1. Разлика во методологијата на истражување на ’модерната наука’ во однос на ’духовната наука’
Како што е прикажано во претходната табела, кога вршиме истражување во модерните науки, ги следиме основните чекори за да дојдеме до заклучок или да ја прифатиме или отфрлиме почетната хипотеза. Со оглед дека заклучокот зависи од хипотезата, тој не ја одразува вистината. Земајќи го во предвид фактот дека повеќето луѓе не се свесни дека духовната димензија постои, неизбежно е дека повеќето хипотези нема да ја земат во предвид вистинската духовна причина. Во духовното истражување трагачите по Вистината со високо развиено шесто сетило добиваат одговори од Универзалниот Ум и Интелект само со поставување на прашање те. сложените постапки неопходни во модерните науки не се потребни. За добивање одговори се зема во предвид физичката, психолошката и духовната димензија. Нивото на ’Вистина’ во одговорот е право пропорционален со нивото на развиеното шесто сетило на трагачот кој го спроведува истражувањето.
Една од многуте видливи разлики помеѓу двата вида на истражување е потребното време за истражување. На пример, да речеме дека сакаме да откриеме која земја во светот има најсреќни жители.
- Ако ги користиме традиционалните методи за истражување, мораме да ги следиме споменатите чекори. Мораме да ги користиме статистичките методи со примероци од делата на жителите и конечно да стигнеме до заклучокот после многу седмици врз основа на податоците добиени од примероците и анализите. Дури и тогаш можеме да ја тестираме хипотезата само до одредена точка.
- Кај духовното истражување, се што е потребно е да се влезе во медитативна состојба за да воспоставиме врска со Универзалниот Ум и Интелект кои ќе ги дадат одговорите. Во случај на оние кои се духовно воздигнати преку нивото од 90%, нема потреба дури ни за медитација. Тие речиси се непрекинато во постојана комуникација со Универзалниот Ум и Интелект (Божјиот Ум и Интелект). Целиот процес во духовното истражување нема да потрае повеќе од неколку секунди.
Забелешка: Додека идејата за духовното истражување може да делува едноставно, те. поставување прашање на Универзалниот Ум и Интелект и добивање на одговор, во реалноста само неколку луѓе се способни за тоа. Тоа е затоа што само после интензивна духовна пракса за време на неколку животи, луѓето можат да ја добијат оваа способност. Да се биде успешен во световниот живот е ’детска игра’ во споредба со достигнувањето на духовно ниво од преку 70%, како добар Трагач по Вистината.
Обрнете внимание на написот кој обелоденува колку има Светци и Гуруа на духовно ниво преку 70%.
2. Потврда за точноста од истражувањето засновано на духовната наука
Знаењето за било која тема добиено независно по пат на шестото сетило од страна на разни трагачи по Вистината во Фондацијата за истражување засновано на духовната наука SSRF е идентично. Единствена разлика во анализите на разните трагачи кои го спроведуваат духовното истражување може да биде во длабочините на информацијата, што зависи од развиеното шесто сетило на трагачите. Неговата Сетост Др. Атавле ги проверува сознанијата што ги добиваат овие трагачи.
На пример, детали за тоа ’што навистина се случува во духовната димензија кога опседнатото лице е подложно на метода за духовно лекување’ повеќе трагачи да дадат идентични одговори. Отстапување е можно само во детаљот кој стои зад нападот. Трагачот со средно развиено шесто сетило може да види дека нападот го предизвикале духовите (демони, ѓаволи, негативните енергии, итн.) од третиот регион на Пеколот. Меѓутоа, трагачот со уште поразвиено шесто сетило може да ни ги открие податоците и за духовите од шестиот регион на Пеколот кои праќаат црна енергија на духот од третиот регион на пеколот.
2.1 Точност во зависност од тоа кој го води тимот кој го спроведува истражувањето засновано на духовната наука
Многу често слушаме за видовити луѓе и медиуми кои имаат способност да ја видат духовната димензија. Исцелителите, медиумите и видовитите луѓе под духовното ниво од 70% добиваат знаење од суптилните тела на духовите. Суптилните тела на духовите обично се на исто духовно ниво како исцелителот, медиумот или видовитиот. Ова исто така влијае на точноста и висината на добиеното знаење.
За да го разберете овој концепт, замислете скала од 0 до 100%, во која отсуството на знаењето е означено со 0%. Најниското ниво на знаење кое може да се разбере преку умот и интелектот е 1%, а знаењето достапно од Универзалниот Ум и Интелект е 100%. Лицето на духовно ниво од 40 % обично добива знаење од суптилно тело на дух кој одговара на духовното ниво од 40%. Точноста и нивото на знаењето се исто така 40%.
До духовното ниво од 70%, знаењето најчесто се добива од негативните енергии и сходно на тоа го следи сразмерно учество на црна енергија. За оние кои не се свесни за суптилните механизми добивањето на знаење може да биде непознат овој аспект и така можат слепо и безусловно да веруваат во сите добиени знаења. Ако знаењето е добиено преку суптилно тело, постои голема веројатност дека ќе биде потполно или делумно неточно. Суптилните тела обично даваат некои исправни знаења на почетокот, за да ја добијат довербата кај луѓето. Кога веќе довербата е воспоставена, тие продолжуваат да даваат разни неточни или погрешни информации.
Втор важен фактор кој треба да се земе во предвид е тоа дека знаењето добиено од суптилните тела на духовите е секогаш обвиткано со црна енергија. Ова има негативно влијание на оној што го добива знаењето и неповолно се одразува на разни начини како што е слабо здравје, психолошки слабости, ’замаглен’ интелект, итн. Но овој процес е толку благ и постепен да лицето, неговите родители и пријатели воопшто не можат да го забележат. Ако овој процес на добивање знаење продолжи некое време, лицето полека станува само марионета во рацете на суптилното тело на духот. Суптилното тело на духот може потенцијално да го користи исцелителот, медиумот или видовитиот на разни начини, и така се продлабочува интересот за духот кој ги дава информациите.
Меѓутоа, над духовното ниво од 70%, знаењето го даваат позитивните суптилни тела, како Светците и Мудреците од високите позитивни региони на Универзумот (над Рајот), или е добиено преку медиумот од Универзалниот Ум и Интелект (Божјиот Ум и Интелект), црна енергија не го следи тоа добиено знаење. После достигнувањето на духовно ниво од 70%, човекот почнува да го добива Апсолутното знаење од Универзалниот Ум и Интелект. Постојат разни нивоа на разбирање на негативните аспекти на суптилната димензија како што се негативните енергии, опседнатоста од духови, или попречување од страна на духовите. Многу често, она што луѓето генерално можат да го доживеат е само врвот на санта лед. Само на духовно ниво преку 90% некој е во состојба да го согледа целиот дијапазон на суптилната димензија.
Ве молиме да го прочитате написот за способноста да ги забележиме пара-нормалните настани по пат на нашето шесто сетило.
Да заклучиме, само духовно воздигнати лица на духовно ниво од преку 70% можат да водат тим кој спроведува духовно истражување затоа што тие се способни точно да го препознаат знаењето дали е добиено од суптилните тела на духовите, или од Универзалниот Ум и Интелект.
3. Каде воглавно се вршат истражувањата засновани на духовната наука?
Во основа духовното истражување значи стекнување на знаење од Бога. Се спроведува со помош на лица со развиено шесто сетило (ESP). Значи, за разлика од истражувањата во модерните науки, духовното истражување се врши во духовната димензија во состојба на длабока медитација. Трагачите со високо развиено шесто сетило не мораат секогаш да бидат во состојба на медитација. Можат да добијат знаење и само да се молат на Бога.
Духовното истражување не се врши однадвор те. во лаборатории или во целни групи во општеството. На пример, за да се увери дали некоја куќа е проколната, трагачот што го врши духовното истражување не мора да отиде до таа куќа за да ја потврди запоседнатоста. Заправо од местото каде се наоѓа трагачот може да даде прецизни детали за духот што ја запоседнал куќата или детали за причината на опседнатоста.
4. Како можете да ги одредите процентите на духовните појави/карактеристики?
Проучувањето на духовната димензија е исто така систематско и логично како и проучувањето на материјалниот свет. Затоа, може да биде квантитативно изразено во проценти. Овие проценти се добиени во процентите од Универзалниот Ум и Интелект преку шестото сетило во состојба на длабока медитација. Тие не се добиваат со конвенционални истражувачки методи.
5. Како тоа другите истражувања да не се дојдени до исти заклучоци?
На овој сајт спомнавме дека духовните причини претставуваат до 80% од сите главни причини за проблемите во животот.
Повеќето истражувања за проучување на духовната димензија и нејзиното влијание врз човекот се вршат со користење на конвенционалните инструменти за истражување. SSRF од друга страна го користи медиумот на активно шесто сетило. Користењето на конвенционалната методологија за истражување за да ја истражи духовната димензија е како обидот интелигенцијата да се измери со линијар. Во најдобар случај, овој вид на истражување може да биде само потврда, пред отколку директно истражување на причините за појавите во духовната димензија. Она што умот/мозокот не го знае, тој нема ни да бара да потврди. Истражувањата што ги спроведува SSRF преку медиумот на активно шесто сетило не се соочуваат со ограничувањата на конвенционалните истражувачки методи. Според тоа, заклучоците од истражувањата се сигурно различни.
На пример, на медицината може да и се препишаат 100% од симптомите за болката во градите на срцевите неурози со оглед дека се изгледа нормално на рендгенот и EKG-то. Духовното истражување може да ги препише 10% од симптомите на психолошките фактори, а 90% на духот кој го блокира протокот на духовната енергија преку телото (Кундалини).
6. Предноста на оваа метода за истражувањето засновано на духовната наука
- Правилна употреба на човековите способности: Методологијата на истражувањето на модерната наука користи време и способност на многу поединци. Ако сме добри познавачи на духовното истражување, овие способности ќе бидат многу поефикасни и попродуктивно искористени. (Цената на не користење на способноста на човештвото, ограничувајќи се само на конвенционалното истражување може лесно да достигне до милијарди долари.)
- Пари: Миљарди долари се користат за вршење на разни истражувања. Ова нема да се случува во случај да ги прифатиме методите за духовно истражување затоа што одговорите ќе бидат добиени веднаш.
- Време: Некои научници го поминуваат целиот живот во истражување на една одредена област. Со духовното истражување конечните одговори ќе бидат добиени веднаш.
- Избегнати се штетни истражувања: За време на проучувањето на водата се случуваат многу несакани и потенцијално штетни истражувања. Духовното истражување, бидејќи доаѓа од Бога, не може да биде штетно.
- Духовна корист: Во истражувањата на модерната наука, истражувачот го развива егото кое открива дека тој ’открил’ или ’измислил нешто’. Во духовното истражување нашето его е намалено затоа што имаме свест дека ’сум имал прашања, а Бог на нив одговорил’. На овој начин, како се приближуваме кон Бога, не само дека нашата вера и посветеност растат, туку и главната цел во животот намалување на егото, се постигнува како нус-производ кој дури не сме го ниту барале.
7. Резиме
Развивањето на способноста за водење на духовното истражување, во основа значи развивање на нашата способност за суптилно перципирање те. восприемање. Единствен начин оваа способност да се развие е со вршење на духовна пракса. Има многу трагачи по Вистината во SSRF што го имаат ова ниво на развиено шесто сетило (ESP), кое се развило преку редовна духовна пракса. Преку овај сајт ќе ги објавуваме наодите добиени со духовното истражување по пат на шестото сетило. Искрено се молиме дека ова ќе го поттикне разбирањето на духовната димензија во светот, како и вистинските причини кои стојат зад нормалните и чудните појави кои влијаат на нашите животи.
Духовно истражување значи да се биде во врска со Бога. Ако имаме развиена способност на шестото сетило (ESP) можеме веднаш да добиеме увид во она што сме наумиле да го научиме и сознаеме.