Во животот се има свое време кога нешто треба да се случи. Ако вистинската работа се случи во погрешно време, посакуваниот резултат ќе изостане. На пример, ако семето се посее во сушна сезона наместо во дождлива, нема да пушти корен без оглед колку земјата е плодна. Исто така, одредена духовна пракса одговара на одреден временски период.
Сатјајуга: Ова ера била многу чиста кога просечното духовно ниво на луѓето бил 70% (ова е ниво на Светци). Овие луѓе биле толку духовно чисти така да Патот на Знаењето највеќе им одговарал, затоа што имале потенцијал спонтано да ја разбираат аналогијата на сите духовни дела.
Третајуга: Ова е ера во која просечното духовно ниво на луѓето паднал на 55% со што го изгубиле потенцијалот да го следат Патот на Знаењето. Но, и понатаму биле духовно способни да го следат Патот на испосништво (да речеме да стојат на една нога 12 часа) и медитираат (трагачот можел да медитира толку долго, така да преку него може да се создаде мравјалник).
Двапарјуга: Дошло до понатамошен пад во духовното ниво и луѓето го изгубиле потенцијалот да продолжат со строги мерки на испосништво и долготрајна медитација. Затоа со Божја волја е сторено луѓето да можат да напредуваат со вршење на обредно богослужение. Овие обреди и жртвени огнови (јаднии) побарувале многу време и труд затоа што за собирање на соодветните состојки било потребно многу време. Покрај тоа, обредите биле многу опширни и детални. Но, луѓето доволно верувале да потрошат време, напор и пари за да ги работат.
Калијуга: Таа се преведува како ’Ера на раздорот’ и тоа е време во кое денес живееме. Просечното духовно ниво на луѓето паднал само на 20-25%. Нашиот капацитет да вршиме било која од горе споменатите духовни практики е значително намален. Земајќи ги во предвид турбулентните времиња во кои што живееме и нивото на духовна загаденост – Бог сепак ни овозможил да растеме духовно. Единствената духовна пракса која што Тој сака да ја вршиме е повторување на Неговото Име.