1. Каде постојат духовите?
Духовите (демоните, ѓаволите, негативните енергии, итн.) се наоѓаат во Чистилиштето (Бувалока) и Пеколот (Патал). Од таму, тие ја населуваат и Земјата и ги опседнуваат или влијаат врз човечките битија.
Забелешки:
1. Иако регионите се прикажани еден под друг, во реалноста тие постојат секаде околу нас. Само Земјата е во физичка, материјална рамнина и може да се види. Останатите региони бидејќи се прогресивно се посуптилни и посуптилни, се невидливи со голо око. Всушност, разни луѓе, иако живеат на Земјата имаат мисли и емоции кои што одговараат на разните региони на егзистенцијата, според своето духовно ниво и мислите. На пример Светците, те. духовно возвишените луѓе на духовно ниво од 70%, се во позитивните региони на постоењето, кои што одговараат на Рајот и над него. Наспроти тоа, лицето кое што планира кражба има мисли кои што одговараат на првиот регион на Пеколот, некој кој што планира исти чин, но со намера да ги повреди другите одговара на вториот регион на Пеколот и така по ред, да речеме лицето кое што планира убиство, има мисли кои што одговараат на седмиот регион на Пеколот. Меѓутоа, не можат да се доживеат два региони истовремено, на пример лицето не може да има мисли кои одговараат истовремено на мислите од два региони, на пример, Рајот и Махалока.
2. Чистилиштето (Бувалока) всушност е регион одвоен од Бога и поради тоа е негативен, но е означен како позитивен, затоа што суптилните тела од овој регион имаат можност повторно да се родат и да напредуваат духовно. Еднаш кога веќе суптилните тела паднат во било кој регион на Пеколот, не постои повеќе можност повторно да се родат на Земјата и да напредуваат кон Бога.
2. Регион од кој што потекнуваат според духовната моќ
Регионот од каде што доаѓаат духовите (демоните, ѓаволите, негативните енергии, итн.) односно потекнуваат, се разликува во зависност од нивната духовна моќ, способност, итн. Секое битие (те. човечко битие или суптилно тело) се чувствува пријатно во својот регион, затоа што неговите фреквенции одговараат на фреквенциите на тој регион. Со зголемувањето на духовната моќ, духовите стануваат по суптилни, и се наоѓаат прогресивно во подлабоките негативни региони. Со тоа, духовите со најмала духовна моќ се наоѓаат во Чистилиштето. Духовите во подлабоките региони на Пеколот се, се повеќе моќни и се повеќе зли.
3. Движење на духовите помеѓу регионите
- Духовите (демоните, ѓаволите, негативните енергии, итн.) можат да се движат и големи далечини на Земјата да ги поминат за неколку секунди.
- Можат лесно да поминуваат помеѓу Земјата и суптилните региони за само неколку секунди.
- Духовите од суптилните региони на Универзумот, можат да патуваат кон вишите региони, на пример кон Земјата. Соодветно на тоа, дух од третиот регион на Пеколот, може лесно да дојде во Чистилиштето, или на Земјата.
- По правило, луѓето, или суптилните тела од Земјата и Чистилиштето не можат да ги посетуваат суптилните региони те. повисоките позитивни региони како што е Рајот, или пониските негативни региони како што е Пеколот.
4. Каде на Земјата има духови?
Духовите престојуваат на многу места на Земјата. Можат да создаваат центри на црна енергија во живите и неживите битија/објекти. Центар подразбира место каде ја чуваат својата црна енергија. Негативните енергии на тој начин создаваат центри во луѓето, дрвјата, куќите, електричните апарати, итн. Создаваат центри во луѓето за да ги задоволат своите желби за јадење, пиење, пушење, секс, или да ја исполнат својата сметка на земање и давање. Со оглед дека духовите се создадени од Апсолутниот Елемент на Воздухот (Вајутатва), не можат да се видат без моќта на суптилниот вид (шестото сетило на видот).
Духовите најчесто се наоѓаат на следните места:
Човечките битија: Духовите егзистираат околу нас, на луѓето и во нив за да ги задоволат своите желби и освети, за да ги порамнат сметките на земање и давање со некои луѓе, или да уживаат мачејќи ги. Духовите го опседнуваат било кој дел од физичкото тело, умот, или интелектот на човекот. Тоа најчесто се вика демонска опседнатост.
Опседнатоста може да трае многу години, дури и во текот на неколку раѓања. Најчесто луѓето не знаат дека се опседнати, однесувајќи се според желбите на духот.
Не е важно дали духот престојува внатре, или надвор од опседнатото лице или објект, затоа што моќта на контролата која што ја има духот над она што го опседнал, не е условена со тоа, дали духот се наоѓа внатре, или надвор од некое лице.
Видете го написот: Што значи да се биде ’под влијание на духови’ (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)’ и да се биде ’опседнат од духови’ (демонска опседнатост)?
Животните: Духовите најчесто се наоѓаат на животните. Всушност, ретко се наоѓаат во животните, освен кога сакаат да ги вознемируваат луѓето контролирајќи ги животните. Опседнатото животно станува диво и ги напаѓа луѓето, и така ги вознемирува.
Некои животни и птици, како на пример кучињата, коњите, бувот, кравите се почувствителни на присуството на духовите од останатите. Кога кучињата ноќе лаат, или завиваат без очигледна причина, може да биде дека причината е таа што го чувствуваат присуството на духот.
Вегетацијата: Генерално, духовите се прилепуваат на вегетацијата и тоа на дрвјата, според фреквенцијата слична на онаа што ја сакаат духовите. (Се во Универзумот има одредена фреквенција. Аурата е манифестација на фреквенции). Дрвото тамаринд на сликата е општо познато и забележан пример на дрво кое што го сакаат духовите. Духовите влијаат и на останатите дрвја, како што се на пример индиската смоква (Ficus indica) и светата смоква.
Видете го написот: Дали и животните и билките/дрвјата можат исто да бидат опседнати?
Опседнатите предмети: Многу често лицата и после смртта остануваат ментално врзани за предметите кои што им биле драги за време на животот. Нивните суптилни тела застануваат на предметот како најдрагиот стол, имотот, итн.
На пример, кога премината жена продолжи да биде врзана за својот дијамантски накит, нејзиниот ум се обвие околу него. Таквите предмети се нарекуваат опседнати. Носењето на такви предмети може да предизвикаат непријатност, ако суптилното тело на преминатиот е несреќно поради што тие се носат. Доколку предметот е опседнат од дух, нанесената болка или непријатноста на лицето кое е во контакт со предметот или го носи, воглавном е причината за врзаноста на духот за предметот.
Опседнати куќи: Во погоре наведениот пример, со време некои станари на куќата можат да го изгубат животот, и нивните суптилни тела тогаш исто така ја опседнуваат куќата. Подоцна, дури и луѓето кои што на никаков начин не се врзани за тој простор, чувствуваат вознемиреност, затоа што слушаат звуци, или крици за време на полната, или младата месечина, или на полноќ. Таквите куќи ги нарекуваме опседнати куќи.
Опседнати места: Кога на некое место се случи насилство и жртвата така умре, нејзиното суптилно тело го опседне тоа место.Таквите суптилни тела не дозволуваат никому да влезе во тој простор. Го мачат секој кој ќе отиде таму. Таквите места се нарекуваат опседнати места.
Возила: Доколку лицето е убиено, или случајно го изгубило животот во возило, неговото суптилно тело го опседнува, но тоа не е секогаш случај. Тоа зависи од други фактори како што е судбината на лицето, неговото духовно ниво, бројот на негативните впечатоци, егото, природата на неговите дела за време на живото, итн.
Кога луѓето непрекинато доживуваат разни форми на необјаснети неволји било во возило, или надвор од него, како чувство на загриженост, чувство на нечија присутност, кога возилото излезе од контрола, итн. Иако е можно возилото да е под влијание на духовите.
Патишта: Во многу фатални несреќи, кои што се случуваат на патиштата, суптилните тела на лицата кои што загинале во несреќата го опседнуваат местото. Бесни поради сопствената смрт, предизвикуваат други сообраќајни несреќи. Многу суптилни тела на жртвите го посетуваат тој дел од патот. Со тек на времето нивниот број се зголемува и несреќите на одредено место се случуваат почесто. Доколку не се преземат мерки на духовно ниво, суптилните тела да се ослободат од врзаноста, несреќите продолжуваат да се случуваат и покрај трудот да се спречат на физичко ниво. Ова е причината поради која на некои делови од патот често се случуваат несреќи, иако тој дел од патот е рамен и широк со поставени знаци за опасност од несреќа, итн.
Понекогаш луѓето прават мали споменици на местото на несреќата, за сеќавање на унесреќениот. Со тоа суптилното тело на преминатиот се врзува за местото на несреќата и така се создава пречка на суптилното тело, во напредокот кон регионот кој што му одговара на фреквенцијата. Како резултат на тоа, суптилното тело доживува болка.
Полициски станици: Суптилните тела на затворениците кои што подлегнале на полициската тортура, во голема мерка ги опседнуваат затворските ќелии. Затоа не е пријатно во полициските станици, каде што се случува смрт на затворениците.
Затвори: Суптилните тела кои што се неправедно обесени, ги опседнуваат затворите.
Болници:Суптилните тела на многумина што ќе умрат после борбата за преживување во болницата, ги опседнуваат нејзините простории. Присуството на суптилните тела, или оние кои што веќе станале духови, создаваат негативна околина. Тоа влијаe на болните лица, присутните, како и пријателите и роднините кои што доаѓаат на посета. Оваа негативност може да се манифестира како одложено заздравување и слично. Некои чувствителни пациенти, оние што ги посетуваат, или персоналот на болницата можат да бидат опседнати, или бидат под влијание на духовите за време на престојот во болницата, а за тоа да не бидат ниту свесни.
Гробиштата и крематориумите: Многу пати суптилните тела на преминатите, чии што погреби се извршат неадекватно, влијаат на околината. Тоа е една од причините што луѓето се чувствуваат непријатно, тешко, уморно, итн. после посетата на тие места. Сепак, најчесто тоа се препишува исклучително на психолошките причини.
Кога луѓето постојано доживуваат разни форми на необјаснети неприлики околу некој простор, лица или предмети, многу е веројатно дека тој одреден простор или лице, или предмет, се опседнати, или под влијание на духовите. Чувството на непријатност вклучува:
- чувство на страв
- чувство на присутност
- чувство како да целата енергија од телото се излеала, итн. или
- кога некоја несреќа постојано се случува на одредено место, без некоја посебна причина.
Присуството на духовите сепак е видливо само за оние со развиено шесто сетило. Духовите предизвикуваат непријатност на оние кои што се во нивна близина, или ги опседнуваат, посебно оние кои се нестабилни психички (анксиозност и депресија) или духовно (ниско духовно ниво, веќе опседнати или под влијание на духовите).
5. Што можеме да сториме за да се заштитиме од духовите?
Редовната духовна пракса помага да стекнеме духовна сила, која што станува наш заштитен ’оклоп’ против попречувањата од духовите. Пред влегувањето во опседнатите места, потребно е да се помолиме на Бога за заштита. Со тоа, континуирано пеење на Божјото Име според религијата на раѓање, во која сме родени го зголемува Божјиот штит околу нас.
таквите луѓе, затоа што не преземаат соодветни мерки за заштита.
Луѓето кои што така размислуваат, Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), нагласува дека е многу важно да се биде едуциран за присуството на духовите, и да се знае како да се заштитиме од нивното влијание. Незнаењето или ’ставањето главата во песок’ што се однесува до нивното постоење, не не исклучува од нивното штетно влијание. Напротив, на духовите им е многу полесно да влијаат на таквите луѓе, затоа што не преземаат соодветни мерки за заштита.