Накратко:
Ова e истражување на случајот Анупама Ране, која во својата дваесета година од животот одеднаш ја изгубила речиси целата коса, без некоја очигледна причина. Со разни конвенционали третмани се обидуваше да си помогне, но без успех. Конечно, за време на духовното исцелување од Неговата Светост Др. Атавле, проблемот на Анупама беше решен. Во ова интревју таа го опишува своето искуство.
1. Вовед
Тинејџерката Анупама, девојка од Мумбаи во Индија, доживеа речиси целосно губење на косата. Тоа се случи неколку дена од кога почна да прибира прилози за Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF). Имаше потреба да прибира прилози и тоа беше нејзиниот начин да и служи на Апсолутната Вистина (сатсева). Тоа е форма на духовна пракса. После неколку месеци откако се случи тоа, семејството и вршеше притисок да престане со прибирањето на прилози. Тогаш верата на Анупама во Бога беше на големо искушение. Во овој случај не се работи само за тоа, дека Анупама е излечена единствено со духовен третман, туку се работи и за верата на трагачот во Бога да биде ставена на искушение. Верата секогаш најдобро се тестира во проблематично време.
2. Искуството на Анупама за губењето на косата
Во април 2005. година, после испитот од дванаесетто одделение, Анупама одлучи своите празници да ги посвети за ширење на Духовноста во опшеството. Со тоа помагаше и во прибирањето на донации за SSRF. За една недела, Анупама забележа дека почна да и паѓа коса од разни делови на темето. Паѓањето се интензивира преку двата следни денови и стана многу забележително.
Анѓели, трагачка од SSRF, некако ја увери мајката на Анупама да и дозволи да продолжи со духовната пракса. Мајка и преку сила се согласи. Во меѓувреме, родителите на Анупаме ја водеа кај разни лекари, затоа што секојдневното паѓање на косата продолжи. После две недели како почна да и паѓа косата, темето почна да и се гледа. Единственото што подсеќаше на неа, беа неколку прамени коса над нејзиното чело. Следната недела ниту еден препишан лек не и помогна. Вујкото на Анупама испрати традиционален лек од неговото село, но и тој не помогна. Сликата подолу јасно ја покажува тогашната состојба на Анупама.
3. Притисок од семејството и пријателите да престане да практикува духовна пракса
Во конзервативното индиско семејство, тоа беше поразителен проблем за младата девојка. Нејзините родите беа многу загрижени.
Покрај притисокот од дома, Анупама мораше да се носи и со тежината на прашањата кои што ја прашуваа луѓето што ги среќаваше кога ги прибираше прилозите, додека ја вршеше својата духовна пракса.
И за време на овој голем социјален притисок и искушение, Анупама остана неприкосновена и цврста во својата вера во Бога и истрајна во духовната пракса.
Другите трагачи ја истражуваа нејзината состојба. И даваа признание затоа што ја продолжи духовната пракса и прибирање на прилози и покрај губитокот на косата. Анупама се заблагодаруваше на Гуруто затоа што чувствуваше дека остана стабилна и смирена само благодарејќи на Неговата милост.
4. Дијагноза за паѓањето на косата на Анупаме
Кога речиси ја изгуби сета коса, имаше средба со Равиндрам Салоке, трагач со високо развиено шесто сетило (ESP) од Одделението на SSRF за познавање на суптилната димензија. Тој дијагностицира дека причината за нејзиниот проблем е дух (демон, ѓавол, негативна енергија, итн) кој се обидува да ја обесхрабри во вршењето на духовната пракса.
4.1 Метод со кој духот доведува до паѓање на косата
Ова слика е како изгледа нормална кожа на главата со коса.
Сликата што следува прикажува како изгледа кожата на главата со коса кога духот поставил суптилен механизам од црна енергија, кој што го предивикува паѓањето на косата. Цртежот е заснован на суптилното знаење кој што го доби Анѓели Гадгил, трагач со високо развиено шесто сетило (ESP), за време на дијагностицирањето на случајот на губење на косата на Анупама.
Објаснување на сликата и метод на делување:
1. Црн дијаграм (јантра): Мантрикот почнува да внесува суптилен дијаграм од црна енергија. Дијаграмот делува така што што впива и произведува црна енергија според желбата на Манрикот
2. Балон од црн гас: Потоа прави балон од црн гас околу јантрата. Балонот прави заштита околу јантрата. Јантрата опкружена со црниот гас претставува центар (стан) на Мантрикот.
Движењето на јантрата создава фреквенции во црниот гас и така му олеснува да се пренесе по кожата на главата и на косата. Постојат два вида на фреквенции:
3а. Црни фреквенции кои што зрачат нагоре. Предизвикуваат уништување на косата.
3б. Црни фреквенции кои што зрачат надолу: Го слабеат коренот на влакното.
4. Поврзан црн проток: Оваа поврзана мрежа на проток од црна енергија го забрзува процесот. Бидејќи јантрите се поврзани, Мантрикот користи минимална енергија да активира една јантра за да се активираат и останатите. Потребното време за целосно губење на косата зависи од импулсот на дијаграмот.
Ако импулсот на дијаграмот е:
- Висок – целосно губење на косата се случува во рок од една недела
- Среден – потребни се три недели
- Низок – целосно губење на косата се случува за 4-6 недели.
5. Мрежа од црни фреквенции: Црните фреквенции создаваат мрежа над кожата на главата и така го збрзуваат целиот процес.
6. Врвот на влакното исто така емитува црни фреквенции.
5. Духовно исцелување
После некое време Анупама дозна дека во центарот (ашрамот) на SSRF во Мираѓ, Индија се одржуваат духовни работилници за подобрување на трагаштвото по Бога и имаше силна желба да учествува на нив. Се случи да еден трагач, кој беше планиран да учествува на работилницата, беше спречен да дојде, така да на место него беше предложена Анупама. Анупама беше пресреќна и постојано ментално му се заблагодаруваше на Гуруто.
Следната пречка беше како да ги увери родителите да и дозволат да оди во ашрамот.
5.1 Анупаме се подготвува да оди во центарот на SSRF во Мираѓ
Следната пречка беше како да се набават сите лекови за 15 дена, што Анупама ќе биде отсутна. Аптекарот ги немаше потребните лекови кои што и беа потребни на Анупама, а освен тоа наредниот ден беше недела и сите аптеки беа затворени. Можностите Анупама да ги набави сите лекови пред заминувањето во ашрамот беа никакви. Аптекарот, на нејзино големо чудење се согласи да ги набави лековите наредниот ден, па така аптеката беше отворена само за неа, иако беше недела. Конечно, кога лековите беа набавени, татко и даде согласност на Анупама за одење во Мараѓ на духовната работилница во ашрамот.
5.2 Работилница на трагачи во Мираѓ
Последниот ден во ашрамот, Неговата Светост Др. Атавле вршеше духовно исцелување. Анупама беше нервозна затоа што последниот пат кога присуствуваше на духовното исцелување на Неговата Светост Др. Атавле 2003. година, духот во неа се манифестираше. Духот веднаш почна да се манифестира само што погледна во очите на Неговата Светост Др. Атавле и почувствува голема непријатност.
Тоа се случува затоа што кај духот што опседнува, преовладува Тама (инерција и незнаење) компонентата и затоа не може да ја поднесе Сатвик (чистота и знаење) околината на просториите. На сличен начин ледот се топи во присуство на огнот. Ова подетално е објаснето во поглавието за духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Прочитајте го објаснувањето под манифестација на опседнатоста.
На 29-ти мај 2005. година во 6 часот попладне Неговата Светост Др. Атавле започна духовно исцелување. Овој пат Анупама не чувствуваше никаков немир гледајќи во очите на Неговата Светост Др. Атавле. Анупама опишува што се случуваше тогаш:
* Протокот на Божествената Свесност од телото на Светецот е најголем од Неговите ножни палци.
5.3 Духовното исцелување на губењето на косата продолжува на патот кон дома
Чувството на силни главоболки, жешки испарувања од главата и завртување и одвртување на десната рака, беа знаци на духовното исцелување на Неговата Светост Др. Атавле, кое што навистина делуваше. Исцелувањето се случуваше иако таа го напушти ашрамот на половина третман, поради враќањето дома. Немирот всушност го чувствуваше духот кој што се наоѓаше во неа.
Кога ја здогледаа неа и нејзините новоизраснати прамени коса, родителите на Анупама беа пресреќни. Нејзината глава пулсираше уште два дена по доаѓањето во Мумбаи. Продолжи со духовната пракса, водење на работилници и прибирање на прилози.
5.4 Како духовната мерка на Неговата Светост Др. Атавле успеа?
Фреквенции од манифестирана и неманифестирана Божествена Свесност зрачеа од нозете на Неговата Светост Др. Атавле, затоа што тој е Светец од највисок ред. Поради тие фреквенции црните дијаграми и балоните со црн гас околу коренот се распаднаа. Така е уништена и црната мрежа создадена од црните фреквенции кои што се емитуваа од нив. Потоа коренот е заштитен со Божествена Свесност, и го обнови. Така се створени услови за раст на косата. Потикнат е растот на влакната и косата на Анупама израсна во краток временски период.
6. Подобрување на животот во секој поглед
Животот на Анупама се врати во нормала. Во јуни 2005. година запиша дипломски студии на хотелски менаџмент. Редовно продолжува со духовната пракса. Косата повторно и израсна. Фотографијата на почетокот на написот е направена после духовните мерки и повторното растење на косата. Благодарна е на ова искуство затоа што тоа и ја зацврсти верата во Бога.
На нашето духовно патување сите наидуваме на препреки, кои што ни ја тестираат верата. Случајот на Анупама е пример како трагачот може да биде силен во верата и во периодите на искушение.