Содржина
- 1. Дали духовите имаат пол т.е. дали тие се од машки или женски пол
- 2. Колкав е животниот век на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)?
- 3. Дали духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) растат и стареат со текот на времето исто како и животните и дрвјата?
- 4. Од каде духовите ја добиваат нивната енергија или сила?
- 5. Дали духовите поседуваат интелегенција?
- 6. Дали духовите можат да живеат/преживеат на земјата, во вода или во оган?
- 7. Дали духовите некогаш спијат или одмараат?
- 8. Дали духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) имаат фамилјарен живот
1. Дали духовите имаат пол т.е. дали тие се од машки или женски пол
Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) немаат физичко тело. Оттука, во оваа перспектива не постои пол. Но, врз основа на изгледот на нивната суптилна форма и психолошки карактериски, тие се разликуваат во машка и женска форма. На пример, женскиот гоблин (хадал), Џакин и вештерката (четкин) се од женски пол, додека суптилните мантрици се генерално машки пол. Кога духовите се материјализираат, формата во која се јавуваат најчесто е под влијание на изгледот и полот на нивното непосредно пред раѓање, односно како изгледале и од каков пол биле во нивниот непосреден, претходен живот. Тоа значи дека, ако духот бил жена во човечка форма, ќе се материјализира како женски. Духовите од повисоките нивоа како суптилните мантрици имаат способност да изберат (заземат) форма, според нивната волја. Мантриците се духови со многу висока духовна моќ која може да се спореди со духовната моќ на Светците. Со цел да се придобијат такви духовни нивоа, еден суптилен волшебник треба да преактикува интензивна духовна пракса со умот фокусиран само на една цел и рационално размислување. Бидејќи квалитетите на фокусираност само кон една цел и рационално размислување се повеќе машки поврзани карактеристики, суптилните волшебници обично заземаат машка форма.
2. Колкав е животниот век на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)?
Во случај на луѓето, терминот “животен век” значи периодот помеѓу нивното раѓање и смртта. Во случај на духовите, ова би значело прериодот помеѓу, кога суптилните тела стануваат духови до нивното евентуално повторно раѓање на земјата. Затоа, животниот век на духовите е различен. Во случајот на духовите од пониските нивоа кои постојат во регионот на Чистилиштето (Бувалока), животниот век би можел да биде некаде околу 50-400 години. Духовите кои се протерани (пренесени) во подлабоките скалила на Пеколот (Патал) и кои се инструменти за масовно нанесување штета на човештвото, можат да останат како духови за илјадници години.
Духовите можат да се ослободат од оваа сосотојба во зависност од следново:
1. Општо правило:
По завршување на страдањето со кое според нивната судбина мора да се соочат во различни региони на Пеколот и регионот на Чиситилиштето поради нивните гревови.
2. За духови со духовно ниво помало од 30%:
Во духовната димензија, единствениот начин да се излезе од тој регион и страдањето поврзано со него, е со вршење духовна пракса. Духовите на духовно ниво помало од 30% е помалку веројатно дека ќе можат да вршат духовна пракса во суптилниот регион да си помогнат самите на себе духовно. Овие видови на духови ги вклучуваат и суптилните тела на нашите преминати предци кои имаат мала до речеси никаква (воопшто немаат) духовна сила. Тие вообичаено заминуваат во регионот на Чистилиштето или некој регион на Пеколот. Причината зошто неможат да вршат духовна пракса во овие региони е затоа што, додека биле на Земјата немале навика да обавуваат било каква духовна пракса. Како резултат на тоа, кога ќе преминат без умешност, практично знаење и потребните алатки за духовна пракса, веројатно тие повторно нема да обавуваат било каква духовна пракса да си помогнат самите во овие региони.
Колку подлабоко е скалилото или нивото на Пеколот каде тие заминуваат, толку е поголемо страдањето. Бидејќи тие неможат да си помогнат самите на себе духовно, тие се обидуваат и ги повикуваат нивните семејни членови на Земјата да направат нешто за нив. Јазикот преку кој најчесто комуницираат е јазикот на болката. Со нанесување на болка на потомокот на Земјата, тие се надеваат дека нивниот потомок ќе запре и побара на духовен начин да ги надмине нивните проблеми. Евентуално ако потомокот запре и праша некој кој може да гледа во суптилната димензија. Притоа потомците се здобијат со знаење дека хроничните проблеми со кои се соочуваат во животот се поради суптилните тела на нивните преминати предци. Потоа тие се советувани да направат некој специфичен духовен обред или применат духовни мерки за нивните предци. Со применувањето на овие специфични духовни мерки, потомците на Земјата го постигнуваат следново:
- Се изолираат од проблемите со суптилните тела на преминатите предци.
- Им помагаат на нивните предци со тоа што им даваат неопходна духовна подршка да се придвижат кон подобар под-регион во суптилните региони и ја подмируваат сметката на земање-давање која може ја имаат со нивните предци. Оваа духовна пракса им помага на суптилните тела на преминатите предци да се ослободат од нивниот вид (форма) на дух и егзистенција и им овозоможува повторно да се родат на Земјата побрзо да ја подмират сметката на земање и давање и да започнат духовна пракса.
3. За духовите со духовоно ниво повисоко од 30%:
Духовите на духовно ниво повисоко од 30% генерално практикувале некој вид на редовна духовна пракса додека биле на Земјата. Како резултат на тоа, тие можат да вршат некоја духовна пракса во суптилните региони на постоењето после смртта. Сепак, постојат голем број на фактори кои можат да влијаат на нивната способност да вршат одржлива духовна пракса. Овие фактори вклучуваат различни световни желби. На пример, ако едно лице има желби од различен интензитет за храна, алокохол или секс, тогаш тие самите се вклучуваат во потрага по овие работи преку опседнување на некое лице.
Како резлутат на тоа, тие лесно може да бидат одвлечени од вршењето духовна пракса и неможат да си помогнат самите на себе и исто така, заработуваат дополнителни гревови. Згора на тоа, духови од повисоките нивоа како што се мантрици можат да извлчат корист од овие желби и световни врзувања на духовите од пониските нивоа. Мантриците ги контролираат духовите од пониските нивоа преку овие желби со тоа што ги принудуваат на злодела, во замена за исполнување на желбите обезбедни од нив.
Тоа, исто така, зависи од мотивацијата на суптилното тело (т.е. на духот) да обавува духовна пракса. Суптилно тело на пониско духовно ниво но со висока (голема) мотивација може да обавува подобра духовна пракса отколку суптилно тело на високо духовно ниво, но со пониска мотивација. Затоа е многу важно да се направи силна импресија за духовна пракса во под-свесниот ум за време на животот (додека сме живи). Духовна пракса која се обавува со цел за спознавање на Бога е гарантиран начин за пристап до повисоко ниво на заштита од Бога и намалување на своите (нечии) желби и врзувања. Тоа е, исто така, единствениот начин за намалување на животниот век како дух.
4. Милоста на Светец:
Понекогаш духовите излегуваат од нивната состојба на духови, ако се здобијат со милоста на Светците со тоа што ќе им служат, прават покајание (се покајат), молат за милост, итн. Овие се можни начни на кои еден дух може да добие енергија (моментум, придвижување), кон подобар регион во суптилните региони и ослободување од нивното егзестирање како духови. Меѓутоа, на практично ниво тоа е исклучително ретко за тоа всушност да се случи. Причините како што објаснивме погоре се:
- Нивната тенденција да бидат одвлечени (отргнати) од вршење духовна пракса поради нивните желби или сериозноста на страдањето во негативните суптилни региони.
- Потомците ги игнорираат основните причини за хроничните проблеми со кои тие се соочуваат, кои што се поради нивните предци. Па оттука и потомците не применуваат било какви духовни мерки или обреди за предците.
- Поради интензивните желби можат да паднат во рацете на Мантриците.
Иако тие можеби би биле релативно помалку зли кога за прв пат се здобиле со формата на дух, со текот на времето, можат да одат од лошо кон полошо. Причните за ова се затоа што одат во негативен вртлог обидувајќи се да ги исполнат нивните желби и на тој начин заработуваат повеќе гревови. Тие продолжуваат да бидат заглавени во оваа состојба се додека, или да ја завршат нивната казна за злоделата или да го зголемат нивното духовно ниво како би продолжиле понатаму. Затоа животниот век на духовите може да се движи неколку стотици години како што остануваат заглавени со векови поради нивните желби, его, злидела и недостаток на духовна пракса.
Во случај на духовите од повисоките нивоа во различните региони на Пеколот, нивниот животен век е некаде околу, од стотици илјадници години или до завршетокот (крајот) на Универзумот. Ова е поради сериозноста на нивните зли дела, зли импресии, и нивното високо его. Како резултат на тоа, тие продолжуваат прогресивно да се движат во надолните (кон долните) региони на Пеколот, со речиси никаква или без надеж за ослободување од тие региони.
3. Дали духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) растат и стареат со текот на времето исто како и животните и дрвјата?
Луѓето поседуваат смртно тело кое родено, расте, старее и потоа умира. Раст и стареење на тој начин се функции на физичкото тело. Бидејќи духовите немаат физичко тело, овие карактеристики на физичкото тело се неприменливи за нив. Растот на духовите се однесува на зголемување на нивната духовна сила, односно нивната црна енергија или нивната способносст да се борат со Божествени/позитивни сили.
4. Од каде духовите ја добиваат нивната енергија или сила?
Духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) од повискоите духовни нивоа обично имаат стотици години духовна пракса зад нив. Тие ја добиваат нивната енергија од нивната духовна пракса. Но бидејќи сите делувања (акти) на духовите се зли, со секој акт/зло дело нивната духовна енергија се исцрпува. Особено кога ќе дојдат против сатвик влијание, голем дел од нивната енергија се губи. Во такви слуачи, тие се повлекуваат и преземаат духовна пракса како медитација или користат мантри да добијат духовна енергија или сила. Во повеќето случаи, духовите од пониските нивоа се како кукли во рацете на духовите од повисоките нива кои ги командуваат да извршат голем број на задачи во нивно име. Понекогаш на духовите од пониските нивоа може да им недостасува потребната енергија да им задаваат грижи на луѓето или да ги опседнуваат за да ги исполнат своите желби. Во овој случај, духовите од повисоките нивоа ги обезбедуваат со енергија за да ги извршат овие задачи, а за возврат ги контролираат дури и понатаму.
5. Дали духовите поседуваат интелегенција?
Интелектот на нормалните човечки суштества е насочен кон остварување различни задачи во светот да би се задоволиле на физички, психолошки и духовни нивоа. Човечкиот интелект има еден вроден дискриминаторски елемент кој го води лицето за она што е право, а што не е во ред, и исто така, кон што треба да се тежи, а што треба да се напушти.
Кога ќе поминеме и ако станеме духови, ние тежнееме да го загубиме оваа дискриминаторна интелегенција. Причината за ова е дека како суптилни тела, главното тело е менталното тело, кое е полно со желби. Интелектот тогаш се користи само со една цел, да се исполнат овие желби. Ова на Земјата е различно, каде интелкетот се користи за различни нешта, физички активности кои вклучуваат заработување за живот, итн.
Како што дух станува опседнат со исполнување на своите желби или вознемурвање други, неговиот интелект е насочен целосоно само во тој правец. Интелектот е целосоно базиран на егото и ограничен на стекнување на сила. Духовите во регионот на Чистилиштето поради нивните помали желби, имаат некаков облик на човечка интелегенција. Духовите и суптилните волшебници од средниот региони на Пеколот (т.е. од 1-от до регион на Пеколот до 4-от) се се повеќе и повеќе како роботи во рацете на супериорните Мантрици.
Супериорните мантрици имаат духовна моќ која може да се спореди со Светците и имаат пристап до високо, Универзално и Апсолутно знаење.
6. Дали духовите можат да живеат/преживеат на земјата, во вода или во оган?
Да, духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) можат да живеат или преживеат во сите овие области. Ова е затоа што духовите се суптилни тела т.е. без физичко тела, се надвор од влијанието на елементите земја, вода и оган. Меѓутоа, духовите од пониските нивоа како обичниот дух или кои само што се здобиле со формата на дух имаат страв од вода или оган, кој е заснован на долготрајните импресии од нивниот човечки живот. Ова брзо поминува, бидејќи други духови ги учат (едуцираат) за нивниот нов статус/вид на постоење.
7. Дали духовите некогаш спијат или одмараат?
Бидејќи не постои физичко тело, нема ни потреба за спиење или одмарање како кај луѓето. Всушност, духовите се многу немирни суштества – тие постојано се занесуваат или во вознемирување на други, задоволување на своите желби или вршење на духовна пракса да добијат енергија да вознемируваат други. Ве молиме имајте во предвид дека, иако теоретски духовите над 30% духовно ниво, можат да започнат духовна пракса, во реалноста само духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) од повисокоте редови и духовни нивоа се во позиција да започнат духовна пракса да би добиле енергија на тој начин.
8. Дали духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) имаат фамилјарен живот
Концептот на фамилјарен живот е само релевантен за духовите од пониските редови и пониските духовни нивоа. На пример, суптилните тела на преминатите предци кои припаѓаат на одредено семејство на Земјата се заедно, во група. Надвор од ова не постои семеен живот, особено во контекст како што се толкува во парадигмата на човештовото.