Содржина
1. Вовед
Во ерата во која живееме не поучуваат да го гледаме и разбираме светот преку нашите пет сетила, умот и интелектот. Како резултат на тоа, веруваме дека она што го гледаме е се што постои. Многу ретко луѓето се обидуваат и доживуваат нешто на ниво на виибрациите. На пример, носење костурски глави како моден детал можеби е нов моден тренд започнат од некои познати личности. Луѓето брзаат да го прифатат таквиот моден тренд без да застанат и да се запрашаат дали е тоа примерно, и каков вид на вибрации емитува таквиот накит.
Во светот во кој живееме, постојат многу такви трендови и однесувања кои емитуваат многу негативни вибрации, а сепак се прифатени од поголемиот дел на општеството. Поголемиот дел од општеството не се ни обидува да ги разбере и согледа работите на ниво на вибрациите. Поради тоа, многу луѓе следат негативни трендови и однесувања кои се популаризирани од страна на оние кои не знаат за подобро.
Преку духовно истражување, откривме дека трендовите и однесувањата објаснети во овој дел, беа започнати или се резултат на влијаниата на негативните енергии кои им создаваат непријатности на луѓето или ги опседнуваат. Како резултат на тоа, директно паѓаме во рацете на негативните енергии. Всушност, овие акции се еднакво или исто како да ги покануваме негативните енергии да го зајакнат нивното влијание врз нас.
Постои ли начин да се избегне овој илузорен стисок во кој негативните енергии го држат општеството?
Да, постои начин. Со едуцирање на општеството за практиките кои настанале под влијанието на негативните енергии, се надеваме дека ќе ја подигнеме свеста за овој светски проблем. (Ве молиме погледнете го делот: “Трендови и Однесувања кои настанле под влијанието на Негативните Енергии.”) Свеста е важна, бидејќи се додека умот и интелектот не го разберат овој аспект, човекот никогаш нема да може да се раководи според свеста ниту ќе ја бара. Во овој напис, ги истражуваме можностите кои луѓето ги имаат, со цел да создадат културна и духовна промена во светот, за да може општеството да усвои повеќе сатвик практики и однесувања.
2. Духовна пракса е потребна за да се разберат работите на ниво на вибрациите.
Кога едно дете ќе се изгори на шпоретот, повеќе нема да мора никој да му кажува на детето да не го допира шпоретот. Ова е затоа што детето од искуство разбира дека допирањето на жешок шпорет е болно.
Истото важи и за искуството со духовни вибрации. Никакви теоретски објаснувања неможат да го заменат вистинското искуство на негативни вибрации кои се емитуваат од одреден настан или предмет. Освен тоа со духовните вибрации работите не се толку очигледни како примерот погоре со детето.
За да се доживеат и разберат духовните вибрации, неопходна е редовна духовна пракса. Кога едно лице ќе усвои духовна пракса која е во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса, покрај духовниот раст се здобива и со многу други придобивки. Една од придобивките е способноста на согледување и доживување на суптилните вибрации. Кога ќе успееме да ги почувствуваме суптилните вибрации, полесно можеме да избереме она што е духовно подобро за нас, без оглед на тоа колку тоа на нашите физички сетила им изгледа примамливо.
Со редовна духовна пракса, се случува уште нешто. Нашата духовна чистота се зголемува и ние сами по себе неможеме да ги поднесеме стварите кои се духовно нечисти. Поради оваа причина, исто како што змијата ја менува кожата, трагачите автоматски, како што растат духовно, автоматски ги надминуваат духовно нечистите однесувања и навики од нивното минато, како што се јадење не-вегетаријанска храна, пиење алкохол, итн.
Фондацијата за истражување заснована на духовната наука, објави разни написи кои ќе ви помогнат да ја започнете или продолжите вашата духовна пракса.
- Започнете го своето духовно патување: Овој напис ќе ви овозможи краток преглед за тоа како можете да започнете духовна пракса, која е ефективна. Редовна духовна пракса е најдобриот начин да се дојде до одржлива позитивна промена во едно лице.
- Мерки за духовно исцелување: Нашите читатели ги обезбедивме со различни мерки за самоисцелување, како што се Третман со солена вода, Третман со кутии, и други.Овие едноставни, а сепак моќни мерки за духовно исцелување им помагаат на луѓето да ги надминат влијаниата од негативните енергии.
- Онлајн Сатсанзи (престој во друштво на Апсолутната Вистина): SSRF спроведува онлајн сатсанзи преку Скајп (Skype), и така им помагаат на трагачаите насочувајќи и иснпирирајќи ги да истраат на својот духовен пат.
- Проучување на SSRF веб-сајтот: Со проучување на SSRF веб-сајтот, едно лице може да добие духовни перспективи за разни аспекти и феномени во животот. Ова ќе помогне да се зголеми нечие разбирање за духовната димензија и како таа може длабоко да влијае на нашиот живот.
Со редовно применување на горенаведените практики, со текот на времето ќе можете:
- Духовно да растете и да го надминете влијанието од негативните енергии.
- Да направите разлика помеѓу позитвни и негативни вибрации, и следствено на тоа да се здобиете со способност да донесувате подобри одлуки за вас и вашите најблиски.
- Автоматски да ги надминете лошите однесувања кои влијаат на вас на физичко, психолошко и духовно ниво.
- Да ја намалите тешката судбина.
3. Клучни промени кои се потребни во општеството
- Образование: Треба и идеално би било да во наставната програма во нашиот образовен систем во целиот свет, се вклучат насоки за тоа што е сатвик, раѓасик и тамасик. Во античките ери како што се Сатјајуга и Третајуга постоело општо прифаќање и разбирање за тоа како духовната димензија влијае на нашите животи. Во образовниот систем Гуркула, Гуруто не ги подучувал учениците само за она што треба да го знаат за нивниот световен живот, туку и за нивниот духовен напредок. Ова ќе вклчува помагање на учениците да ја разберат духовната наука.
- Улогата на родителите: Родителите треба да бидат позитивен пример за своите деца; да ги насочуваат кон сатвик однесувања и трендови. За ова, одоговорноста лежи кај родителите да ги разберат духовните ефекти од различните трендови и однесувања. Тие самите ќе треба да обавуваат духовна пракса.
- Лидерите во општеството: Лидерите и креаторите на политиката во општеството треба да имаат силна духовна основа и разбирање, инаку е многу тешко да се управува со земја или држава на праведен начин кој е во корист на сите луѓе.
- Залагања: Протестирањето против негативните трендови и однесувања во општеството, како што се зомби парадите во еден град, помага да се создаде свест дека овие трендови треба да престанат.
4. Резиме
Обавувањето редовна духовна пракса спречува да едно лице извршува неправедни дела и гревови, и на лицето му обезбедува посреќен живот. Духовната пракса е едноставна, не чини ништо и не води до Блаженство (Ананд) – што е целта на човечкиот живот, кон која секој поединец се стреми и сака да ја постигне, биле свесни за тоа или не.
Едно општество ќе биде поздраво и посреќно, само ако секој човек во општеството е здрав и среќен, и обратно.
SSRF им посакува топло добредојде на сите наши читатели, и со уверување да се обидат да обавуваат духовна пракса, дека ќе направиме се за да ви помогнеме преку овој веб-сајт, преку нашиот Логин Систем, онлајн сатсанзи и преку трагачите.
Ајде да водиме духовно свесен живот и да уживаме во Блаженство!
За било какви прашања ве молиме контактирајте не преку нашиот Логин Систем.