Во март 2009-та година, г-ѓа Драгана Кисловски забележала дека на дрвениот под во ходникот од нејзиниот дом кој се наоѓа во Европа, се појавиле дупки. Таа била на пат, а останатите кои престојувале во станот не знаеле како тие дупки се појавиле. Дупките се наоѓале на преминот помеѓу кујната и собата која е користена за служење на Апсолутната Вистина (Сатсева).
Према нејзините зборови, таа го доживеала следново:
“Откако ги приметив дупките, г-ѓа Јоја Вале и еден близок трагач, ме замолија да ја ставам раката над дупките и да видам што осеќам. Откако го направив тоа, осетив непријатна енергија која излегува од дупките и почна да ме боли стомакот. Г-ѓа Јоја, како духовна мерка држеше копии од месечните SSRF-весници и празни кутии преку овие дупки. Стомакот продолжи да ме боли и наредните три дена. Подоцна, кога на г-дин Атул Диге и г-ѓа Бавна Шинде, трагачи на SSRF, и ја покажавме фотографијата, и двајцата осетија непријатност”.