1_MKD_M_Going-Into-the-Light

Повеќето од нас слушнале за искуствата на луѓето кои имале чувство како да се наоѓаат во тунел и дека се движат кон светлината на крајот од тунелот. Оваа визуелизација делува како аналогија која го претставува чувството кое лицето го гледа како решение или среќен крај на животните маки преку кои поминува.

Решивме да истражиме што значи фразата “Светлина на крајот од тунелот” од духовна перспектива. Најчесто се користи во духовен контекст во следниве два случаи:

  1. Кога некој дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн.) влијае на лице или куќа, доста често за помош се повикува духовен авторитет како свештеник или медиум. Вообичаената духовна техника која што тие ја користат, е да бараат од ентитетот кој предизвикува непријатност да ‘оди кон светлината’. Ентитетот би можел да биде предок кој е врзан за Земјата и кој поради врзаноста неможе да се движи понатаму или би можело да биде дух. Затоа намерата на свештинокот или медиумот барајќи од ентитетот да оди кон светлината, всушност бара од него да оди кон Бога или Божественото, или кон вишите позитивни енергии.
  2. Понекогаш кога луѓето имаат искуства блиски со смртта (ИБС), тие исто така, имаат визија на патување низ тунел со светлина на крајот од него.

Преку духовно истражување ги истрашивме и двата настани за да утврдиме што е ‘светлината’ која луѓето можеа да ја видат. Дојдовме до следниве наоди:

Самашти духовно ниво се однесува на духовното ниво постигнато со духовна пракса за доброто на општестовто (самашти садна), додека (вјашти) духовното ниво се однесува на духовното ниво реализирано преку индивидуална духовна пракса (вјашти садна). Во денешно време, духовното напредување за доброто на општеството има 70% важност, додека индивидуалната духовна пракса има 30% важност.
  • Божествената светлина, всушност можат да ја видат луѓе кои имаат вистинска желба да го спознаат Бога. Оние кои се на духовно ниво од 50% (самашти) или 60% (вјашти), всушност можат да ја видат Божествената Светлина, благодарение на огромните заслуги или благодарение на многу ниското его. Бидејќи тие се над духовното ниво од 50% (самашти) или 60% (вјашти), тие не ја гледаат само Светлината, туку на крајот ја достигнуваат и Божествената Небесна Светлина. Лицата на ниско духовно ниво, како што е 40% може да видат Божествена Светлина кога ќе умрат, ако имале интензивна желба за духовен раст и спознавање на Бога. Во овој случај, иако би можеле да видат Светлина, тие всушност не го достигнуваат регионот на Рајот (Сваргалока).
  • Ние останатите, во моментот на смртта не гледаме никаква светлина. Наместо тоа, штом ќе умреме, обично гледаме темнина. Дури и преку ‘Регионот на Мртвите (Мартајалока)‘, преку кој поминуваме веднаш по смртта е пурпурен по боја, повеќето суптилни тела кои патуваат преку него, гледаат само темнина. Причината за ова е затоа што, суптилното тело има црна обвивка од импресии, незадоволени желби, недостатоци на каракатерот, его и во многу случаи обвивка од црна енергија на духовите. Заради тоа изгледа како да им се затворени очите, па неможат да ја согледаат вистинската боја на Регионот на Мртвите.
  • Овие луѓе кои немаат вистинска желба да го спознаат Бога, а кои гледаат светлина, всушност ја гледаат светлината настаната од илузија која ја создава суптилниот мантрик. Суптилните мантрици, благодарение на нивната голема духовна сила, можат да создадат илузии на светлина, како и чувства на мир и среќа која зрачи од светлината. Овие илузии ги создаваат со нивната духовна сила и нивната црна енергија. Тие ова го користат како механизам да ги намамат суптилните тела кон светлината, да ги фатат во стапица и да ги претворат во свои робови. Предците врзани за земјата се генерално од ниско духовно ниво и со многу врзаности и неисполнети желби. Ова значи дека тие обично неможат да видат Божествена Светлина кога ќе умрат. Говорејќи им да одат кон светлината, всушност им се говори да одат кон илузијата која ја создал суптилниот мантррик.
  • Тунелот, кој е наводно виеден во Регионот на Мртвите (Мартајалока). Благодарение на високо развиено шесто сетило (ESP), трагачите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), не само што можеа да го видат тунелот во Регионот на Мртвите, туку и да ги опишат неговите детали.

Па кое е решението за да еден човек се осигура дека ќе види вистинска Божествена Светлина? Најдобриот начин е да го искористиме нашето време на Земјата, така што ќе обавуваме духовна пракса. Оваа духовна пракса треба да биде во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, а ако не е (се друго) може да доведе до духовна стагнација или дури и влошување на духовниот раст.