MKD-Neha-nightmares

Во септември 2010 година, SSRF снимаше видео за третманот со солена вода како мерка за духовно исцелување. Ја имавме изберено Г-ѓа Неха Донгреј, трагателка од SSRF истражувачкиот центар да ја демонстрира мерката во ова видео. Ова видео прикажува како да се намали суптилната црна енергија околу една личност. Суптилна црна енергија е негативна обвивка која нас не обвива поради нашите недостатоци на карактерот, негативни енергии и РаѓаТама суптилните компоненти кои во денешната животна средина се повеќе преовладуваат. Видеото се снимаше два дена.

Во ноќите пред да се сними видеото, Неха имаше тешки кошмари. Во кошмарот кој го имаше првата ноќ, таа себе се видела опкружена од негативни енергии на повисоко ниво. Се наоѓала во еден од ходниците на истражувачкиот центар и видела како почнале да и се приближуваат негативни енергии. Таа била многу уплашена и викала за помош, но наоколу немало никој. Потоа на далечина видела друг трагач. Како што таа се обидела да го довикне за помош, негативните енергии ја опкружиле и ја спречиле во нејзината намера. Другиот трагач и се приближил на Неха, но иако таа била во состојба на паника и очајно сакала да довикува за помош, таа била принудена од негативните енергии да се однесува нормално. Неха се сеќава дека во тој момент, таа се пробудила од кошмарот. И требаше некое време да се ослободи од непријатното чувство од кошмарот. Дури откако искрено му се помоли на Бога за заштита, чувството исчезна.

После неколку денови, го имавме закажано вториот дел од снимањето на видеото. Повторно, Неха во текот на ноќта пред снимањето имаше кошмар. Таа видела куќа во која заедно живееле трагачи. Во првата просторија од таа куќа, сите биле зафатени со сатсева (служење на Бога) Неха се наоѓала во соседната просторија. Потоа, одеднаш, трагачите виделе како излетала црвена искра од елекетрична кула која се наоѓала во близина. Искрата патувала со голема брзина кон првата просторија, убивајќи ги сите трагачи кои се наоѓале таму. Трагачите во другата соба дознале што се случило, и исто така им е речено дека и тие се на ред да умрат. Неха била избезумена кога ги видела сите трагачи мртви. Тогаш таа се пробудила целата уплашена, дезориентирана и на раб на солзи. Часот бил 1.30 наутро. Иако таа се разбудила, не можела да се ослободи од чувството на страшниот кошмар. Плачејќи, предадено му се молела на Бога и Неговата Светост Др. Атавле  за заштита. Потоа почнала подобро да се чувствува. Како што се обидувала да заспие, видела негативна енергија со голем срп кој личел на нож, како се обидува да и го пресече гркланот. Повторно, таа искрено му се молела на Бога и Неговата Светост Др. Атавле за помош, и дури тогаш притисокот на вратот и се намалил и можела да заспие.

Коментар на SSRF: постојат многу причини поради кои и зошто негативните енергии напаѓаат една личност. Една таква причина е да се спречат обидите на лице вклучено во ширење на Духовноста. Еден од главните начини на кој негативните енергии создаваат пречки е да создадат ситуации кои би предизвикале страв кај трагачите со цел да ги оддалечат од практикувањето и ширењето на Духовноста.

Трагателката која помогна да се состави овој напис, откако ја интервјуираше Неха, исто така се соочи со пречки. Таа рече: “Додека го препишував исказот на Неха, чукањето на моето срце се зголеми и осетив како очите ми станаа тешки и почнаа да ме печат. Бев расеана и ми требаше многу повеќе време отколку што е потребно да се заврши првиот препис.”

Во SSRF центарот за истражување засновано на духовната наука, бидејќи се обавува многу сатсева со цел да се помогне општеството духовно да напредува, постои и пропорционално зголемување на суптилните напади (негативни влијаниа) врз трагачите. Трагичите и покрај тоа, продолжуваат со нивните напори да остварат духовен напредок кој доаѓа од Божјата Милост. Со секој зафат во животот се соочуваме со многу препреки кои настојуваме да ги надминеме, исто така и во настојувањето духовно да напредуваме се среќаваме со многу препреки. Соочување и надминување на препреки, суптилни или други, тоа е дел од духовната пракса на трагачот. Луѓето кои не се сериозни се откажуваат при првиот знак на проблеми, но оние кои се сериозни во врска со духовниот раст, наоѓаат начини и средства да ги надминат пречките и всушност тоа е Бог кој доаѓа да им помогне.