Ова е анализа на случај за спонтано настани дупки во облеката како последица на влијанието од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Ова е искуство на г-дин Притвираѓ Хазаре, кој обавува духовна пракса под водство на Неговата Светост Др. Атавле. Во продолжение е наведено што му се случило во јули 2003-та год.
За време на едно патување до Мумбаи, Индија, купив еден пар шарени пижами. Една недела подоцна, кога се вратив во Гоа, Индија, по прв пат ги облеков за спиење. Следното утро, бев прилично шокиран откако здогледав голема дупка на долниот дел од нив. При прегледување на дупката (која беше околу 4-5 cm широка), забележав дека рабовите на дупката во моите раце се претворија во прав. Барав парчиња или било какви знаци од материјалот наоколу, но ништо не најдов. Немаше ни трага од било какви делови од материјалот на креветот. Сето ова ми беше навистина чудно, а шесте до седум трагачи со кои ја делев собата, исто така, гледаа во дупката со неверие. Не најдовме ниту една рационална причина за тоа.
Кога им го покажав тоа на трагачите од одделението на SSRF за знаење за духовната димензија, тие направија суптилно отчитување и потврдија дека се работи за делување на негативните енергии.
Кога во 2010-та година, повторно е извршено суптилно отчитување на овие пижами, беше откриено дека вознемирувачките вибрации кои се емитувале од дупката направена на долниот дел од пижамите, се зголемиле.
- Центарот на црна енергија настанат во дупката на долниот дел од пижамите како резултат на делувањето на негативните енергии, се зајакнал со текот на годините.
- Покрај ова, светот се наоѓа во период на самракот поради промена на ерите. Активностите предизвикани од негативните енергии, повеќекратно се зголемиле, со што се создава духовно штетно влијание врз животната средина. Ова само го потпомогнало зголемувањето на црна енергија во различни предмети кои веќе од порано биле под влијание на негативните енергии.