, и на крајот ќе бидат уништени. Затоа, секогаш кога нешто е создадено во овој свет, по период на одржување, може да се очекува дека во одреден момент ќе биде уништено. Само Создателот, т.е. Бог, останува стабилен и непроменлив.

Уништувањето доаѓа во многу форми, природните катастрофи се дел од нив. Човечката раса исто така со своето однесување влијае на овој циклично уништувачки процес, што понекогаш кулминира во војна и пустошење, и тоа ги сочинува останатите 70%.4-MKD-Cyclical-changes-in-Universe

Временскиот распон на Универзумот е поделен во четири Ери. Во првата ера, односно Сатјајуга, суптилната основна Сатва компонента беше доминантна. Кога постои повисока доминација на Сатва компонентата во човековата околина, цикличните промени се благи. Како што ерите напредуваа имаше намалување на основната суптилна компонента Сатва, како резултат на тоа дојде до појава на циклични промени од повисоки амплитуди. Во Калујуга, каде основната суптилна компонента Раѓа е доминантна, цикличните промени во создавањето, одржувањето и уништувањето се доста драматични. Уништувањето генерално придонесува за зголемен број на природни катастрофи, болести и војни. Ние се наоѓаме во средината на најниската фаза на уништување, во еден од мини циклусите на Калијуга (Ера на раздорот). Секој мини циклус обично трае 1000 години.

Ниската фаза на циклусот може да се влоши ако човечката раса ја зголеми Раѓа-Тама компонентата во светот. Ова е дискутирано во делот 2.2.

2.2 Причини за глобалното затоплување и природните катастрофи – односот помеѓу човечкиот род и природата: 70%

Човекот и природата влијаат еден на друг. Но преку духовното истражување засновано на духовната наука, ние откривме дека луѓето влијаат на природата до степен од 90%, а природата реагира лошо на човечкото однесување само до степен од 10%.

2.2.1 Фактите на глобалното затоплување: Влијанието на човекот врз природата

Се запрашавме од каде произлегува ова силно влијание на човекот врз природата, и сфативме дека тоа произлегува од физичка, психолошка и духовна природа.

На физичко ниво: 19%
causes-of-global-warming-at-physical-level

Ова се случува кога има прекумерна сеча на шумските дрвја, излевање на нафта, емисија на гасови од фабриките.

На психолошко ниво: 19%

causes-of-global-warming-at-psychological-level

5-MKD-Sattva-Raja-Tama-Chart

Ова е моментот кога се прашуваме зошто луѓето го зголемуваат ефектот на стаклена градина и ја загадуваат планетата. Одговорот на тоа лежи во умот на човештвото

Секој од нас се состои од трите основни суптилни компоненти (тригуни). Различните пермутации на овие три основни суптилни компоненти ја дефинираат човековата основна природа (личност).

Квалитети на нечија личност како што се уредност, чистота, искреност, смиреност, великодушност, понизноста, итн. се знаци на доминантна Сатва компонента

Сепак,  во денешниот свет просечниот човек е исполнет повеќе со Тама компонента која се карактеризира со дефекти, недостатоци на личноста како себичност, алчност, лутина, агресивност, посесивност и др.

Затоа, луѓето неселективно ги злоупотребуваат природните ресурси на Земјата.

> На духовно ниво: 25%

6-MKD-causes-of-global-warming-at-spiritual-level

Праведност (Дарма) е она што исполнува три услови: 1. Го одржува општествениот систем во одлична состојба 2. Овозможува световен напредок на секое живо битие 3. Овозможува напредок и во духовната димензија -Шри Шанкарачарја

Нашето однесување е под силно влијание на нашата духовна зрелост или духовно ниво.

На пример, Светец на духовно ниво од 70% ќе има почит кон сите живи суштества, како форма на Бога, и со љубов ќе се грижи кон се, од живите битиа па до неживите објекти. Што повеќе, Светец негува духовна љубов (Прити) кон целото човештво, ги инспирира и мотивира другите да развиваат иста експанзивност во нив.

За разлика од ова, луѓето на пониско духовно ниво (на пример 20%), ќе имаат високо его и себично се фокусираат да постигнат среќа само за себе, често на сметка на природата, човекот, и другите живи суштества. Нивното однесување и намалување на духовната свест резултира во доминација на неправдата во светот денес.

Како резултат на тоа, постои зголемување на РаѓаТама во животната средина, уште познато како духовно загадување. Духовите (демони, ѓаволи, и негативни енергии) од суптилната или духовна димензија профитираат од ова зголемување на РаѓаТама во луѓето. На нив им е релативно лесно да опседнуваат луѓе кои се склони кон РаѓаТама, и да ги натераат да се однесуваат како животни. Сето ова само дополнително придонесува за зголемување на РаѓаТама во општеството.

Ве молиме прочитајте го написот: Како негативните енергии влијаат и опседнуваат едно лице.

2.2.2 Фактите на глобалното затоплување: Влијанието на природата врз човекот 7%

Влијанието на природата врз човекот не е ништо друго туку одговор на човековото лошо однесување.

> Пример 1: Испарувањето на водата опаѓа како резултат на зголеменото загадување, излевање нафта во океаните на планетата.

> Пример 2:  Ако водата е загадена, растенијата кои емитуваат кислород страдаат, и доаѓа до намалување на кислород на Земјата.

Природата може да одговори на човековото лошо однесување на еден или друг начин. Како ќе одлучи да одговори, не мора да биде на истиот, како начинот на кој човештвото влијаело врз неа.

2.2.3 Фактите на глобалното затоплување: Што се случува кога постои зголемување на Раѓа-Тама компонентите?

Исто како што нечистотијата и чадот го сочинуваат загадувањето на физичко ниво, РаѓаТама е загадување на суптилно нематеријално ниво. Како што дискутиравме претходно, општ недостаток на духовна пракса и неправда ја зголемуваат целокупната РаѓаТама во човештвото, а оттука и во животната средина.

Зголемување на основната суптилна компонента РаѓаТама, значи зголемување на суптилно нематеријално духовно загадување во светот. Исто како што ние се обидуваме да ја исчистиме нечистотијата од просториите кои ги користиме од време на време на физичко ниво, и природата искажува потребата од чистење и коригирање, на суптилно нематеријално загадување на РаѓаТама во животната средина.

Факт е, само што ќе дојде до поместување на рамнотежата во корист на РаѓаТама, вишокот на РаѓаТама го врши своето влијание преку медиумот на петте Апсолутни Космички Принципи (Панчататва), Со делувањето преку петте Апсолутни Космички Принципи, се манифестира со зголемување на природни катастрофи како земјотреси, поплави, ерупција на вулкани, циклони итн.

7-MKD-global-warming-facts-sattva-raja-tama

Ве молиме имајте во предвид дека со духовна пракса мислиме на духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса. За повеќе детали ве молиме погледнете – SSRF училницата.

Доколку Апсолутиниот Принцип Земја (Прутви-татва) е под влијание, тоа резултира во земјотрес. Доколку пак Апсолутниот Принцип Вода (Апа-татва) е под влијание, тогаш тоа може да резултира во зголемено ниво или вишок на вода (како што се поплави, прекумерно врнење на снег, доаѓање на ледена доба) или недостаток на вода (на пример: суша).

Горе-наведените катастрофи се грубо видливи, па оттука и ние сме свесни за нивното постоење. Меѓутоа, Зголемувањето на РаѓаТама има далекусежно негативно влијание врз телото, умот и интелектот на секој човек. Ова влијание, бидејќи е суптилно и нематеријално, не е лесно препознатливо и човештвото станува свесно за тоа, само кога ова влијание ќе се манифестира како многу груби климатски промени. За жал, во тој момент, поголемиот дел од промените се непоправливи.

Напорите на светските лидери на меѓународните самити како COP15 (договорот од Копенхаген) во 2009 година, подоцна помогнаа само во борбата против ефектите од глобалното затоплување на физичко ниво. Ова е делот каде човечкиот род влијае на природата (односно, 19% во дијаграмот погоре кој ги објаснува причините за глобалното затоплување, според духовното истражување спроведено од страна на SSRF). Остатокот од влијанието кое го има човечкиот род врз природата, кое се случува на ментално и духовно ниво, не е препознаено и затоа не бива адресирано.

8-MKD-root-causes-of-global-warming

Ако ние не ги смениме нашите начини на ментално и духовно ниво (заедно со физичките мерки како што се намалување на емисиите од издувни гасови), неизбежно е дека ние ќе продолжиме да ги доживуваме ефектите од глобалното затоплување, невидени природни катастрофи, и катастрофални војни во текот на следната деценија. Само духовната пракса може да го трансформира загадениот човечки ум во еден чист.

Затоа е неопходно ние да ги разбереме основните причини за глобалното затоплување и природните катастрофи и да преземеме соодветни чекори за искоренување на духовното загадување односно РаѓаТамата во светот. На овој начин ние вистински би работеле за вечното и целокупно добро за човештвото. Чекорите кои што секој од нас може да ги преземе ги објаснивме во написот “Што можам да направам?

2.2.4 Фактите на глобалното затоплување: Улогата на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)

Во моментов постои интензивна суптилна нематеријална битка помеѓу доброто и злото. Ние ова го објаснивме детално во нашите написи “Добро и зло – вечна борба” и “Трета светска војна и Армагедон”.

Двигателот зад повеќето мрачни настани кои ние денес ги гледаме на вести, првенствено е делувањето на духовите од повисоките нивоа (мантрици). Духовите од повисоките нивоа ја користат Раѓа-Тамата која преовладува во човечкиот род и ги опседнуваат луѓето. Тие профитираат од личните дефекти кои ги имаат луѓето како што се омраза кон другите, и ги натеруваат да ги вршат најужасните дела кон своите сограѓани. Сето ова придонесува за зголемување на Раѓа-Тамата во светот. Духовите може да бидат победени само со духовни средства како што е редовна духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса.

3. Кога овие чудни климатски промени ќе почнат да се намалуваат?

Во нашиот напис “Предвидување – Трета светска војна и Армагедеон” опишавме колкава е веројатноста за катастрофални настани од поголем интензитет и нивно случување, освен ако човештвото не го промени, не усвои начин на живот кој е повеќе сатвик и ако не почне со вршење на духовна пракса која е во согласност со шесте Универзални принципи на духовна пракса.

Овие катастрофални настани ќе се појават во форма на невидени природни непогоди и војни. Уништувањето што ќе следи ќе биде чистење на планетата од луѓе кои по природа имаат во себе повеќе РаѓаТама. Чудните климатски промени и ефектите од глобалното затоплување најпрво ќе се влошат, пред тие да се подобрат

Со цел да им овозможиме на читателите подобро да го разберат степенот на уништување што ќе следи, цунамито што ја погоди Азија во 2004 создаде пустош  кој е приближно 1/1000 од уништувањето што ќе се случи за да ја исчисти планетата од РаѓаТама. Климата ќе почне да се стабилизира по 2025 година и ќе се врати во нормала за околу 50-60 години по 2025 година.

4. Биолошки катастрофи

Друг интересен факт кој ние го откривме преку нашето духовно истражување е дека, причината зад повеќето биолошки катастрофи како смртоносните вируси на Земјата, на пример: Сида, Ебола, Птичји-грип, се духовите од повисоките нивоа. По 2025 година, кога борбата помеѓу доброто и злото доаѓа до крајот во овој мини-циклус на Калијуга, нема веќе да се среќаваме со нови смртоносни вируси. Вирусите кои се создадени сепак ќе останат на Земјата и лекови за нив ќе треба да се пронајдат.

5. Заклучок

  • Затоплувањето на планетата, климатските промени и природните катастрофи, кои не алармираа сите нас, се само почеток на период на духовно чистење на светот и негово ослободување од Раѓа-Тамата. Во овој процес на интензивно уништување во текот на следните 10-15 години, духовната свест на човештвото исто така ќе се зголеми и ќе бидеме поблиску до Бога.

  • Во нашиот напис “Како граѓанин на овој свет што можам да направам?” детално образложивме што ние како луѓе можеме да направиме за да го минимизираме ефектот на глобалното затоплување и последиците на овој неминовен циклус на уништување кој се приближува.