Надминување на егземата на раката со духовни мерки

SSRF ги објавува овие анализи, со намера на своите читатели да им овозможи насочување, во врска со проблемите кои што се јавуваат на физичко или психолошко ниво, а кои можат да ја имаат вистинската причина во духовната димензија. Кога основната причина за проблемот е од духовна природа, забележавме дека вклучувањето на мерките за духовно исцелување дава најдобри резултати. SSRF советува продолжување со конвенционалните медицински терапии заедно со мерките за духовно исцелување, кај лекувањето на физичките и психијатриските болести. На читателите им се советува да пробаат било која од мерките за духовно исцелување според своја проценка.

Резиме

Џон страдал од егзема во текот на минатите 23 години. Само што започнал со пеење на Името на Божеството Дата, егземата веднаш почнала да се намалува. Една од одговорностите на Божеството Дата во Универзумот е да ги отстранува попречувањата предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Раката била исцелена за две недели и повеќе немало знаци на егзема.

Џон не е неговото вистинско име, но го користиме за да ја заштитиме неговата приватност.

1. Интервју со Џон

Прашање: Џон, ви благодарам што ни се приклучивте. Дали можете накратко да ни ја опишете историјата на болеста на вашата егзема?

Џон: Егземата ми се појави кога имав 19 годинио. Ми се појави одеднаш без никаква објаснива причина. Беше многу упорна и не реагираше на никакви лекови. Бев кај најмалку шест специјалисти за кожни болести во Австралија и во странство. После некое време се откажав и се научив да живеам со тој проблем. Единствен лек кој што го користев повремено беше кортизонска маст, која што се нанесува надворешно на кожата. Таа ми помагаше да се намали чешањето.

Егземата е многу изразена на левата дланка, ја има малку на десната дланка и малку на левото стапало.

Прашање: Колку години имате сега Џон?
Џон: 42

Прашање: Значи со овој проблем се борите веќе 23 години?
Џон: Да

Прашање: Кога последен пат посетивте специјалист за кожни болести или лекар?
Џон: Пред 3 месеци, затоа стана прилично лошо и постојано имав болки.

Прашање: Што велат специјалистите за кожни болести за упорноста на егземата? Кое објаснување даваат зошто не се повлекува?
Џон: Имаше различни мислења, но никој од нив не ја знаеше причината. Некои од нив рекоа дека е предизвикана од стрес. Други рекоа дека има генетска причина и дека тоа е поврзано со моето потекло. Јас потекнувам од Грција. Ми рекоа дека луѓето од медитеранските земји, често го имаат овој проблем. Нивниот совет повеќе се однесуваше на тоа како да се носам со таа болест, отколку како да ја излекувам. Ми препорачуваа и разни режими на исхрана кои се доста непрактични.

Прашање: Дали во минатите 23 години имаше периоди кога не ве мачеше егземата?
Џон: Да, еднаш кога се вратив во Грција на Олимпијадата 2004. година. Мојот вујко ми стави малку Света вода (Тирта) на дланката. Светата вода малку се запени, а симптомите делумно се намалија и кожата малку се очисти.

Прашање: Гледам дека раката сега речиси е сосема исцелена. Дали можете да ни кажете како се случи тоа?
Џон: Еден мој колега, Шон, држеше предавање во Мелбурн, Австралија, за тоа како духовната димензија влијае на нашите животи. Бев многу заинтересиран за темата. Тој објасни дека има многу фактори кои можат да го отежнат животот. Највеќе ме привлече тоа кога рече дека хроничните проблеми, кои што модерната наука не може да ги отстрани, многу е веројатно дека ја имаат својата причина во духовната димензија. Веднаш после предавањето зборував со Шон и му ја покажав егземата на мојата дланка.

Прашање: Што ве посоветува тој?
Џон: Па, ми препорача да почнам со духовна пракса пеење на Божјото Име според религијата во која што сум роден. Пошто јас сум Христијанин, ми советуваше да повторувам ’Исусе Господе’. Покрај тоа ми рече секој ден, час и половина да го повторувам Името ’Шри Гурудев Дата’. Ми објасни дека тој аспект на Бога не заштитува од проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци. Бидејќи постоеше голема веројатност дека причината за егземата е од духовна природа, Шон ме замоли да ја слика мојата дланка, пред да започнам со третманот. Ова е мојата дланка сликана на 11. 07. 2006. година. Состојба беше малку подобра, отколку вообичаено, бидејќи егземата ја мачкав со стероидна крема.

Hand-eczema-1 Hand-eczema-2 hand-eczema-3

Прашање: Дали можете да ни раскажете како се одвиваше духовниот третман?
Џон: Почнав веднаш, после сликањето на раката. Ги повторував (пеев) Имињата: Името на Божеството Дата околу половина час и Исусе Господе исто така половина час. Неможев повеќе да пеам, иако Шон ми рече дека треба да го пеам Името на Божеството Дата час и половина дневно. Дури и така, промената на мојата рака беше речиси моментална и почна да се зацелува веќе наредниот ден. Чешањето и болката исчезнаа. Престанав да ја користам стероидната крема пред да почнам со пеење (повторување на Божјото Име), затоа што сакав да видам дали само пеењето ќе биде ефикасно. Ова се сликите на мојата дланка после шест дена, во текот на кои продолжив со секојдневно пеење со исто времетраење.

eczema-treatment-1 eczema-treatment-2 eczema-treatment-3

Прашање: Дојде до значително подобрување. Дали воопшто некогаш било вака добро?
Џон: Не, никогаш не било вака добро:

Прашање: Дали имавте било какви несакани ефекти?
Џон: Не, но додека пеев се чувствував многу уморно и морав да се борам да издржам.

Прашање: Како можевте да бидете сигурни дека пеењето доведе до намалување на симптомите?
Џон: Всушност, после сликањето на првата фотографија, престанав да пеам за викендот. Симптомите веднаш се вратија. Исто така, повремено ќе почувствував вина затоа што го пеам Името на Божеството Дата, а јас сум Христијанин. Чувствував дека не сум лојален на мојата религија, иако Шон ми објасни дека се работи за Божество кое што специфично ги отстранува проблемите предизвикани од суптилните тела на преминатите предци и дека треба да се пее во комбинација со Името Исусе Господе. Симптомите се враќаа неколку пати, затоа што од чувството на вина престанував да го пеам Името на Божеството Дата те. ’Шри Гурудев Дата’. Имаше голема корелација помеѓу пеењето на Името на Божеството Дата и намалувањето на симптомите.

Прашање: Дали некогаш порано имате слушнато за Божеството >em>Дата?
Џон: Не

Прашање: Најверојатно во Него немавте никаква вера, зарем не?
Џон: Точно. Всушност се чувствував виновен што го повторувам Неговото Име, затоа што мислев дека со тоа сум нелојален кон својата религија.

Прашање: Џон, ви благодарам на времето и ви посакувам се најдобро во вашата духовна пракса.
Џон: Ви благодарам и вам.

2. Заклучни коментари од духовна перспектива

  • Случајот на Џон е типичен проблем, кој што можат да го предизвикаат суптилните тела на преминатите предци. Тие ствараат проблеми од желба да комуницираат со своите потомци и од нив да побараат помош. За жал, повеќето од нас немаат развиено шесто сетило и не знаат ништо за духовните причини за проблемите во животот. Затоа не можеме да ги видиме вистинските причини за проблемите како што е ’повикот за помош од нашите предци’ да направиме некој духовен обред, за да им помогнеме да ги надминат пречките во животот после смртта.

  • На некои луѓе на кои им е советувано да го пеат Името на Божеството Дата, се чувствуваат виновни или нелојални кон својата религија. Гледано од духовна перспектива, причината за ова чувство е целосно психолошка и неоснована. Тоа е исто како да се чувствуваме виновни, што земаме лек, кој што е произведен во друга земја.

  • Чувството на замор кој што го чувствувал Џон е сосема нормален. Додека позитивната енергија од пеењето се бори со духовниот проблем, можат да се јават несакани ефекти како што е летаргија, главоболка или замор.

  • Верата не е неопходна за делување на духовните мерки. Верата, меѓутоа, го забрзува процесот на лекување. Механизмот на делување на духовните мерки е едноставен како и кога земаме аспирин да ја намалиме главоболката. Единствената разлика е во тоа што во случајот на духовните мерки механизмот на лекување е на духовно ниво.

  • Примената на Света вода, Свет пепел (Вибути) итн. заедно со пеење на Името на Божеството Дата, во некои случаи може да го забрза процесот на лекување во случај на заболувања на кожата, кои што се предизвикани од суптилните тела на преминатите предци.