Да. Животните, растенијата и дрвјата можат да бидат опседнати од духовите, иако тоа ретко се случува.
Духовите опседнуваат животни со цел да ги искористат како средство (медиум) да им наштетат на луѓето. Опседнатоста е привремена, при која тие можат животните да ги натераат да направат бројни работи за да им наштетат на луѓето, како што се:
- Да ги напаѓаат луѓето, на пример, еден дух може да опседне веќе бесно куче, кое после тоа станува уште толку по-опасно, оди и го напаѓа лицето кое духот сака да го вознемирува.
- Го зголемуваат нивото на отпорност во микробите, инсектите, глодарите, итн., така да мораат да користат мерки како што се пестициди за да се ослободат од нив.
- Прават инсектите и животните многу брзо да се размножуваат за да им прават проблеми на луѓето. На пример, лебарки, стаорци, бубачки, комарци, итн.
Духовите најчесто ги опседнуваат оние животни и растенија кои всушност се човечки суштества кои што назадувале. Под поимот ’назадувале’ мислиме на оние луѓе кои се родиле како животни за да поминат низ некое страдање.
Помеѓу билките кои не се луѓе кои назадувале, духовите се населуваат во оние во кои преовладува или имаат висока Раѓа-Тама компонента, како кактусот. Една од суштинските причини зошто духовите ги опседнуваат дрвјата е да ги вознемируваат луѓето кои поминуваат под или се во близина на овие дрвја. Во случај на дрвја кои се уназадени луѓе, духовите исто така, можат да се населат и во овие дрвја.