Духовно искуство на мирис од Свет пепел (Вибути) при обавувањето сатсева (служење на Бога)
Како дел од мојата духовна пракса, често одам во куќата на мојот духовен водач со цел да помогнам во проектите поврзани со веб-сајтот на Фондацијата за истражување заснована на духовната наука, како служење на Бога. Еднаш, додека работев на создавање автоматски одговор на претплата за едно од онлјан списанијата на SSRF, го осетив мирисот на Светиот пепел за 5-6 секунди. Во тој момент, немаше апсолутно никаков мирис од кој би можел да осетам таков мирис. Се распрашав и кај својот духовен водач дали и тој го осетил таквиот мирис, но неговиот одговор беше негативен. Како што продолжив да работам на системот автоматски одговор, нешто подоцна и двајцата го осетивме истиот мирис за неколку секунди. Ова искуство ја зајакна мојата вера во исправноста на овој духовен пат (Пат на милоста на Гуруто).
– Г-дин Вамси Кришна, Мелбурн, Австралија
Духовната наука зад ова духовно искуство
Кога едно лице се наоѓа во простор погоден за обавување духовна пракса како што се места за служење на Бога, или на духовни средби (сатсанг) или кога обавуваме сатсева, поради порастот на суптилната компонента на чистотата (сатвик) и протокот на Божествена енергија поради тоа што се обавува духовно служење, духовното ниво на еден трагач може за момент да се зголеми. Кога има пораст на духовно ниво, суптилните сетила на лицето се активираат и лицето може да ги согледа фреквенциите на Божествена свеснот емитувани од Сеприсутниот Бог. Повеќето духовни искуства, Бог им ги дава на трагачите и верниците како индикација дека тие се на вистинскиот пат и да им ја зголеми верата во нивната духовна пракса. При патот на духовен растеж на еден трагач, верата е главниот фактор кој му помага на трагачот во напредокот до следното повисоко духовно ниво.