Донација на органи – духовна перспектива

За подобро да го разберете овој напис, ви препорачуваме најпрво да се запознаете со нашите написи:

1. Донација на органи – вовед

Донирањето органи стана вообичаена пракса, и е нашироко охрабрена од модерната медицинска наука. Раните успеси во трансплантација на органи, особено оние во шеесеттите години па наваму, брзо го зголемија бројот на трансплантации ширум светот. Националните регистри на донатори денес содржат листа на луѓе кои се согласиле да ги дадат своите органи во случај на смрт. Многу земји дури имаат усвоено процедури по кои ваквата пракса станала правило, од кои луѓето мораат експлицитно да се откажат во случај ако тие не сакаат да донираат органи.

Основното размислување зад донацијата на органи е дека оние кои примаат органи можат да живеат подолго, и имаат поквалитетен живот. Бевме љубопитни да дознаеме кои се духовните последици од донацијата органи и за да научиме повеќе  во врска со тоа, ги проучивме духовните аспекти на оваа појава.

2. Духовни ефекти од донирањето органи

Секоја акција која ќе ја преземеме има потенцијал да створи одредена сметка на земање и давање. Акциите кои на другите им носат среќа, се заслуги, а за возврат тие на нас ни носат среќа, додека пак акциите кои на другите им носат несреќа, за возврат ни носат несреќа.

Па бидејќи донацијата на орган може да спаси нечиј живот, изгледа дека со тоа би требало да стекнеме заслуги. Меѓутоа, тоа не е секогаш така. Нашето духовно истражување покажа дека кога донираме орган, ствараме сметка на земање и давање и делиме дел од гревовите и заслугите кои лицето кое го прима органот ги стекнало преку своите акции. Ова значи дека доколку донираме орган на злосторник, тоа може да резултира ние да стекнеме гревови.

Ако сепак имаме желба да донираме било кој од нашите органи од алтруизам, важно е да сфатиме дека и самиот тој чин на стекнување заслуги може да не заплетка во циклусот на раѓање и умирање. Од гледна точка на духовниот раст, стекнувањето заслуги има ограничување. Ова подетално е објаснето во нашиот напис за заслуги и гревови.

Покрај тоа, во денешно време, 30% од општеството е опседнато од негативни енергии, па така постои веројатност да донираме орган на некој кој е опседнат. Во тој случај, можеме да осетиме некоја вознемиреност и самите да станеме подложни на тоа да бидеме опседнати од духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.). Од оваа перспектива, не е мудро да донираме органи. Во ова сценарио нашиот чин на добронамерност, всушност не придонесува за тоа светот да стане духовно подобро место.

3. Примање органи од починати лица

Често пати, органи се примаат од починати лица.

Разбирањето на она што ни се случува после смртта е клучно за да се разберат духовните последици на примањето органи од починати лица. Откако ќе умреме, врзаноста на суптилното тело за физичкото тело и разни поседувања не се намалува веднаш. Поради ова, суптилното тело може да лебди над физичкото тело и се што некогаш поседувало, вклучувајќи ги и донираните органи, за година или повеќе.

Кога суптилното тело ќе дојде близу до органите, две работи можат да се случат. Првата е дека суптилно тело може полесно да биде нападнато од негативни енергии, поради тоа што не се движи на својот пат после смртта. Другата е дека било која црна енергија која влијае на суптилното тело, може да биде пренесена на лицето кое го примило органот. Ова може да ја зголеми обвивката од црна енергија околу лицето, што може да доведе до физички, психолошки и духовни проблеми.

Покрај тоа, додека некој умира органите се полнат со негативни вибрации, бидејќи смртта на просечниот човек е првенствено исполнета со негативни вибрации. Примањето на овие негативно исполнети органи отвора пат да лицето ги упие тие вибрации од органите, и ова исто така ја зголемува црната обвивка околу нас.

4. Пример за тоа како е донесен погрешен закон за донација на органи

Министерството за здравство на Сингапур го донесе “Законот за трансплантација на човечки органи.”

“Законот за трансплантација на човечки органи” дозволува во случај на смрт од било која причина да бидат отстранети бубрезите, срцето, црниот дроб и рожниците за самата цел на трансплантирање. Од 1-ви ноември 2009 година, законот за трансплантација на човечки органи (The Human Organ Transplant Act – HOTA) ги опфаќа сите државјани и постојани жители на Сингапур од 21 година па нагоре, кои не се ментално растроени, освен ако тие самите одбиле.

Секој кој ќе избере да биде отстранет од листата на “HOTA” (т.е законот за трансплантација на човечки органи) се здобива со тоа што ќе биде третиран со понизок приоритет за добивање на орган, доколку во иднина се наоѓа на националната листа на чекање и има потреба од трансплантација на орган. Ова е специфично за органите кои лицето избрало да не му бидат отстранети.

Органите кои ги опфаќа или се под “HOTA” (т.е законот за трансплантација на човечки органи) се наменети за донација на заедничкиот фонд на пациентите кои се наоѓаат на листите на чекање за соодветниот орган. Поради ова неможе да се прецизира кој ќе бидат примателите на органи кои ги опфаќа “HOTA”, ниту пак ќе може посебно да се исклучат одредени луѓе од тоа да не примаат органи. Исто така, не е можно да се дадат информации поврзани со донаторот, на оние кои се приматели на органи.

“HOTA” (т.е законот за трансплантација на човечки органи) се однесува само на смртните случаеви во болниците кои исполнуваат одредени услови, а тие се:

Органите ќе бидат опфатени само ако се исполнети следниве услови:

  • Прво, донаторот мора да биде на возраст од над 21 година, да биде ментално здрав, и да не одбива учество во дела кои совеста на приговарачот не ги одобрува.
  • Второ, органите мора да бидат погодни за трансплантација.
  • Трето, треба да има соодветни примачи, кои ќе имаат придобивка од органите кои ги опфаќа “HOTA”.

Горенаведените детали се достапни во линкот подолу откако ќе отворите кај често поставените прашања поврзани со “HOTA”.

Според законот на праведноста, како и законот на кармата, погрешно е да се принудуваат луѓе да ги донираат своите органи на овој начин, па дури и да се казнуваат доколку тие избрале да бидат отстранети од таквата листа. Преку таквото однесување се прави грев. Оној кој ја донесува одлуката или оние кои го донеле законот за трансплантација на човечки органи се здобиле со, т.е. направиле грев од 50% (на скала од 0 до 100% грев – 100% грев е убиство на лице) бидејќи многу луѓе се погодени од таквата одлука.

Креаторите на таквите закони можат да научат како да одлучат за нови закони не само од физички и/или психолошки нивоа, туку, исто така и од духовна перспектива. Тогаш нивните одлуки ќе бидат точни и за доброто на сите луѓе, како и за нив самите. – Неговата Светост Др. Атавле.

За да може едно лице да донесува одлуки или да одлучува кога ја зема во предвид духовна димензија, треба да обавува духовна пракса според шесте основни принципи на духовноста.

5. Резиме – донација на органи

Како заклучок од горенаведеното, можеме да видиме дека несаканите духовни ефекти од донацијата органи ги надминуваат позитивните исходи. Генерално, најдобро за просечниот човек би било да избегнува донирање на органи. Во некои случаи, кога се работи за членови од потесното семејство, лицето може да има чувство на должност према членовите од потесното семејство и со тој став да донира органи. Инаку, во сите други случаи е најдобро да се избегнува оваа практика.

Духовната димензија влијае врз сите аспекти од нашите животи, вклучувајќи го и донацијата органи. Земајќи ја во предвид духовната димензија и нејзиното влијание е најдобриот начин да осигуриме дека ќе донесеме духовно исправни одлуки, и доживееме повеќе трајна среќа или Блаженство (Ананд).Обавувањето адекватна духовна пракса го буди нашето шесто сетило кое ни помага внатрешно да сфатиме што е духовно корисно, а што не е.