Главен истражувач: Др. Нандини Самант, МББС, ДПМ
Содржина
- 1. Вовед
- 2. Како дојдовме до идејата за користење на оваа опрема
- 3. Како функционира DDFAO уредот?
- 4. Аспектите на DDFAO уредот кој SSRF ги користи
- 4.1 Односот помеѓу Кундалини чакрите и функциите на различните органи во телото
- 4.2 Зошто избравме да ги скенираме Кундалини чакрите
- 4.3 Зборови кои при скенирањето се појавуваат на DDFAO опремата, во согласност со соодветните Кундалини чакри
- 4.4 Различни начини на добивање информации за Кундалини чакрите и нивните значења
- 5. Методологија
- 6. Објаснување на некои зборови кои се користат во експериментот и нивното значење
- 7. Природата на експериментот и методи на мерење
- 8. Креирање табели за отчитувањата
- 9. Анализирање на забелешките и доприносот во разбирањето од трагачите кој имаат знаење за суптилната димензија
1. Вовед
Користејќи ги унапредувањата и развојот на биофидбек апаратите, SSRF ги користи овие апарати за да го проучува делувањето на разните стимули врз нашите аури, енергетски системи и чакри. Еден таков електричен уред е DDFAO, кој што всушност е француска кратенка за Компјутерско скенирање и функционална дијагностика.
2. Како дојдовме до идејата за користење на оваа опрема
Др. Елведина Манко, признат хомеопат од Босна, Европа и трагателка во SSRF, не запозна со електро-соматографската техника. Таа за време на нејзините посети на SSRF ашрамот во Гоа, Индија во 2008 и во 2009 година, љубезно и слободно ни го даде на користење својот DDFAO уред, за серија на експерименти. Таа не обучуваше како да го користиме уредот и како да ги анализираме отчитувањата. Таа, исто така учествуваше во истражувањето. Спроведовме 40 експерименти на 200 трагачи од целиот свет за време на нивната посета на SSRF ашрамот во Гоа, Индија, и снимавме 4000 отчитувања.
3. Како функционира DDFAO уредот?
DDFAO е медицински уред кој ја снима работата на разни органи и системи во човековото тело. Медицински уред кој веродостојно ги мери индивидуалните био-електоро импулсите, со помош на шест рамни електроди, и прецизно ги одредува параметрите на телото како нивото на pH и крвниот притисок, со помош на високо интегрирани електронски кола. Интегрираната технологија на DDFAO уредот исто така може да ги протолкува овие податоци со примена на неврофизиолошки принципи и автоматски ја предлага своја анализа за ризикот на пациентот во помалку од 3 минути (вклучено е и времето на отчитување).
DDFAO уредот ја мери електричната активност на телото, всушност работи на истиот принцип како познатите EEG (електроенцефалограм) и EKG (електрокардиограм) уреди. Меѓутоа, наместо да се фокусира само на активностите на мозокот или срцето, DDFAO уредот ја применува оваа техника на целото тело, и ја бележи како ESG (Електро Сомато Грам).
Опремата која што ја содржи DDFAO комплетот:
- Направа за мерење во пластична кутија.
- Шест електроди:
- Две самолепливи електроди кои се ставаат на челото
- Две плочи за дланките
- Две плочи за стапалата
- Kомпјутер кој го покренува софтверот
Електродите доаѓаат во контакт со рацете, нозете и челото на пациентот. Потоа, многу слаба струја се пушта низ телото на лицето, притоа мерејќи ја електричната активност на телото. Извршувајќи различни алгоритми, на крај отчитувања на компијутерот се прикажуваат во графички формат.
4. Аспектите на DDFAO уредот кој SSRF ги користи
Меѓу различните аспекти на фунционирање на телото кои DDFAO опремата може да ги анализира, се фокусиравме на отчитувањата поврзани со Кундалини чакрите во телото.
Сите ние сме свесни дека во телото постојат различни функционални системи како што се циркулаторниот систем, респираторниот систем, дигестивиниот систем, итн. Покрај овие системи, постои и суптилен енергетски систем, Кундалини системот кој му дава енергија на физичкото и суптилното тело. Сите системи освен енергетскиот систем може да се видат по дисекција на човечко тело. Сепак, оние со развиено шесто сетило можат да го видат и Кундалини системот. Исто како што и другите системи имаат свои центри, на пример, центарот на циркулаторниот систем е срцето; овој енергетски систем исто така има суптилни центри кои се викаат чакри. Постојат седум Кундалини чакри кои се одговорни за обезбедување суптилна енергија на различните соодветни органи и функции на поединецот.
4.1 Односот помеѓу Кундалини чакрите и функциите на различните органи во телото
Седумте Кундалини чакри се дел од суптилното тело на една личност. Регулирањето и финото подесување на протокот на суптилна енергија во суптилното тело се врши преку медуимот на овие седум чакри. Апсорпцијата на суптилна енергија од околината, како и нејзиниот пренос во и надвор од телото, исто така се врши со посредство на овие седум чакри. Оттука и функционирањето на овие чакри влијае на функционирањето на органите во телото поврзани со чакрите и на функционирањето на поврзаните центри во суптилното тело. Следнава табела ги покажува телесните органи кои кореспондираат со секоја од Кундалини чакрите, како и основните особини на лицето поврзани со секоја чакра.
Чакра бр. | Кундалини чакра | Телесен орган поврзан со Кундалини чакра | Поврзани особини/квалитети |
---|---|---|---|
1. | Муладара | Репродуктивните органи, мочниот меур, дебелото црево и простатата | – |
2. | Свадиштана | Панкреасот, тенкото црево, бубрезите и половите органи | Телесни желби |
3. | Манипура | Црниот дроб, жолчното кесе, слезината, желудникот | Преференци и аверзии (сакам – не сакам) |
4. | Анахата | Срцето, белите дробови, тимусот, циркулаторниот систем | Копнежи |
5. | Вишуда | Штитна жлезда, грлото, гласните жици и хранопроводот | Световни и духовни емоции |
6. | Ајна | Предниот дел од мозокот, хипофизата, левото око, носот, ушите и нервниот систем | Концентрација |
7. | Сахасрара | Задниот дел од мозокот, епифизата и десното око | Искуство на Божествениот Принцип |
Према тоа, горните четири чакри се поврзани со духовниот раст, додека долните три чакри се поврзани со световни желби.
4.2 Зошто избравме да ги скенираме Кундалини чакрите
Бидејќи Кундалини чакрите обезбедуваат суптилна енергија за физичките и суптилни функции на телото, статусот на функционирање на Кундалини чакрите ни дава идеја за функционирањето на поединецот. Едноставно кажано, оптимално функционирање на Кундалини чакрите би значело оптимално функционирање на поединецот; било каква зголемена активност или неактивност на Кундалини чакрите ќе се одрази на соодветниот проблем во функционирањето на лицето. Според тоа, секој стимул кој го подобрил функционирањето на чакрите е позитивен стимул од перпсектива на тоа лице. Спротивно на тоа, секој стимул кој би ја намалил активноста на чакрите, или премногу ги активира е негативен, односно неповолен. Токму поради овие причини се определивме за DDFAO отчитување на Кундалини чакрите за да ги провериме ефектите на разните стимули.
4.3 Зборови кои при скенирањето се појавуваат на DDFAO опремата, во согласност со соодветните Кундалини чакри
Збор кој се појавува во отчитувањето | Соодветната Кундалини чакра |
---|---|
1. Базна | Муладара-чакра |
2. Сакрална | Свадиштана-чакра |
3. Папочна | Манипура-чакра |
4. Срцева | Анахата-чакра |
5. Грлена | Вишуда-чакра |
6. Челна | Ајна-чакра |
7. Темена | Сахасрара-чакра |
4.4 Различни начини на добивање информации за Кундалини чакрите и нивните значења
DDFAO опремата дава информации за состојбата на седумте Кундалини чакри во бројчена форма, како и во форма на графикони во боја.
Односот меѓу боите во графиконите на седумте Кундалини чакри и нумеричките вредности на отчитувањата, како и информациите за активноста на чакрите се прикажани во следнава табела:
Сериски број | Боја | Нумеричка вредност | Активност |
---|---|---|---|
1. | Црвена | +61 до +100 | Сериозно зголемена активност |
2. | Жолта | +21 до +60 | Средно зголемна активност |
3. | Зелена | -20 до +20 | Нормална активност |
4. | Светло сина | -21 до -40 | Блага неактивност |
5. | Средно сина | -41 до -60 | Средна неактивност |
6. | Темно сина | -61 до -100 | Сериозна неактивност |
Следи пример на типичен графички формат прикажан со отчитувања на чакрите.
Секој колона покажува отчитување кое е поврзано со една од седумте чакри на Кундалини духовно енергетскиот систем. На пример, колона број 1 на оската икс (x), ја означува состојбата на Мулудара чакрата, додека колоната број 7 ја означува состојбата на Темената чакра или Сахасрара чакра.
5. Методологија
5.1 Селекција на испитаници за експериментот
Испитаниците кои учествуваа во овој експеримент беа трагатчи на SSRF од целиот свет кои беа во посета на SSRF ашрамот во Гоа, Индија. Тие беа поделени во две групи – оние со и без попречувања од негативните енергии. Приустноста на духовни попречувања кај испитаниците беше утврдена од страна на духовно напреднатите трагачи со развиено шесто сетило.
5.2 Број на испитаници во двете групи
Во сите експерименти, со неколку исклучоци, големината на примерокот на ниво на секоја група беше 10.
5.3 Водена грижа за време на селекцијата
Медицинскиот тим во ашрамот, потврди дека трагачите кои учествуваа во овој експеримент немаа некои значајни физички или ментални болести за време додека траеше експериментот или во блиско минато.
5.4 Водена грижа пред скенирањето
- Испитаниците мораа да избегнуваат внес на храна најмалку три часа пред експериментот.
- Се преземаа мерки на претпазливост пред уклучувањето на електродите, како што се чистење и сушење на дланките, стапалата и челата на испитаниците.
- Грижа се водеше и за да се осигура дека нема никаков метален објект во или на телата на испитаниците како пејсмејкер (срцев стимулатор), протези, контрацептивна спирала во матката, прстени, нараквици, рачни часовници, итн.
- Грижа се водеше и за да се осигура дека предметите кои секојдневно се користат за духовно исцелување, како што се приврзоци и останати слични средства бидат отстранети. Меѓутоа, орнаменти или предмети кои што беа на телото за време на почетното отчитување беа задржани во текот на целиот експеримент.
6. Објаснување на некои зборови кои се користат во експериментот и нивното значење
6.1 Отсуство на попречувања од негативните енергии
Отсуство на попречувања од негативни енергии значи отсуство на центрите во телото кои можат да содржат вознемирувачки вибрации. Шансите за напад на негативните енергии од околината врз телото на трагач кој нема попречувања од негативни енергии се ниски.
6.2 Присуство на попречувања од негативни енергии
Присуство на попречувања од негативните енергии значи присуство на центрите во телото кои можат да содржат вознемирувачки вибрации. Шансите за напад на негативните енергии врз телото на трагач кој има духовни попречувања се високи.
6.3 Симптоми предизвикани од попречувањата на негативните енергии
Симптомите на попречувања можат да се јават во разни форми на физички, психолошки и интелектуални нивоа.
Физички попречувања
Ова се однесува на разни симптоми како главоболка, болка во телото, лошо варење, стомачни болки, итн. кои неможат да се ублажат со лекарства. Меѓутоа, со духовно исцелување овие симптоми исчезнуваат. Други примери се губење на свеста, ненадајно губење на видот, слухот, губење на говорот, вкочането тело, потешкотии при дишењето, чувство на тешка слабост без било каква физичка работа, итн. Во овој случај медицинските прегледи и тестови излегуваат нормални. И симптомите исчезнуваат откако ќе се применат мерки за духовно исцелување. Во такви случаи, симптомите кај лицето кое е под влијание не се должат на било какви физички или ментални болести.
Психолошки попречувања
Проблеми како недостаток на самодоверба, раздразливост, тежок напад на лутина поради тривијални настани, недостаток на ентузијазам, идеи за самоубиство без било каква причина или повод, итн. исто така можат да бидат последица на духовни попречувања од негативни енергии. Овие проблеми, исто така можат да се ублажат само со средства за духовно исцелување.
Интелектуални попречувања
Проблеми како неспособност да се донесуваат одлуки, потешкотии во размислувањето, и ненадајно зголемување на бројот на грешки во дневните активности, итн. исто така можат да бидат последица на духовни попречувања од негативни енергии.
7. Природата на експериментот и методи на мерење
7.1 Утврдување на виталните податоци
Виталните податоци како името, тежината, висината и датумот на раѓање на испитаникот, беше забележано пред почетокот на експериментот. После тоа, се направени почетни отчитувања на седумте Кундалини чакри на испитаникот со помош на опремата за скенирање. Во продолжение се прикажани податоци од почетното отчитување.
7.2 Тестови со помош на опремата за скенирање
За време на секој експеримент, отчитувањата внимателно се зачувани во поголем број. Заклучоци за ескпериментот беа направани врз основа на овие отчитувања. За подобро да го разберете ова, ве молиме погледнете ги отчитувањата на испитаникот пред и после конзумирањето невегетаријанска храна, во следната табела.
Ефект од конзумирање невегетаријанска храна врз Кундалини чакрите на трагач
Состојба | Времет- раење |
Отчиту- вање |
Саха- срара |
Ајна | Вишу- да |
Анах- ата |
Мани- пура |
Свадиш- тана |
Мулу- дара |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Пред конзумирање вегетаријанска храна | 0 | Почетно | -35 | -37 | -32 | -30 | -15 | -17 | -13 |
После конзумирање вегетаријанска храна | 1 час и 30 минути |
A1 | -21 | -12 | -20 | -20 | -32 | -35 | -34 |
2 часа и 45 минути |
A2 | -18 | -17 | -16 | -19 | -32 | -34 | -13 | |
4 часа и 45 минути |
A3 | -16 | -33 | -26 | -2 | -11 | -28 | -14 | |
7 часа и 32 минути |
A4 | 0 | -5 | -8 | 1 | -32 | -46 | -39 | |
18 часа и 45 минути |
A5 | -51 | -50 | -46 | -44 | -23 | -30 | -21 | |
22 часа и 45 минути |
A6 | -51 | -50 | -46 | -44 | -23 | -30 | -21 |
Почетни отчитувања
Овие отчитувања се добиени со помош на DDFAO опремата, прикажувајќи ја состојбата на седумте Кундалини чакри пред да биде изложен испитаникот на сет од два стимули, како што се конзумирање невегетаријанска храна и конзумирање вегетаријанска храна.
Отичитување откако испитаниците беа изложени на поедини стимули
Откако беа изложени на одредени стимули, се зема прво отчитување. Ова покажува во колкава мера стимулот влијаеше на лицето. Исто така, времето потребно за да лицето се врати во нормала, е уште еден фактор кој ни помага да го разбереме степенот на влијание кој го имаше стумилот врз испитаникот. Поради оваа причина, отчитувања од пациентот се земаа на секои неколку часа по завршувањето на експериментот.
Првото скенирање беше направено од најмалку еден час, до највеќе четири часа, по изложувањето на испитаникот на било кој од двата стимули, како што се конзумирање невегетаријанска храна и конзумирање вегетаријанска храна. На пример, во дадената табела отчитувањата А1, А2, А3, итн. беа земени во редовни интервали се додека овие отчитувања добиени со опрема за скенирање, не се приближија до основните (почетните) вредности.
Значајна промена
Состојбата на седумте Кундалини чакри е прикажана е прикажана бројчено со помош на DDFAO опремата во форма на 2 цифрени броја кои имаат ‘+’ или ‘-‘ предзнак. Ефектот од конзумирање невегетаријанска храна и вегетаријанска храна на состојбата на седумте Кундалини чакри е видлив според промените во соодветните податоци. Каде основното (почетно) отчитување на една чакра било +број или -број, што е 30 или помала од оваа вредност, промена од 5 или повеќе се смета за ‘значајна промена’. Каде основното (почетно) отчитување на една чакра било + или -број, што е 31 или повеќе, промена од 10 или повеќе се смета за ‘исклучително значајна промена’.
Критериуми за враќање на почетната состојба по изложувањето на поединецот на одредени стимули
- Нема значајна промена во почетното отчитување и отчитувањето направено по конзумирањето невегетаријанска и вегетаријанска храна.
- Постигнување состојба каде помеѓу оние отчитувања на седумте Кундалини чакри, барем четири отчитувања на чакрите не покажуваат исклучително значајна промена.
- Се смета дека почетна (основна) состојба е постигната кога и двата горенаведни критериуми се задоволени. Тогаш се смета дека чакрите се вратени на почетната состојба и експериментот е завршен, на пример, А6 (последното) отчитување во горната табела.
8. Креирање табели за отчитувањата
Следниве табели за отчитувањата беа направени за секој експеримент.
8.1 Ефект на стимулот врз активноста на чакрите
Од оваа табела можеме да заклучиме дали тој одреден стимул ја подобрил или намалил активноста на чакрите.
8.2 Времетраење на ефектот по изложувањето на испитаникот на секој сет на стимули
Од оваа табела можеме да го заклучиме времетраењето на ефектот од тој одреден стимул.
9. Анализирање на забелешките и доприносот во разбирањето од трагачите кој имаат знаење за суптилната димензија
По извршената анализа на забелешките, ги споделивме со трагачите од одделот на SSRF кој имаат знаење за суптилната димензија да дадат свој допринос за уште подобро разбирање. Нивниот допринос ни даде увид за рабирање на важен фактор кој би требало да се земе во предвид при анализирањето на промените во чакрите.
9.1 Горните четири и долните три чакри, функционираат како две независни групи
Прашање: Отчтитувањата на горните четири чакри (Сахасрара, Ајна, Вишуда, и Анахата) покажаа сличен ефект како и отчитувањата на долните три чакри (Манипура, Свадиштана, Муладара) исто така покажаа сличен ефект по изложувањето на секој од разните стимули.
Следи графички приказ според DDFAO отчитувања на трагачот, г-дин ГД, откако тој конзумираше невегетаријанска храна. Можеме да видиме дека графиконите кои ја прикажуваат промената на горните четири чакри (прикажани во жолта боја) и на долните три чакри (прикажани во сива боја) на крајот се движат во иста насока.
Која е причината која стои зад оваа опсервација?
Трагачите од одделот на SSRF кои што имаат знаење за суптилната димензија
- Кај долните три чакри преовладува Апсолутниот Принцип Оган (Теѓ-татва), додека кај горните четири чакри преовладува Апсолутниот Принцип Воздух (Вају-татва).
- Што значи, тие се сагун-ниргун (повеќе сагун отколку ниргун) и ниргун-сагун (повеќе ниргун отколку сагун).
- Како што се движиме нагоре од Мулудара чакра кон Манипура чакра, процентот на Апсолутниот Принцип Оган се зголемува.
- Долните три чакри се интерни, односно повеќе поврзани со физичкото (грубото); додека горните четири чакри се суптилни.
- Долните три чакри се претежно поврзани со промените на физичкото тело.
- Како што се движиме нагоре од Манипура чакра, процентот на Апсолутниот Принцип Оган се намалува, додека тој на Апсолутниот Принцип Воздух се зголемува. Според тоа, овие горни чакри влијаат на суптилното тело – умот и интелектот.
Бидејќи долните три чакри се слични, исто така и горните четири чакри се слични, тие функционираат и реагираат на било кој стимул, како две различни групи.
Следи пример на прашања кои им ги поставивме на трагачите од одделот на SSRF кои имаат знаење за суптилната димензија.
Одговорите добиени преку развиено шесто сетило фрлаат светло на она што се случува во духовната димензија, кај секојдневните активности како што се конзумирање храна. Тоа ни дава голем увид во духовно правилниот начин на живот.
Повеќе за овие експерименти ќе споделиме со вас низ нашите написи.