Алтернативна медицина – функционална енергија

1-mkd-alternative-medicine-landing

1. Вовед во истражувањето на алтернативните терапии на ниво на функционална енергија

Овде ги споредуваме разните алтернативни терапии на ниво на функционална енергија. Прво ќе разјасниме што подразбираме под тоа. Се што се случува во Универзумот, дали е допирливо, или недопирливо (суптилно) побарува некоја енергија. Во Универзумот постојат три вида на енергија – Енегија на апсолутната волја (Иќа – шакти), Енергија на апсолутната акција (Крија – шакти) и Енергија на апсолутното знаење (Нијан – шакти). Соодветните суптилни енергии во нас се Енергија сатвик  на умот (Мана – шакти), Енергија сатвик на интелектот (Атма – шакти) и Енергија сатвик на егото (Чита – шакти). Накратко, желбата за сите наши акции се напојува со Енергијата на апсолутната волја. Енергијата на апсолутната акција е неопходна за самите акции. Енергијата на апсолутното знаење е потребна за духовните односи на причините и последиците кои стојат зад акциите.

Да земеме еден пример, подобро да го разбереме ова.

Рајан работи на своето биро на важен документ. Одеднаш почувствува како сака да се прошета. Излегува и случајно го сретнува стариот школски другар кој поминува преку неговиот град. Пријателот му дава информации за неговиот брат кој живее далеку од него.

Сега, за горе наведениот настан:

  • Желбата за шетање се напојува од Енергијата на апсолутната волја (Иќа – шакти).
  • Самата акција на шетање се напојува од Енергијата на апсолутната акција (Крија – шакти).
  • Потоа тука е причинско – последичниот  однос.

Причината што стои зад желбата на Рајан да излезе, наизглед е неговата желба да прошета. Меѓутоа, тоа е она што ние го разбираме со нашиот интелект. На најдлабоко, суптилно, те. духовно ниво тоа може да биде нешто друго. Во овој случај, на Рајан му било судено да го сретне пријателот и дознае нешто за неговиот брат. Ова најдлабоко ниво е познато како причинско – последичен однос. Енергијата на апсолутното знаење (Нијан – шакти) го напојува причинско – последичниот однос.

Енергијата на апсолутната волја (Иќа – шакти) е најинфериорна, додека Енергијата на апсолутното знаење (Нијан – шакти) е најсупериорна од тие три енергии. Сега да видиме која енергија ја напојува од алтернативните терапии. Ова ќе ни даде идеја за длабочината на која делуваат. Што повеќе има енергија која што се корити, со тоа и нивото е подлабоко на кое што делува, и е поголема придобивката за пациентот.

 2. Алопатија

3-mkd-AllopathyОваа терапија делува на ниво на Енергија на апсолутната волја (Иќа – шакти).

3. Јунани медицина

4-mkd-YunaniОваа терапија исто така делува на ниво на Енергија на апсолутната волја (Иќа – шакти).

4. Акупресура

5-mkd-AcupressureОваа терапија делува на ниво на Енергија на апсолутната волја (Иќа – шакти) и Енергија на апсолутната акција (Крија – шакти). Тоа значи дека претежно делува на ниво (Иќа – шакти), а помалку делува на (Крија – шакти). Така ова ниво на делување е повисоко отколку кај другите две претходни терапии.

5. Мудри

6-mkd-MudraОваа терапија делува на ниво на Енергија на апсолутната акција (Крија – шакти) и Енергија на апсолутната волја (Иќа – шакти). Така нејзиното делување е претежно на ниво на (Крија – шакти). Со тоа оваа терапија е посупериорна од терапијата на Акупресура.

6. Хомеопатија

7-mkd-HomeopathyОваа терапија исто така делува на ниво на Енергија на апсолутната акција (Крија – шакти) и Енергија на апсолутната волја (Иќа – шакти).

7. Ајурведа

 8-mkd-AyurvedaОваа терапија делува на ниво на Енергија на апсолутната акција (Крија – шакти). Така нејзиното делување е на најсупериорно ниво. Затоа придобивките од оваа терапија се најголеми во споредба со погоре наведените алтернативни терапии.