Ако духовите (демони, ѓаволи, негативни енергии, итн.) вршат духовна пракса, тогаш зошто тие не стануваат добри?

If-Ghosts-doing-spiritual-practice-do-they-become-good

Постојат многу разлики помеѓу трагач и дух кој врши духовна пракса.

  • Различни намери: Примарната разлика е во намерата зад вршењето духовна пракса. Трагачите се со намера да ги разградат нивните пет сетила, умот и интелектот на патот кон Богоспознание. Со разградување на петте сетила, умот и интелектот, мислиме на идентификување со Душата или Богот во нас, во сите наши активности во животот. За дух е да добие духовна сила или енергија. За трагач, ова значи намалување на егото кое е во функција на петте сетила, умот и интелектот, а за духот тоа значи зголемување на егото.
  • Намалување наспроти зголемување на желбите: Вистински трагач се стреми да ги намали желбите, додека духовите ја користат нивната духовна енергија да ги задоволат своите желби со опседнување на луѓе итн.
  • Подигање наспроти нанесување штета на општеството: Вистински трагач работи за подобрување на општеството на духовно ниво во Универзална смисла на зборот, додека духовите собираат духовна енергија да му нанесат штета на општеството.

Суштината е дека вршењето духовна пракса и стекнувањето духовна моќ е слично на работењето во една компанија да заработите пари. Покрај тоа, она што лицето крајно има намера да направи со парите, во голема мера зависи од него. Целта за која некој ја користи духовната енергија дефинира дали откако ќе умреме ќе отидеме по патот на “трагачот” или “духот”.