Содржина
1. Вовед
Родителите на Кедар, обавуваат духовна пракса според советите на Фондацијата за истражување засновано на духовната наука (SSRF), последните петнаесет години. Во продолжение следи сведоштвото за проблемите на Кедар во текот на детството, различните духовни мерки коишто се применети за да се отстранат проблемите и конечниот исход, којшто со нас го сподели неговата мајка Мангала Марате.
2. Потешкотии за време на бременоста
Проблемите на Кедар започнаа токму во времето на мојата бременост. Ми беше советуван строг одмор во кревет, бидејќи во текот на првите шест месеци од бременоста имав предвремени контракции. Во текот на осмиот месец од мојата бременост, Н.С. Др. Атавле го советуваше татко ми да го пее Името на Божеството Дата, за да ги отстрани попречувањата предизвикани од суптилните тела на преминатите предци коишто се манифестираа во проблемите со кои се соочував во текот на бременоста. Бидејќи оваа вистинска духовна причина за проблемот е многу сериозна, Тој го советуваше татко ми да пее 9 вртења мали (мали е вид на бројаница) од 108 зрна (т.е. 9 X 108 = 972 пати) секој ден за 6 месеци. Тоа беше духовен лек за надминување на духовната причина на проблемот. Татко ми се сложи и веднаш го примени советот.
(Исто така, ве молиме погледнете ја секцијата која се однесува на Проблеми со суптилните тела на преминатите предци)
3. Како новороденче
Кедар ќе се разбудеше напладне, а ќе заспиеше во шест часот наутро, секој ден се додека тој не наполни година и пол.
4. Како дете – физички потешкотии
4.1 Астматични напади
Кедар почна да добива напади на гушење после петнаесеттиот ден од неговото раѓање. Во текот на детството, тој често добиваше напади на гушење (астма). Неговите напади ќе се јавеа со секоја полесна настинка. Неговиот татко кој и самиот беше лекар, му даваше лекови коишто немаа никаков ефект. Меѓутоа, кога ќе го однесевме на педијатар, тој ќе препишеше сличен лек, лек кој беше ефикасен. Не можеа да го пронајдат предизвикувачкиот фактор или причината за астмата. Како момче, тој беше многу активен, но неговите астматични напади никогаш не беа предизвикани од физичката активност, иако според медицинската наука астматичните напади се познати по тоа дека се предизвикани од физичката активност. Бидејќи Кедар беше бебе, тој не можеше да обавува никаква духовна пракса, Н.С. Др. Атавле ни рече за негово добро да го пееме Името на Шри Ганеш (Хинду Божество), и да обавуваме обредно Богослужение на Шри Ганеш.
Бевме советувани да обавуваме обредно Богослужение на Божеството Шри Ганеш и да го пееме Неговото Име, за да се зголеми виталната енергија (Прана-шакти) на Кедар. Ниската витална енергија го прави човекот склон кон разни болести и ги намалува шансите за закрепнување.
Друг Светец, Н.С. Кане Махараѓ, исто така ни кажа да направиме обред за отстранување урок (друшта), со кокосов орев на секои две недели на денови кога е млада и полна месечина. Друшта е посебна духовна мерка со која се “отстранува урок” и се надминува негативниот ефект на духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)
После применувањето на овие духовни мерки, неговите астматични напади се намалија за 50%.
4.2 Немир
Кедар не можеше да остане мирен на едно место. Тој континуирано правеше некое движење со неговото тело. И во текот на ноќта додека тој спиеше беше немирен, се вртеше и превртуваше преку целиот кревет, особено кога јас ќе спиев покрај него.
4.3 Мокрење во кревет
Кедар често мокреше во креветот, се до неговата единаесетта година.
Во продолжение следи цртеж заснован на суптилното знаење на кој е прикажан духот кој го контролираше Кедар, онака како го видела и нацртала во 2003-та година, г-ѓа Анурада Вадекар, трагателка од SSRF одделението за восприемање на духовната димензија. Овој дух беше одговорен за повеќето проблеми со однесувањето коишто Кедар ги имаше.
4.4 Налети на неверојатна физичка сила
Во една прилика кога Кедар се разлути, тој скрши два кокосеви ореви (со цврста надворешна обвивка (лушпа)), така што ги мавна од ѕидот. Во тоа време, тој имаша само десет години. Истата година во еден друг инцидент, со мал стап превртел шест тешки столови од масата за јадење, така што само турнал една столица преку другата. Овие инциденти воопшто не беа во согласност со неговата природа.
4.5 Неправилна навика при исхрана
Понекогаш Кедар многу ќе огладнеше и ќе јадеше со многу голема брзина, а понекогаш доста долго време не сакаше ништо да јаде.
4.6 Потешкотии при будењето наутро
Кедар ќе спиеше седум до осум часа во текот на ноќта, но сепак не можеше да се разбуди наутро. Откако ќе се разбудеше, уште петнаесет минути мораше да седи во креветот.
За да се избори против ова,тој се молеше на Божицата на сонот (Нидра Деви) и Н.С. Др. Атавле, молејќи да може да се пробуди во утрото на време и да може да започне со дневните активности веднаш по будењето.
4.7 Абнормален капацитет да поднесе болка
Кедар прикажа натпросечен капацитет за поднесување болка, којашто воопшто не одговараше на дете. Тој често се повредуваше, но никогаш не плачеше. Кога имаше дванаесет години, на прстот имаше чир за кој беше потребна инцизија и дренажа. Чирот беше многу болен, но тој го поднесуваше без ниту да се намурти.
5. Како дете – психолошки потешкотии
5.1 Раздразливост
Бесот на Кедар се зголеми многу. Тој не можеше да ја контролира својата иритација, којашто го доведуваше до точка на пукање во вид на претходно наведените начини. Тој веднаш ќе се смиреше откако на него ќе дувневме или примениме Свет пепел. Додека се молеше, тој ќе сфатеше дека не се однесува добро и дека не можеше да го контролира налетот на бес. Немир и раздразливост секогаш ќе го мачеа два дена пред и после полна и млада месечина. Сега кога некој од членовите ќе му укаже на неговата раздразливост, тој веднаш почнува да се моли и да пее.
6. Како дете – потешкотии на духовно ниво
6.1 Всушност тој можеше да види духови (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.)
Кедар ќе видеше различни духови во различни ужасни форми. Тој ќе се разбудеше во текот на ноќта од длабок сон и можеше да ги види околу себе. Тој не сакаше да оди сам ниту во една соба, бидејќи во собата ќе осетеше присуство на некој кој го плашеше.
6.2 Кошмари
Кедар ќе имаше засташувачки кошмари многу пати.
6.3 Ефект на неговата духовна пракса
Кедар не можеше да стои додека пее Свети химни (Арати), бидејќи осеќаше слабост во нозете и мораше да седне (иако беше многу активен и силен за време на игрите и другите активности). Тој го пее Името на Бога, но не може да се сконцентрира на пеењето. Тој е немирен додека пее.
7. Резиме од духовна перспектива за детската астма и други нарушувања во рана возраст, како мокрење во кревет.
Во текот на целиот тој период и јас и мојот сопруг бевме многу смирени, бидејќи ја знаевме духовната вистинска причина на сите потешкотии со кои Кедар се соочуваше. Продолживме да ги применуваме препорачаните духовни мерки. Духовните мерки беа многу ефикасни, па оттука и Кедаровите потешкотии прогресивно се намалија.
Кедар кој сега има тринаесет години (моментот кога се составуваше овој напис), е во 8-мо одделение во училиште. Неговото патење поради сите горенаведени потешкотии и проблеми е намалено за 50%, благодарение на милоста на Н.С. Др. Атавле, откако тој почна да го пее името на нашето семејно Божество, да се моли и да обавува Богослужение на Шри Ганеш.
- Кедар имаше различни потешкотии коишто се прикажуваа како физичка болест тип астма и психолошки нарушувања како немир, раздразливост и кошмари, а кои ја имаа својата вистинска причина во духовната димензија.
- Бидејќи на неговите родители им беше добро позната духовната наука и имаа пристап до духовна дијагноза и духовни мерки, главната причина за неговата болест беше дијагностицирана порано и оваа дијагноза е поткрепена со цртеж заснован на знаењето за духовната димензија којшто го нацрта трагателка од SSRF одделението за знаење за духовната димензија, г-ѓа Анурада Вадекар.
- Различни духовни мерки коишто се наведени погоре беа препорачани од страна на Светците, коишто родителите ги применија порано, а потоа и Кедар.
- Дојде до прогресивно закрепнување од потешкотиите, иако освен духовни мерки не се применети било какви други мерки или терапии.