MKD-Landing-page-Agnihotra

1. Вовед

Светот што денес го познаваме, сосема е поинаков во однос на времето на нашите баби и дедовци, или во времето на раѓањето на нашите родители. Една од најголемите промени, можеби е загадувањето до кое што дојде со зголемување на издувните гасови, те. создавањето на ефектот на стаклена градина и други штетни влијанија на нашата животна средина. Кога зборуваме за загадување на Земјата, обично мислиме на вообичаените загадувања на воздухот, водата, храната, како и загадувањето со бучава. Меѓутоа, во нашиот напис за порастот на Природните Катастрофи и Климатаските промени,  наведовме дека влијанието на луѓето врз природата се манифестира во невообичаени форми на временски услови, кои што не се предизвикани само од небрежноста на физичко ниво, туку се јавуваат и поради менталното и духовното загадување кое што луѓето го ослободуваат во околината. Менталното загадување настанува поради негативните мисли кај луѓето, како што се: алчноста, измамата, омразата, деструктивните сплетки, итн. Бидејќи менталното загадување се шири низ околината, тоа го прави просторот деструктивен. Ширејќи се низ околината, менталното загадување го дефинира просторот во кој што живееме, како простор во кој и понатаму се создаваат негативни мисли во нашите умови. Тоа создава негативен вртлог, или верижна реакција, а во чија основа се наоѓа духовната загаденост, или Раѓа-Тама компонентата, која што се зголемува во луѓето. Технолошкиот напредок во биологијата и нуклеарното оружје за масовно уништување, кое  што е во врска со порастот на Раѓа-Тама компонентата во човештвото и менталната загаденост, се соочуваме со уште една закана. Реперкусиите од биолошкиот, или нуклеарниот напад, ќе бидат катастрофални врз  животот и стабилноста на светскиот поредок.

2. Што е Агнихотра?

Додека светот се обидува да пронајде решение за намалување на физичкото загадување, се верува дека, едноставниот обред Агнихотра, споменат во Атарваведа (11:7:9) и детално опишан во Јаѓурведа Самита и Шатапата Брамани (12:4:1), го намалува загадувањето и духовно ја прочистува атмосферата. Луѓето кои што го изведуваат овој ритуал велат дека тој го намалува стресот, доведува до јасно размислување, го подобрува целокупното здравје, го зголемува нивото на енергија, и ја менува природата на умот и луѓето стануваат повеќе љубезни кон природата. Се верува дека претставува голема помош при одвикнувањето од дрогата и алкохолот. Може да се користи за прочистување на изворите на вода. Исто така е познато дека има својство за намалување на штетните ефекти од нуклеарното зрачење.

3. Духовно истражување на обредот Агнихотра

Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), спроведе духовно истражување на обредот Агнихотра. Ова истражување ќе го надополни знаењето кое што веќе е достапно на Интернет, а се однесува на придобивките и обемот на делување на Агнихотра. Следниов напис дава детални информации за спроведеното истражување: