Резиме
Да се има учител кој ќе не води на било кое поле е од непроценливо значење. Ова, исто така, важи и во Духовноста. Бидејќи Духовноста е суптилна или нематеријална по природа, тешко е да се препознае со сигурност кој е духовно возвишен учител или Гуру. Гуру е потполно различен од учител или проповедник. Тој е светилник на духовна светлина во нашиот свет, и не учи на универзалните духовни принципи кои ги надминуваат сите религии и култури. Во овој напис се објаснети Неговите карактеристики и основни особини.
Содржина
- 1. Вовед
- 2. Дефиниција за Гуру или Духовно развиен учител
- 3. Разлики помеѓу наставник/професор и Гуру
- 4. Разлики помеѓу проповедник и Гуру
- 5. Кои се разликите помеѓу Гуру и Светец
- 6. Каква е важноста на Гуруто во човечка форма
- 7. Некои истакнато карактеристики на Гуруто во човечки облик
- 8. Како да препознаеме и да се здобиеме со духовно напреднат водич?
- 9. Заклучок
1. Вовед
Што ако на децата им беше кажано да се едуцираат сами во модерната наука без учител или било каков пристап до претходно знаење стекнато во текот на вековите? Што би било ако моравме на секое поле да го ставаме во погон тркалото од почеток, без да имаме пристап до знаењето од некоја област кое што сега нам ние е достапно? Во тој случај, ќе го потрошиме целиот живот обидувајќи се нешто да научиме без некој напредок или можеби ќе отидеме во погрешна насока.
На истиот начин, и на нашето духовно патување е неопходен водач (учител). Произлегува од причина дека учител од било која област, треба да биде авторитет во таа одредена област. Според Духовната наука, лице кое е авторитет во областа на Духовноста е познато како Гуру.
Постои изрека дека, во царството на слепите човекот што гледа е Цар. Со високо активирано шесто сетило, Гуруто е целосно “човекот што гледа” во царството на духовно слепите и неуките. Тој е некој, кој веќе го изодил духовниот пат, под водство на неговиот Духовен Водач, и има пристап до Универзалниот Ум и Интелект. Во овој напис, ќе објасниме кој може да се смета за Духовен Водач или Гуру и Неговите карактеристики.
2. Дефиниција за Гуру или Духовно развиен учител
Постојат различни аспекти на Врховниот Божји принцип. Овие различни аспекти на Бога, вршат одредени функции во Универзумот. Ова е доста слично на владата на било која држава која има различни министерства за да се овозможи непречено управување и функционирање на државата како целина.
Исто како што имаме министерство за образование во една влада, која го олеснува учењето на модерните науки во целата земја, аспектот на Бога кој се грижи за духовно учење и духовен раст во Универзумот е познат како Гуру. Ова е познато како невиден или не-манифестиран (ниргун) Гуру или Божјиот Приницип на учењето. Неманифестираниот Гуру се проткајува низ целиот Универзум и е со нас во секое време во текот на нашиот живот, па дури и откако ќе умреме. Основната и истакнатата особина е дека не-манифестираниот Гуру принцип стои до нас во текот на нашиот живот и полека не крева од нашиот световен живот во духовен начин на живеење. Гуруто не води според нашето духовно ниво, односно нашиот капацитет да впиеме знаење без оглед на тоа дали тоа го знаеме или не, ни помага да развиеме квалитети како што се упорност, посветеност, внимание на детали, издржливост, сочувство, итн. преку нашите животи. Сите овие видови на вештини, се неопходни да се биде добар трагач по Бога, и се од витално значење во одржувањето на нашиот духовен пат. За оние кои проактивно бараат духовен раст, Гуруто е повеќе активен, водејќи ги во невидена форма според она што им е потребно.
Од целата популација на светот, само неколку преземаат (обавуваат, вршат) духовна пракса која е универзална и надвор од границите на формалната организирана религија. Меѓу овие, многу малку луѓе преку нивната духовна пракса (без оглед на нивната религија на раѓање) постигнуваат духовно ниво од над 70%. Не-манифестираниот Гуру, потоа работи целосно преку некои од овие духовно возвишени поединци, кои потоа се познати како манифестиран (сагун) Гуру или Гуру во човечка форма. Со други зборови, лицето мора да биде најмалку на 70% духовно ниво да се квалификува како духовен водач (учител) или Гуру. Гуруто во човечка форма делува како светилник на духовно знаење за човештвото и е во целосна усогласеност со Универзалниот Ум и Интелект на Бога.
2.1 Буквалното значење на Гуру
Зборот “Гуру” е изведен од санскритскиот јазик и има длабоко духовно значење. Се состои од два збора Гу и Ру, и го имаат следново значење.
Гу го означува духовното незнаење, во кое се наоѓа поголем дел од човештвото.
Ру го претставува зрачењето на духовното знаење кое го осветлува духовно незнаење.
На кратко, Гуру е оној кој ја осветлува темнината на духовното незнаење во човештвото, и му поклонува духовни искуства и духовно знаење.
3. Разлики помеѓу наставник/професор и Гуру
Следната табела ги дава разликите помеѓу наставник и Гуру во човечка форма.
Наставник | Гуру |
Подучува за одреден период | Подучува 24 часа на ден |
Подучува со помош на зборови | Подучува со помош на зборови и далеку над зборови |
Не се грижи за приватниот живот на студентите | Се грижи за студентите во секој аспект од нивните животи |
Подучува неколку предмети | Подучува за Духовната наука која ги опфаќа сите предмети |
4. Разлики помеѓу проповедник и Гуру
Постои голема разлика помеѓу едно лице кое проповеда Духовни науки или верска студија во споредба со Гуру. Следната табела се проширува на разликите помеѓу нив и нивното водење на луѓето.
Повеќето проповедници во денешниот свет се на духовно ниво од 30% и како резултат на тоа, тие не се ниту способни да го разберат вистинското имплицирано значење на Светите писма (текстови) кои што тие ги цитираат, ниту пак го искусиле од прва рака се она што е напишано. Па така, можноста да се поведе публиката на погрешен пат е голема.
5. Кои се разликите помеѓу Гуру и Светец
5.1 Што е она што го прави едно лице да стане Гуру пошто веќе е Светец?
Секој Гуру е Светец, но секој Светец не е Гуру. Само некои Светци се квалификуваат како Гуруа.
Следната табела покажува колку Свтеци и Гуруа има во светот во Мај 2013.
Број на Светци и Гуруа во светот во Мај 2013 година
Извор: Духовно истражување спроведено од страна на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука на 16 Мај 2013 | |||
Духовно ниво | Број на Светци1 | Број на Гуруа2 | Вкупно |
---|---|---|---|
60-69%3 | 3,500 | 1,500 | 5,000 |
70-79% | 50 | 50 | 100 |
80-89% | 10 | 10 | 20 |
90-100% | 5 | 5 | 10 |
Фусноти:
- Под поимот ’Свтетец’, мислиме на лице кое е на духовно ниво од 70% или повисоко. Светец создава интерес помеѓу луѓето во општеството да преземат духовна пракса и ги упатува да го следат патот на Духовноста.
- Гуруата ја преземаат целата одговорност за водење на трагачите до достигнување Конечно Ослободување (Мокша) и, всушност, прават се што треба да се случи тоа.
- Иако едно лице под 70% духовно ниво, не се смета за Светец, ние сепак го прикажавме вкупниот број на трагачи кој се во категорија од 60-69% духовно ниво, и нив ги има 5000. Поединци кои се на духовно ниво од 60-69% (трагачи) се на пат да станат Светци или Гуруа. Тоа, исто така, значи дека тие имаат потенцијал да станат Светци или Гуруа. Ако трагачи од оваа категорија продолжат да вршат духовна пракса, тогаш од нив 70% (односно, 3500) ќе станат Светци, и 30% (односно, 1500) ќе станат Гуруа.
5.2 Кои се сличностите помеѓу Светец и Гуру?
- Обата и Светецот и Гуруто се на духовно ниво од над 70%.
- И обата имаат духовна љубов (прити) кон сите луѓе, односно љубов без очекувања.
- И обата имаат многу ниско его. Ова значи дека тие не се идентификуваат со своите пет сетила, ум и интелект, но со душата (атма) која што е Бог во нас.
5.3 Кои се разликите во карактеристиките помеѓу Светец и Гуру?
Следната табела прикажува една бруто споредба помеѓу Светец и Гуру на духовно ниво од 80%
Разликата помеѓу Светец и Гуру
Светец | Гуру | |
---|---|---|
Љубов кон другите1во % | 30% | 60% |
Служење2 | 30% | 50% |
Жртвување3 | 70% | 90% |
Пишување Квантитет4 Природа5 | 2% Дава повеќе духовни искуства |
10% Има повеќе духовно водство |
Манифестирана6енергија | 20% | 5% |
Духовен напредок7 | Брз | Побрз |
Фусноти (врз основа на бројките во црвено во горната табела):
- Со љубов кон другите, мислиме да ги сакаме другите без било какво очекување. Ова е различно од световната љубов која секогаш е обележана со некој вид на очекување. 100% би значело безусловна, неподелена, потполна Божја љубов, проширена подеднакво за целата Божја креација, почнувајќи од неживите суштества до најситните живи суштества како мравките до највисоките живи суштества, односно луѓето.
- Служење значи, Служење на Апсолутната Вистината (Сатсева) или Духовна наука, која е во согласност со Универзалните принципи кои ги надминуваат сите религии и кои управуваат со целиот Универзум. 100% овде би значело дека 100% од нивното време и способности во сите димензии како физички (телесни), ментални, интелектуални, финансиски, општествени, итн. се трошат за служење на Бога.
- Жртвување (тјаг) значи колку од нивното време, тело, ум и богатство, жртвувале да му служат на Бога.
- Квантитет на пишување текстови поврзани со објаснувањето и ширењето на Апсолутната Вистина.
- Природата на текстовите на Светците и Гуруата се повеќе за духовни искуства и духовно водство (совети) соодветно.
- Бог функционира со Неговото само постоење. Тој не треба да направи било каков напор, па оттука и Неговата енергија не се манифестира. Формите на Неговата енергија се не-манифестирани, како што се Мир (Шанти), Блаженство (Ананд), итн. Но Светците и Гуруата затоа што имаат материјално физичко тело, до одреден степен користат манифестирана енергија.
-
’Јас’ тво едноставно значи размислување за себе и доживување себеси како одделен од Бога.
Бидјеќи Гуруата се едно со не-манифестираната форма на Бога, тие не треба да користат многу манифестирана енергија. Бидејќи ‘Јас’твото во Светците е повисоко од она во Гуруата, тие користат повеќе манифестирана енергија отколку што користат Гуруата. Но ова е многу помало во споредено со оние кои вршат слични функции со помош на натприродни моќи. На пример, кога едно лице е излечено од неговата болест со благословите на Светец, само 20% од енергијата е манифестирана, каде истата може да биде и до 50%, во случај на оној кој не е Светец, но исцелува со натприродни исцелувачки моќи. Бидејќи манифестираната енергија на Бога е 0, манифестираната енергија што некој ја троши, е во функција на единство на Бога. Па така, колку што е повеќе вашата енергија манифестирана, толку подалеку сте од Бога. Знаци на манифестирана енергија се светли, блескави очи, остри движења на рацете, итн.
- Со цел да ја извршат нивната мисија, на Светците и Гуруата им треба слична манифестирана енергија, која е дадена од Бога. Светците понекогаш решаваат световни проблеми на своите приврзаници, на кои трошат релативно повеќе енергија. Гуруто го фокусира Неговиот ученик на духовен раст, што пак за возврат го прави ученикот само-доволен во надминување на проблеми, каде основните причини се духовни по природа. Како резултат на тоа, Гуруто потрошува помалку духовна енергија.
- Обата и Светецот и Гуруто се на духовно ниво од најмалку 70%. Откако ќе го поминат духовното ниво од 70%, духовниот напредок е побрз кај Гуруата, отколку кај другите Светци. Тие го достигнуваат нивото на Садгуру (80%) и Паратпар (90%) побрзо од други Светци кои го постигнуваат истите духовни нивоа. Ова е затоа што тие константно се обземени (насочени) во мисијата духовно да издигнат ученик, додека Светците, исто така, им помагаат на нивните приврзаници, но повеќе на световно ниво.
6. Каква е важноста на Гуруто во човечка форма
Секој од нас бара упатување од наставници, лекари, адвокати, итн. во нивните области. Ако е потребен водач дури и во овие релативно едноставни полиња, тогаш замислете ја важноста на Гуруто, кој ослободува поединци од ропството на циклусот на животот и смртта.
6.1 Важноста на Гуруто – од перспектива подучување ученик
Гуруто доаѓа во многу форми. Тој не учи преку ситуации, книги, во човечка форма, итн. Следната табела е споредба помеѓу овие различни форми и ја покажува важноста на Гуруто во човечка форма.
Важноста на Гуруто во манифестирана или човечка форма
Гуру во форма на | Отсуство на Гуруто | ||||
---|---|---|---|---|---|
Човек | Книга | Идол/Слика | Други/ситуации во животот | ||
Донесување одлука за учењто според способноста на ученикот | Можно | Невозможно | Невозможно | Невозможно | – |
Разјаснување на сомнежи | Можно штом се појави сомнежот | Можно до некој помал степен, само после многу читање | Невозможно | Невозможно | <- |
Време потребно да се развие вера | Многу малку | Повеќе | Уште повеќе | Многу долго, скоро невозможно | – |
Охрабрувачко учење и тестирање | Можно | Невозможно | Невозможно | Невозможно | – |
Број на ученици кои ја напуштаат духовната пракса на половина пат | Помал | Поголем | Далеку поголем | Најголем | Најголем |
Време потребно за духовен напредок | Помалку | Повеќе | Далеку повеќе | Највеќе | Највеќе |
Карактерот на ученикот кој според психологијата највеќе се совпаѓа со формата на Гуруто | Оној кој има голема потреба од водство | Оној со независен став | Оној кој осеќа потреба за подршка | Оној со независен став | Оној со уште по независен став |
6.2 Важноста на Гуруто – од психолошка перспектива
Постојат многу психолошки придобивки кога еден ученик има духовен водач во човечка форма.
- За разлика од Бога и Божествата кои не го прикажуваат нивното постоење и потенцијал, Гуруто ја прикажува Неговата форма преку човечки Гуру. На овој начин ученикот на Духовноста, има материјален водич да се грижи за него и за неговиот духовен пат.
- Гуруто во човечка форма е сезнаен (неограничен), исто како не-манифестираниот Гуру е во состојба да согледа се за својот Ученик. Тој знае дека преку Неговиот пристап до Универзалниот Ум и Интелект, дали студентот е искрен или не, и каде тој прави грешки. Како резултат на тоа, студентот бидејќи е свесен за оваа способност на Гуруто, често се воздржува од правење лоши дела.
- Гуруто не му дозволува на ученикот да развие комплекс на инфериорност поради фактот дека тој е од помала вредност од Гуруто. Тој го отстранува комплексот на инфериорност бидејќи ученикот заслужува, и му ја подарува целата сеопшта природа на еден Гуру.
6.3 Важноста на Гуруто – од перспектива на Духовната наука
Следната табела ја прикажува важноста на Гуруто во човечка форма за духовниот раст на трагачот/ученикот.
Важноста на Гуруто во манифестирана или човечка форма
Гуру во форма на | Отсуство на Гуруто | ||||
---|---|---|---|---|---|
Човек | Книга | Идол/Слика | Други/ситуации во животот | ||
Водство со грижа за намалување на судбинските предодредени и самоволни акции и надминување вознемирувачки енергии кои ја попречуваат духовната пракса | Можно | Невозможно | Невозможно | Невозможно | – |
Придобивка добиена од самото присуство на Гуруто поради неговата Божествена свесност | Можна | Невозможна | Мала | Невозможна | – |
Придобика од милоста на Гуруто | Можна | Невозможна | Мала | Невозможна | – |
Потребно духовно ниво во % на кое ученкиот може да се здобие со придобивка | 55%1 | 40% | 60%2 | 30% | – |
Напори кои треба да ги направи ученикот / трагачот во % | 60%3 | 70% | 70% | 70% | 100% |
Квалитети кои му се потребни на ученикот | Служење и жртвување | Разбирање4на пренесеното значење | Водство од внатре | Зависи од типот | Високо его5 |
Износ на годишен духовен напредоk | 2-3% | 0.25% | 0.27% | 0.25% | 0.001%6 |
Фусноти (врз основа на броевите во црвено во горната табела):
- На околу 55% духовно ниво, студентот / ученикот развива доволно духовна зрелост да придобие од самото присуство на Гуруто во човечки облик. Тоа е слично како добивање стипендија во Духовноста. На ова ниво на духовна зрелост, ученикот е спремен да го прифати Гурувото водство и да го води кон спознавање на Бога.
- Релативно е многу потешко да се извлече корист од идол. Суптилните, нематеријални фреквенции кои еден идол или слика на Гуру ги емитува, може само да му бидат од корист на лице кое е над 60% духовно ниво со активирано шесто сетило.
- Кога некој го следи насочувањето на Гуруто во човечки облик, напорот потребен да се направи духовен напредок е најмал, бидејќи е канализиран најефикасно. Во сите други случаи, шансите за правење на грешки се многу повисоки.
- Да се биде способен да се разбере преносното значење на Светите текстови (писма, списи, итн.) не е лесна задача. Многу често Светите текстови (писма, списи, итн.) и книги се склони кон погрешно толкување.
- Овде под его се мисли на верата во самиот себе. Ако верата во самиот себе не е висока, тогаш некое лице неможе да направи духовен напредок ако нема духовно водство.
- Без духовен водач, веројатноста дека ќе дојде до духовна стагнација или дури регресија во духовниот раст е висока
7. Некои истакнато карактеристики на Гуруто во човечки облик
- Гуру е далеку над организирана религија, и Тој гледа на целокупното човештво подеднакво. Тој не прави разлика врз основа на култура, националност или пол. Тој само го бара ученикот кој интензивно пожелува духовен раст.
- Гуру никогаш нема да побара од некој да ја промени неговата религија. Тој ќе го подигне студентот да може да ги сфати универзалните духовни принципи кои ги надминуваат сите религии.
- Било кој духовен пат или религија некој следи, сите тие конечно водат до патот на Милоста на Гуруто.
Гуруто функционира со духовна сила на ниво на решителност. Со оваа духовна моќ дадена од Бога, тој подига еден студент кој заслужува, само со Неговата мисла дека студентот треба да напредува. Еден трагач/студент на Духовната наука, не може да достигне духовно ниво од 70%, освен ако тој ја има Милоста на Гуруто и е воден од страна на Гуру во човечка форма. Причината за ова е тоа што, во раните фази од нашиот духовен раст, можеме да напредуваме само со тоа што ќе ги следиме основните закони на духовна пракса. Сепак, до одредена фаза, духовното знаење станува толку фино, што некој може многу лесно да биде заведен од страна на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) преку нивното шесто сетило. На секој му треба високо развиен духовен водач во човечка форма, точно да го одреди патот за понатамошен духовен напредок кон Светоста.
- Дури и, откако некој ќе достигне ниво на Светец, тој треба да ја продолжи неговата духовна пракса за да обезбеди постојан проток на Милиста на Гуруто.
- Тој го подига студентот, да биде во можност да пристапи до знаењето од душата внатре. Ова е различно од некои луѓе со шесто сетило (ESP) кои, како медиуми, имаат пристап до знаењето од суптилни-тела (духови) во суптилната димензија. Кога некој делува само како медиум, тој неможе духовно да напредува.
- Врската помеѓу Гуруто и студентот е чиста и љубовта која Гуруто ја има за ученикот е без очекувања и е безусловна.
- Гуруто е неограничен (сезнаен) и затоа е во состојба да се грижи за трагачот, дури и кога тој не е со Него физички.
- Тешката судбина може да се надмине само со Милоста на Гуруто.
- Гуруто го води студентот во согласност според шесте закони на духовна пракса, како и според духовното ниво, а со тоа и капацитетот. Тој никогаш не го подучува трагачот подалеку од неговиот капацитет.
- Гуруто секогаш ќе подучува со позитивен став. На пример, Гуру може да советува некој да преземе духовна пракса било каква духовна пракса помеѓу следниве, во зависност од духовната зрелост на студентот, да “Пее благочестиви песни, да го пее Божјото Име, да му служи на Бога,” итн. Причината за ова е тоа што учењето да не се прават одредени работи е на психолошко ниво и не служи за било каква намена (цел), од гледна точка на правење духовен напредок. Гуруто се фокусира на духовната пракса на студентот. Со текот на времето, ова ќе му даде на студентот капацитет да ги отфрли оние работи кои се штетни за него.
- Иако од облаците врне дожд насекаде подеднакво, водата се акумулира само во долините, додека издигнатите планини остануваат суви. Слично Гуруата и Светците не дискриминираат. Дарувањето на нивната Милост, на сите е иста, но они со чиста намера да учат и растат духовно се како долините, способни да добијат и да ја задржат придобивката од нивната милост.
- Гуруто бидејќи е неграничен (сезнаен), интуитивно знае што е најдобро за ученикот да го продолжи неговиот духовен напредок. Тој го советува ученикот.
8. Како да препознаеме и да се здобиеме со духовно напреднат водич?
Тешко е за еден ученик на Духовната наука да ја пресуди способноста на Гуруто. Ова ќе биде како ученикот да го тестира учителот.
За да тестирате некој, треба да бидете од поголем калибар отколку таа личност. Ученикот неможе да биде таа личност што ќе го тестира Гуруто. Уште поважно, способноста на Гуруто е во суптилната или духовна димензија, односно надвор од разбирањето на петте сетила, умот и интелектот. Може да се расудува само преку високо активирано шесто сетило.
Ова го остава просечниот човек во дилема кого треба да следи.
Фондацијата за истражување заснована на духовната наука (SSRF), препорачува никој не треба да оди во потрага за Гуру. Во речиси сите случаи, никој нема да има духовна зрелост да биде во можност да спознае, како и кој да избере како духовен водач.
За да се зголеми капацитетот на распознавање на некој, тој треба да врши редовна духовна пракса во согласност со шесте основни принципи на духовна пракса. Ова ќе обезбеди духовен раст и развивање на сатвик интелектот. Сеопштиот природен не-манифестиран Гуру или Божји Принцип на учењето води постојана грижа за сите нас. Кога некој ќе достигне духовно ниво од околу 55%, Гуруто во човечки облик влегува во неговиот живот. (Просечното духовно ниво на луѓето денес е 20%). На духовно ниво од 55%, ученик на Духовната наука има духовна зрелост да осети дали Гуруто е вистински или не, само со помош на својот сатвик интелект.
8.1 Лажен или неовластен Гуру
80% од Гуруата во општеството денес се лажни или без духовен авторитет. Тоа значи дека тие се на духовно ниво многу под 70% и немаат пристап до Универзалниот Ум и Интелект. Во некои случаи, овие луѓе може да имаат висока способност да привлечат илјадници луѓе со некоја специфична духовна сила што ја имаат добиено.
На пример, едно лице на 50% духовно ниво, може да биде способно да исцелува болести од мала возраст преку духовна сила добиена од духовна пракса која лицето ја вршело во претходниот живот. Поголемиот дел од човештвото во денешната ера е на духовно ниво помеѓу 20-25% и е неспособно да ја спознае разликата дали лицето е Светец или не. Сепак тие генерално завршуваат следејќи ја личноста која може да ги исцели или да прави чуда.
За доброто на просечниот човек, наведовме некои точки кој е вистински Гуру, а кој не е. Овие се неколку точки кои ќе ви помогнат во изнаоѓањето на лажни духовни водачи, кои можат да бидат разберени од страна на интелектот и тестирани. Ова се некои случаи, каде овие лажни Гуруа се разоткрија самите себе со нивните дела.
1. Гуруата кои генерираат чувство на инфериорност во други и се обидуваат да ја покажат нивната големина:
Еден Светец прашува секој кој доаѓа кај него на поклонување како се вика и колку години има. Откакао тоа ќе се каже, тој вели, “И двата одговора се погрешни. Името и годините му припаѓаат на телото. Ти си душата. Таа нема ни име ниту години”. Потоа тој зборува за Духовноста и прашува, “ Дали обавуваш (вршиш) духовна пракса?” Кога ќе се случи да некој потврдно одговори, тој прашува “Каква духовна пракса” Ако некој одговори, “Онаа препорачана од мојот Гуру”, вели тој “Ти не беше во можност да одговориш на едноставни прашања за твоето име и возраст. Тогаш што те научил твојот Гуру? Само вистински Гуру може да одговори на овие прашања. Дојди кај мене. Јас ќе ти кажам.”
Некој треба да им каже на таквите лажни Гуруа, “Всушност вашите прашања беа бесмислени! Ти ме праша моето име и возраст само заради вашата свесност за телото (дехабуди), па и јас исто така, одговорив со свеста за телото.
Каков вид на Гуру е оној кој неможе на прв поглед да утврди дали некој има Гуру, и дали некој врши соодветна духовна пракса или не?
2. Оние кои имаат приврзаност за богатство и жени
3. Кога некој се прави важен
Некој Гуру не користи часовник, бидејќи тој не сака да биде обврзан со ограничувањата на времето и ременот на часовникот. Сепак, после секои петнаесет до дваесет минути тој ги прашува другите,“Колку е часот?”.
4. Желни за слава
Некои луѓе кои имаат искрена желба да бидат познати како Гуруа и се духовно развиени до некој степен, препорачуваат различни видови на духовна пракса на другите. Во повеќето случаи, тие самите не го прават она што го кажуваат. Како резултат на тоа, забележано е дека оние коишто ја преземале препорачаната духовна пракса напредуваат, но т.н. Гуруа стагнираат.
5. Поттикнуваат зависност во нивните студент
Некои Гуруа стравуваат дека ако тие го пренесат сето духовно знаење на нивните ученици, тие ќе немаат никакво значење потоа. Заради тоа, тие не им го пренесуваат сето знаење на нив.
9. Заклучок
Следниве се клучните точки од овој напис:
- Гуру е духовен водач над 70% духовно ниво.
- Не одете во потрага по Гуру, како и во сите веројатности не да бидете во можност да спознаете со сигурност дали лицето го барате е Гуру.
- Наместо тоа вршете духовна пракса и осигурете се дека таа е во согласност со шесте основни закони на духовна пракса. Ова ќе му помогне на секој духовно да напредува до одредено ниво на духовно зрелост за да не биде измамен од лажни Гуруа.
- Лице неможе да стане Светец, односно да достигне духовно ниво од 70% без Милоста на Гуруто.